Митрој Крсти — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба Селото е Митрој Крсти, се наоѓа расположено на надморска височина од 840 метри. Во околината на селото има многу месности кои се нарекуваат Крстови, а селото е на оддалеченост од 7 километри јужно од градот Гостивар и се наоѓа на стариот пат таканаречен Виа Игнатиа, за Кичево. Тргнувајќи од Гостивар следи Митрој Крсти, селата Долна и Горна Ѓоновица, па патот води кон планината Буковиќ и така за Кичево. Веднаш над селото се наоѓа врвот Краста, висок околу 990 метри од кој се гледа Тетово и целата околина, а одма под него е селото Лакавица. Во 1924 година е изграден и донесен до селото водовод со една чешма на сретселото и тоа од далечниот извор викан Бела Вода. Атарот на селото Митрој Крсти зафаќа површина од 4 км2.

Историја Прв досега познат податок запишан за селото е дека селото е запишано како Димитри Крст во Кичевска нахија во пописот од 1453 година и тогаш броело околу десет куќи. Со текот на времето во македонскиот говор од овој крај името Димитрија постепено преоѓа во Митре и така селото сега го има името Митрови Крсти.

Во историјата нема многу податоци за селото, но за време на Карпошовото востание, кога војската на австрискиот генерал Пиколомини дошла до непосредна близина на селото додека Турците биле протерани до месноста Бунец, по поразот што го претрпеле дел од војниците на Пиколомини некаде кај Призрен и по настаните во и околу Скопје, со повлекувањето на војската на ген. Пиколомини се отселиле и сите селани плашејќи се од одмазда на Турците и околу 1710/20 година турскиот султан со посебен ферман дозволил да се вратат сите лица во своите места и тогаш од тогашна Австроунгарија, денес од Војводина се вратиле во селото двајца браќа кои го продолжиле својот живот на меѓите на своите предци.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Селото Митрој Крсти отсекогаш било населено во целост со Македонци од православна христијанска вероисповед, за што потврдуваат и статистичките записи низ историјата, во кои тие се и различно заведувани во зависност од припадноста на запишувачите-статистичари или моменталните власти (бугарски, српски итн.)

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Митрој Крсти живееле 90 жители, сите Македонци, од него запишани како Бугари.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Митрој Крсти имало 200 патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 19 куќи и 118 жители, Бугари.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е наполно раселено по 1991 година, кога бил запишан само 1 жител, Македонец.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 8 Македонци и 1 Србин.

Родови

Митрој Крсти е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Староседелци: Ќибревци (4 к.), го знаат следното родословие: Филип (жив на 30 г. во 1947 година) Блаже-Ќибре-Исаил-Косте-Крсте-Ќибре; Сибиновци (1 к.); Билбиловци (2 к.); Лековци (1 к.); Ѓоргијовци (3 к.) и Јаќимовци (1 к.). Доселеници: Шукеровци (2 к.), доселени се однекаде. Некои за нив велат дека потекнуваат од предок Ром. Порано во овој род имало луѓе со темна боја на кожата; Пеповци (4 к.) доселени се од некое село во областа Порече. Го знаат следното родословие: Лазар (жив на 38 г. во 1947 година) Симјан-Даил-Пепо, основачот на родот кој се доселил; Сенковци (2 к.) доселени се од селото Тајмиште, Кичевско. Го знаат следното родословие: Темелко (жив на 60 г. во 1947 година) Ристе-Спире-Сенко, кој се доселил во селото; и Луковац (1 к.), потекнуваат од предок кој се населил во селото како домазет од Колашин, Црна Гора. Овде бил џандар.

Иселеништво Од селото Митрој Крсти има бројно иселеништво. Иселеници се забележани во Скопје од родот Јаќимовци (едно семејство), потоа во Србија од родовите: Сибиновци (едно семејство во Уб), Ќибревци (едно семејство во Ваљево), Ѓорѓијовци (две семејства во Белград), Јаќимовци (едно семејство во Ваљево), Пеповци (три семејства во Алексинац и едно семејство во Лесковац), Сенковци (две семејства во Белград) и во Бугарија од родовите: Шукеровци (шест семејства во Видин). Бројни иселеници живеат и во Гостивар.

Општествени установи

Самоуправа и политика Кон крајот на век, Митрој Крсти било село во Гостиварската Нахија на Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната помала Општина Долна Бањица.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Бањица, во која покрај селото Митрој Крсти, се наоѓале и селата Беловиште, Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Бањица, Долна Ѓоновица, Лакавица, Симница, Сретково, Сушица и Церово. Селото припаѓало на Општина Симница во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица, Митрој Крсти, Симница, Сретково и Трново.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 512 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 503 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква.

Редовни настани Слави

Митровден (8 ноември) — главна селска слава.

Личности

Култура и спорт

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Гостивар