Аметс Чурука Ансола (; р. во Ечебарија, Баскија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2006-2016.

Кариера

Тој не освоил некоја трка, но го направил неговото деби на Тур де Франс во 2007, каде учествувал (заедно со Пјерик Федриго) во бегство на етапата 12, во која бил достигнат на само 1 километар пред целтар. Со овој напор, тој го заработил црвениот број како најборбен возач за следниот ден. Исто така, индиректно имал корист, кога Михаел Расмусен бил дисквалификуван; Чурука бил трет во пласманот за млад возач, зад Алберто Контадор и Маурисио Солер. Бидејќи Контадор ја преземал жолтата маичка како водач во генералниот пласман по повлекување на Расмусен, а Солер ја носел точкестата маичка како водач во планинскиот пласман, Чурука ја облекол белата маичка, како водач во пласманот за млад возач.

Тој бил избран како најборбен возач на целиот Тур де Франс, станувајќи третиот шпански возач по ред (по Оскар Переиро и Давид де ла Фуенте) кој ја заработил таа награда.

Чурука бил отпуштен од на крајот на сезоната 2012, и се приклучил на за сезоната 2013. На Трката околу Баскија, Чурука ги освоил планинскиот и спринтерскиот пласман откако бил дел од долги бегства на првите три етапи. Во август 2015 година, објавиле дека потпишале едногодишен договор со Чурука за 2016 година.

Достигнувања

2006 5. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 8. Краен пласман Вуелта а Астурија 8. Џиро д’Оро 9. Краен пласман Еускал Бициклета 9. Краен пласман Класика а Алкобендас 2007 6. Краен пласман Вуелта а Ла Риоха Тур де Франс 20п Награда за борбеност етапа 12 Тур де Франс Краен пласман Награда за борбеност 2009 6. Краен пласман Вуелта а Ла Риоха 8. Краен пласман Вуелта а Астурија 10. Краен пласман Трка околу Луксембург 2011 7. Класика Примавера 8. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид Вуелта а Еспања 20п Награда за борбен возач на етапата 13 2012 6. Краен пласман Вуелта а Астурија 2013 1. Краен пласман Вуелта а Астурија 1. Етапа 1 Трка околу Баскија 1. 20п Планински пласман 1. 20п Спринтерски пласман 1. 20п Планински пласман Вуелта а Бургос 5. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид 9. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 2014 1. Краен пласман Тур ду Геводан 9. Класика Примавера Трка на Фјордовите 1. 20п Планински пласман 20п Награда за борбеност на етапата 4 на Вуелта а Еспања 2015 1. Етапа 4 Трка околу Норвешка 2. Краен пласман Вуелта а Астурија 4. Краен пласман Тур де Бос 1. Етапа 2 4. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид 5. Краен пласман Трка на Фјордовите 1. 20п Планински пласман 5. Џиро дел’Апенино 10. Гран при Сиклист ла Марсејез 10. Сиркуито де Гечо 20п Награда за борбеност на етапа 7 Вуелта а Еспања

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Баскиски велосипедисти Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Тур де Франс