Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Богородица.
Местоположба
Црквата е сместена на самото сретсело.
Историја
Црквата првично била подигната во XIX век, но се наоѓала на друго место. Денешната црква е изградена во 1911 година од страна мијачкиот неимар Андон Китанов, а иконостасот бил изработен во 1935 година од неидентификуван зограф од Галичник.„Цркви во Стојачката парохија“. Повардарска епархија.
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични. Во средината на средишниот кораб е насликана фреска со претстава на Исус Христос Седржител.
Кон јужниот ѕид на црквата е доградена припрата, на источниот ѕид има полукружна апсида со прозорец во средишниот дел.
Во дворот на црквата е сместена камбанаријата. Таа има шестаголна основа и се издига во непосредна близина на оградата од дворот и источниот ѕид на црквата. Таа содржи по една монофора на секоја страна во висина на ѕвоното во нејзиниот горен дел, како и уште една на источната страна во висина на скалата која води до ѕвоното. Освен камбанаријата, во дворот на црквата има и чешма којашто е изработена од камен.
Икони и иконостас
Иконостасот во црквата го исполнуваат четири реда икони, насликани во 1935 година од непознат зограф. Во црквата има и стари икони од XIX век, изработени од страна на непознати зографи.
Галерија
Поврзано Богородица Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Стојаковска парохија
Наводи
Надворешни врски
Богородица Категорија:Дела на Дебарската школа