Миокази — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.
Етимологија
Се претпоставува дека селото го добило името по некој „миљоказ“, бидејќи се наоѓа на стариот римски пат Дебар-Кичево-Прилеп.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Традиционални куќи во селото
Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод. Селото е ридско, на надморска височина од 606 метри. Од градот Кичево е оддалечено 12 километри и лежи во подножјето на планината Челоица.
Селото е мало, кое се протега на пониско земјиште на запад и на повисоко на исток. Околни села се: Ижиште, Лисичани, Челопеци и други.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Кале, Градиште, Мало Градиште, Гола Мара, Рид, Крс, Кутел, Огради, Рамниште, Сливче, Колибишта, Старец, Колча Краста, Цамбулец и Осојница.
Селото има збиен тип. Не е поделено на маала, бидејќи е мало и едноставно. Сепак, роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга. Одредени краеви на селото носат имиња по родовите, како Митановци, Ивановци, Итромановци и други.
Историја
Во Миокази и околу него постојат старини и карактеристични топоними, поради што се претпоставува дека селото било населено одамна. Источно од селото се наоѓа возвишувањето Кале (1.022 м.), на чиј врв се наоѓаат остатоци од кружни ѕидини. Се претпоставува дека таму се наоѓала тврдина, која го надгледувала патот Кичево-Прилеп. Јужно од селото се наоѓа возвишувањето Градиште (642 м.), каде се наоѓаат остатоци од ѕидови, кои се во подобра состојба од оние на Кале. Во 1960 година, при ископ на канал за наводнување, во подножјето на Градиште била пронајдена гробница. Гробницата била со ѕидови од сите четири страни, а внатре имало ќупови. Помеѓу овие две возвишувања се наоѓа долината на Рабетинска Река, каде се наоѓаат бројни ниви, во кои се наоѓале многубројни остатоци од цигли.
Сепак, денешното село е поново, потекнува од почетокот на . Најпрвин било чифлик на Садик-паша, а подоцна тој го поклонил на Кичевскиот манастир. Манастирот покрај земјиште, поседувал и стопански објекти во селото, како и една куќа, која по 1947 година станала селско училиште.
Во век, Миокази било село во Кичевската Каза на Отоманското Царство.
Во селото до 1930 година, покрај македонското население, живееле и две торбешки семејства, Куртишовци и Меметовци.
Стопанство
мини|300п|десно|Сокак низ селото мини|300п|десно|Улица во селото
Атарот е мал и зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 201 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 185 хектари, а на пасиштата 110 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Бидејќи селото било поклонето на Кичевскиот манастир, земјиштето околу него било манастирско. До 1912 година своја земја поседувале и неколку кичевски аги. Потоа, селаните ја откупиле земјата од кичевските аги, додека манастирското земјиште останало до 1947 година, која при аграрната реформа била поделена на мештаните на Миокази и Орланци.
Население
Според податоците од 1873 година, селото Миокази имало 13 домаќинства со 50 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 200 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Миокази имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Миокази се води како чисто македонско село во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 20 куќи.
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Миокази:Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписменимажиженивкупномажиженивкупно3235150156879147
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 177 жители, а во 1994 година 49 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Миокази живееле 36 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 18 Македонци и 1 лице без податоци.
Родови
Во селото Миокази живеат Македонци, христијани. Во селото нема староседелски родови. Првото населување било во почетокот на XIX век.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Богевци (4 к.), најстар род во селото, местото на потекло не го знаат, според Тома Смиљаниќ доселени се од селото Светораче; Митановци (8 к.), доселени се од селото Железнец, го знаат следното родословие: Ванѓел (жив на 75 г. во 1961 година) Блаже-Марко-Митан, основачот на родот кој се доселил; Ивановци (8 к.), доселени се од селото Атишта; Итромановци (6 к.), доселени се од некое село во Охридско; Поречковци (4 к.), доселени се од селото Сушица; Ќосевци (4 к.), доселени се од селото Сливово во Дебрца; Пупачовци (1 к.), доселени се од селото Требино и Кочевци (1 к.), доселени се од некое село во Железник.
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ Богевци (4 к.), доселени се од селото Светораче; Митровци (1 к.), доселени се од селото Требино во Порече; Тромановци (5 к.), доселени се од Охридско; Белојаковци (3 к.), доселени се од селото Атишта; Митановци (5 к.), доселени се од Железник; Матлевци (1 к.), доселени се од селото Орланци; Поречковци (4 к.), доселени се од селото Сушица во Порече; Дамчевци (1 к.), доселени се од Охридско; Пупачевци (1 к.), од Охридско избегале во Битолско, а од таму во Требино во Порече и на крај во селото Миокази; Петревци (3 к.), доселени се од Охридско и Мановци (1 к.), доселени се од селото Орланци.
Општествени установи
Поранешно основно училиште Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Миокази, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0808 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век; Дирек — населба од римско време; Зад Чука — населба од римско време; Кале — населба од рисмко време; Крст — некропола од римско време; и Топлец — доцноантичка населба.
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква
Личности
Родени во или по потекло од Миокази Цветан Кузманоски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Иванчо Стефаноски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Живко Новески (р. 1947) — поет и раскажувач
Наводи
Поврзано Кичевско Поле Општина Кичево Кичево
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево