мини|250п|Места на творба (пасивна и активна):1. Надеворешноуснена, 2. Внатрешноуснена, 3. Забна, 4. Венечна, 5. Задновенечна, 6. Претпреднонепчена, 7. Преднонепчена, 8. Заднонепчена, 9. Ресична, 10. Голтничка, 11. Гласилна, 12. Надгласилна, 13. Заднојазична, 14. Задносреднојазична, 15. Предносреднојазична, 16. Рамнојазична, 17. Врвнојазична, 18. Подјазична
Венечна согласка (алвеолар) — согласка која се создава со доближување на јазикот до или близу непчениот венец (лежиштата на горните заби). Овие согласки се изговараат со врвот на јазикот (наречени врвнојазични или „апикални“) или со рамниот дел на јазикот веднаш над врвот (наречени рамнојазични или „ламинални“). Врвнојазичната венечна творба честопати погрешно се нарекува забна бидејќи врвот на јазикот се доближува или ги допира забите. Меѓутоа, местото на творба се определува според најзадната допирна точка; тука завршува усната шуплина, и претставува нејзин звучен дел што им ја дава карактеристичната боја на согласките.
Меѓународната фонетска азбука (МФА) нема посебни симболи за венечните согласки. Истиот симбол се користи за сите преднојазични места на творба што не се палатализирани (омекнати) како во македонското преднонепчено-венечно ш или кај свиена согласка. За да се избегнат забуни, кај забна согласка може да се употреби „мост“ ( итн.) или долна црта ( итн.) за задновенечна согласка. Гласот се разликува од забното по тоа што едната е шушкава, а другата не е. се разликува од задновенечното (ш) по тоа што е неомекнато (непалатализирано).
Простите букви итн. не мора строго да означуваат венечни гласови кај сите јазици. Некои јазици не ја прават таа разлика, како кога две или повеќе преднојазични места се среќаваат алофонски, а во други транскрипцијата е преопшта за да различи забни од венечни согласки. Доколку се јави потреба од означување на согласка како венечна, може да се искористи дијакритичен знак од дополнителнението на МФА : итн. Сепак, самите симболи <s, t, n, l> честопати се нарекуваат „венечни“. Сите долунаведените примнери се венечни согласки.
Венечни согласки по МФА Во македонскиот, преднонепчени се гласовите н, т, д, с, з, ц, ѕ, л и р, како и гласот (темно л) во зборови како „лук“. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве преднонепчени согласки:
МФА Опис Пример Јазик Правопис МФА Значење Податотека:Xsampa-n.png венечна носна согласка македонски нос [nɔs] нос Податотека:Xsampa-t.png безвучна венечна избувна согласка македонски ти [ti] ти Податотека:Xsampa-d.png звучна венечна избувна согласка македонски дете [dɛtɛ] дете Податотека:Xsampa-s.png безвучна венечна струјна согласка македонски скока [skɔka] скока Податотека:Xsampa-z.png звучна венечна струјна согласка македонски зошто [ˈzɔʃtɔ] зошто Податотека:Xsampa-ts.png безвучна венечна слеана согласка македонски цвет [t͡svɛt] цвет Податотека:Xsampa-dz.png звучна венечна слеана согласка македонски ѕвезда [ˈd͡zvɛzda] ѕвезда Податотека:Xsampa-K2.png безвучна венечна странична струјна согласка велшки Llwyd [ɬʊɪd] името Лојд Податотека:Xsampa-Kslash.png звучна венечна странична струјна согласка зулу dlala [ˈɮálà] игра t͡ɬ безвучна венечна странична слеана согласка цески элIни [ˈʔe̞t͡ɬni] зима d͡ɮ звучна венечна странична слеана согласка увекјала Податотека:Xsampa-rslash2.png венечна приближна согласка англиски red [ɹʷɛd] црвен Податотека:Xsampa-l.png венечна странична приближна согласка македонски лево [lɛvɔ] лево Податотека:Xsampa-l eor5.png веларизирана венечна странична приближна согласка македонски лук [ɫuk] лук Податотека:Xsampa-4.png венечна едноударна согласка шпански pero [peɾo] но Податотека:Xsampa-lslash.png венечна странична едноударна согласка венда [vuɺa] отвора Податотека:Xsampa-r.png венечна трепетна согласка македонски старо [starɔ] старо Податотека:IPA alveolar ejective.png венечна исфрлена согласка грузиски ტიტა [tʼitʼa] лале Податотека:IPA alveolar ejective fricative.png венечна исфрлена струјна согласка амхарски [sʼɛɡa] милост Податотека:Alveolar lateral ejective fricative2.PNG венечна странична исфрлена струјна согласка адигејски плӀы [pɬ’ə] четири Податотека:Xsampa-d lessthan.png звучна венечна уфрлена согласка виетнамски đã [ɗɐː] показател за минато време Податотека:Xsampa-doublebarslash.png венечна странична чкрапава согласка нама î [kǁĩĩ] расправано
Отсуство на венечни согласки Венечните или забни согласки и (заедно со ) се најчести согласки во светските јазици.Ian Maddieson and Sandra Ferrari Disner, 1984, Patterns of Sounds. Cambridge University Press Меѓутоа, постојат мал број јазици што ги немаат. Неколку јаици на островот Бугенвил и околу Пижеовиот Проток како мачкиот немаат носни согласки, па така немат , но имаат . Но разговорниот самоански нема ни ни , иако има страничната венечна приближна согласка . (самоанските зборови што се пишуваат со буквите t и n всушност се изговараат како и , освен при формално говорење.) Во литературниот хавајски, претставува алофон на , но и се посебни.
Поврзано Задновенечна согласка Место на творба
Наводи
Категорија:Согласки