Дрен — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Пат низ селото
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на десната страна на реката Бошавица. Селото е ридско, на надморска височина од 270 метри, а од градот Неготино е оддалечено 27 километри. Од градот Демир Капија, селото е оддалечено 7 километри. До селото води асфалтен пат.
Дрен се наоѓа на ниска тераса во долината Раковец. Во самото се наоѓаат чешмите Ѓуровец, Марковец, Студена Глава, Змијарница, Коларница, Светелник и Стародренска Чешма.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Огради, Оризарски Гробишта, Оризарски Лозја, Почивало, Капиниште, Кокачеви Ниви, Вчек, Локвите, Брајови Ниви, Колниш, Кошково Гумно, Усов Гроб, Паруш-Брег, Калуѓер, Липова Падина, Илимов Рид, Големи Лаз, Голи Рид, Думково Бачило и Краставец.
Селото има збиен тип со издолжен облик, поделено на Горно и Долно Маало, а помеѓу нив се наоѓа сретселото.
Дрен се одликува со традиционална градителска архитектура.
Историја
Селото најпрвин се наоѓало на друго место наречено Стар Дрен, од каде мештаните се иселиле кон крајот на век поради арамии. По напуштањето на Стар Дрен едно време се криеле во „дупки“ кај Балија, а на почетокот на век се симнале во долината и го основале селото Дрен како чифлиг. На местото на некогашното село се наоѓаат остатоци на куќи, чешма, црква и гробишта. Во близина се наоѓа и месноста Калуѓер, каде се наоѓал порано манастир.
Селото било христијанско и од чифлички тип од неговото основање.
Стопанство
мини|300п|десно|Поранешна продавница во селото
Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.406,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 159,5 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 42 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото во селото работела продавница.
Селаните главно се занимавале со земјоделство и сточарство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дрен живееле 90 жители, сите Македонци христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дрен имало 120 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 104-105.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Селото е мало и во 1961 година броело 308 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 151 жител, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Дрен имало 94 жители, од кои 90 Македонци и 4 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, сите Македонци.
Родови
Дрен е христијанско македонско село.
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се: Староседелци: Струговци (1 к.) и Ризовци (1 к.). Доселеници: Кумовци (1 к.), доселени се од селото Копришница; Стамковци (1 к.), доселени се од селото Миравци во Гевгелиско; Тошовци (1 к.), доселени се од селото Стрмашево; Габровчани (1 к.), доселени се од селото Јанков Чифлик, а таму се доселиле од селото Габрово; Стојанчевци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Римишовци (1 к.), доселени се од селото Бохула, а таму од Арнаутлук; Башковци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Трајковци (1 к.), доселени се од селото Копришница; Лукаровци (2 к.), доселени се од селото Драчевица; Ѓорговци (1 к.), доселени се од селото Серменин во Гевгелиско; Пиперковци (2 к.), доселени се од селото Радња, таму се доселиле од селото Бохула, а во Бохула се дојдени од Арнаутлук; Клисурци-Поповци (1 к.), доселени се од селото Драчевица, а во Драчевица се доселиле од селото Клисура; Ризовци-Мантевци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан; Теговци (1 к.), доселени се од селото Стрмашево; Чакревци (3 к.), доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Брдаровци (1 к.), доселени се од селото Петрово во Гевгелиско. А таму се доселиле од селото Страгово и Велковци (1 к.), доселени се од селото Радња, а таму од селото Полчиште во Мариово.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поранешното основно училиште во селото
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во век, Дрен било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Дрен, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Копришница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.
Личности Личности родени во Дрен:
Солуна Ристова Јанушева (1880-1975) — учесник во НОВ на Македонија. Мајка на борците Благој и Форка Јанушеви.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта Браова Нива — населба од доцноантичкото време; Буеви Ниви — населба од неолитското време; Бука — некропола од римското време; Голем Змеовец — светилиште од римското време; Калуѓерска Чука — средновековна црква; Колнеш - рударската населба од доцноантичкото време; Лути Камен — топилница од доцноантичкото време; Оризари — населба и некропола од средниот век; и Црквиште — викус од доцноантичкото време.
Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; и Црква „Св. Илија“ — помала селска црква.
Споменици Споменик во чест на НОБ
Езера Дренско Езеро — вештачко езеро над селото
Реки Дренска Река — мала река што тече низ селото
Редовни настани
Слави Илинден — главна селска слава
Галерија
Наводи
Поврзано Бошавија Општина Демир Капија Демир Капија
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демиркаписки села Категорија:Села во Општина Демир Капија Категорија:Села со слава Илинден во Македонија