Себастијан "Себ" Бенгт Улф Ларсон (роден на 6 јуни 1985) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на АИК и на шведската фудбалска репрезентација.

Кариера По почетокот на неговата кариера во клубот од родниот град, ИФК Ескилстуна, Ларсон набрзо бил забележан од скаут на Арсенал, додека играл за својата репрезентација.

Тој направил три настапи за Арсенал, пред да премине во Бирмингем Сити, најпрво на заем во сезоната 2006-2007, а потоа направил и трајен трансфер во текот на летото на 2007 година. Ларсон поминал пет години во Бирмингем, доживеал промоција во, и испаѓање од, Премиер лигата во два наврати. На 1 јули 2011, тој му се приклучил на Сандерленд, откако неговиот договор со Бирмингем - кој одново претрпел испаѓање - истекол. Со црните мачки играл 6 сезони во кој запишал преку 200 натпревари, сè до нивното испаѓање од Премиер лигата во сезоната 2016-2017 како последнопласирани. Во сезоната 2017-2018, Ларсон играл во Чемпионшип за , а во јуни 2018 се вратил во својата Шведска, каде потпишал договор со екипата на АИК.

Ларсон е познат и по одличното изведување на слободните удари, за кое некои го нарекуваат специјалист. Токму по еден негов гол од слободен удар против Арсенал на 16 октомври 2011, Арсен Венгер изјавил за својот поранешен фудбалер дека е можеби најдобриот изведувач на слободни удари во првенството.Венгер ги фали квалитетите на Ларсон

Титули Бирмингем Сити Лига куп : 1 2010-2011

АИК Шведско првенство : 1 2018

Наводи

Надворешни врски Себастијан Ларсон на soccerway Себастијан Ларсон на Transfermarkt Себастијан Ларсон на Goal.com Себастијан Ларсон на espn Себастијан Ларсон на whosocered

Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Родени во 1985 година