Стеван Јоветиќ (роден на 2 ноември 1989 година) — црногорски фудбалер кој моментално настапува во шпанската Ла Лига за екипата на Севиља, како позејмен играч од Интер. Стеван игра како втор напаѓач, а неговите импресивни дриблинзи, добра контрола, коса и техничките квалитети ги наведе критичарите да го споредуваат со Роберо Баџо.
Клупска кариера
Партизан
На 8 април 2006 година, на возраст од 16 години10 things you need to know about Fiorentina hotshot Stevan Jovetic , Стеван го направи своето деби за сениорскиот тим на Партизан, под водство на тренерот Јирген Рубер, за време на лигашкиот натпревар против ВождовацBelgrade faces the naked truth .
Јоветиќ постигна три гола за време на квалификацискиот натпревар во УЕФА-купот против Зрињски, на 2 август 2007 година, во победата на Партизан од 5-0, постигнувајќи го првиот хет-трик во својата кариера на само 17 години. Во текот на октомври 2007 година, Стеван беше поврзуван со неколку јаки клубови како што се Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Стеван стана капитен на тимот на Партизан на возраст од 18 години во јануари 2008 година, откако поранешниот капитен Антонио Рукавина беше продаден на германскиот Бундеслигаш, Борусија Дортмунд. Со ова Стеван стана најмладиот капитен на Партизан воопшто, надминувајќи ја клупската легенда Алберт Наџ, кој стана капитен на возраст од 19 години.
Фјорентина
На 10 мај 2008 година, клубот од Серија А, Фјорентина, потпиша со Стеван за наводна сума од 8 милиони евра. Стеван го постигна својот прв гол за “Виолетовите” во лигашкиот натпревар против Аталанта од пенал на 5 април 2009 година.
Јоветиќ ја започна сезоната 2009-10 со гол против Спортинг во реванш натпреварот во ремито 1-1 на стадионот Артемио Франки, со што и овозможи на Фјорентинада влезе во групната фаза во Лиигата на шампионите. Други одлучувачки голови беа против Палермо, Сампдорија и Ливорно. На 29 септември 2009 година, Стеван постигна два гола во победата од 2-0 против Ливерпул во групната фаза од Лигата на шампионите. На 9 март 2010 година, Јоветиќ постигна два гола во победата на Фјорентина од 3-2 над Баерн Минхен, но сепак тие го загубија двомечот на гостински голови, а исто така Стеван постигна уште еднаш против Наполи на 13 март. Стеван постигна гол во победата од 4-1 против Удинезе на 28 март. За време на подготовките за почетокот на сезоната 2010-11, Стеван претрпе повреда на лигаментите на неговото десно колено, што, на крајот го оддалечи цела сезона. Јоветиќ се врати во форма во сезоната 2011-2012, постигнувајќи двапати во победата од 3-0 против Парма, негови први голови во повеќе од една година. На 15 октомври 2011 година, Јоветиќ потпиша договор што ќе го задржи во Фиренца до 2016 година.
Меѓународна кариера
Јоветиќ беше еден од основачите на црногорската репрезентација, кој го одиграа својот прв натпревар против Унгарија во март 2007 година, и исто така, беше стандарден во репрезентацијата на Црна Гора до 21 година.
Приватен живот
Навивачите на Фјорентина му дадоа прекар на Јоветиќ, “Јо-Јо”. Поради неговата фризура, Јоветиќ често беше споредуван со познатиот гитарист на групата Квин, Брајан Меј од страна на дневниот печат и навивачите на Фјорентина, повеќето од луѓето го гледаа Јоветиќ како “следниот Баџо”. Негови идоли се напаѓачот на Јувентус и негов колега од репрезентацијата на Црна Гора, Мирко Вучиниќ, од кого ја зема капитенската лента на возраст од 17 години во репрезентацијата на Црна Гора до 21 година, и Андреј Шевченко, кого Јоветиќ го имитираше како дете. Додека играше за Партизан, негов прекар беше Пужо поради неговата сличност со Карлес Пујол.
Статистика
Клупска статистика
КлубСезонаПрвенствоКупЕвропаВкупноНастапиГолаНастапиГолаНастапиГолаНастапиГолаПартизан2005–06200000202006–0722143002642007–08271243243319Вкупно511386246123Фјорентина2008–0929210503422009–10296206537112010–11000000002011–12271420002714Вкупно85225011510127Вкупно во кариерата1363513613916250
Меѓународни голови
Стеван Јоветиќ-голови за Црна Гора # Датум Стадион Противник Постигнал Резултат Натпреварување 1. 20 август 2008 Стадион Ференс Пушкаш, Будимпешта <center>1–1 <center>3–3 Пријателска 2. 20 август 2008 Стадион Ференс Пушкаш, Будимпешта <center>3–2 <center>3–3 Пријателска 3. 6 септември 2008 Градски стадион Подгорица, Подгорица <center>2–1 <center>2–2 Квалификации за ФИФА Светско Првенство 2010 4. 19 ноември 2008 Градски стадион Подгорица, Подгорица <center>2–0 <center>2–1 Пријателска 5. 12 август 2009 Градски стадион Подгорица, Подгорица <center> 1–0 <center>2–1 Пријателска 6. 5 септември 2009 Национален стадион Васил Левски, Софија <center>1–0 <center>1–4 Квалификации за ФИФА Светско Првенство 2010 7. 2 септември 2011 Градски стадион Кардиф, Кардиф <center>1–2 <center>1–2 Квалификации за УЕФА Еуро 2012 8. 29 февруари 2012 Градски стадион Подгорица, Подгорица <center>1–0 <center>2–1 Пријателска 9. 29 февруари 2012 Градски стадион Подгорица, Подгорица <center>2–1 <center>2–1 Пријателска
Надворешни врски
Stevan Jovetić profile on violachannel.tv
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Црногорски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Херта Берлин Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Родени во 1989 година