thumb|250px|Логото на Сојузот на Југословени Сојузот на Југословени (на српскохрватски: Savez Jugoslavena) е организација која се залага за признавање на југословенската нација во сите држави настанати на просторот на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија: Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија.Југословените да се признаат како посебна нација Телеграф. 23.03.2010
Основана е на 21 Март 2010. година во Загреб, Република Хрватска, на иницијатива на членовите на координативното тело на Здружението „Наша Југославија“. Претседателот на Сојузот на Југословени е Фредерик Года.U Banja Luci se okupili Jugoslaveni (на српскохрватски) Bljesak.info S.S.; 01.05.2012
Цели и ставови
Целта на организацијата е да спроведува активности со коишто ќе се овозможи националноста Југословен да се внесе во листата официјално признати нации во сите земји на југословенскиот простор и обединување на сите етнички Југословени без оглед на нивното верско, политичко, полно или било кое друго определување.U Zagrebu osnovan Savez Jugoslavena: Imamo pravo na očuvanje baštine Jugoslavije (на српскохрватски) Index.hr. L.J.; 23.03.2010
Активностите и целите на Сојузот се насочени кон негувањето на културата и јазикот/јазиците на Југословените, нивните обичаи и традиции, презентации на културното наследство, развивање на пријателски односи со сите останати народи, едукација и воспитување на младите, јакнење на врските со Југословените кои живеат по светот, заземање за меѓусебно разбирање, толеранција и почитување на основните човекови права на слобода, јавно изразување и определување.Saopštenje za javnost Udruženja "Naša Jugoslavija" - Biram da budem Jugosloven! (на српскохрватски) E-novine. 24.03.2010
Сојузот на Југословени ги насочува своите дејности во правец на отворање на јавна расправа за правата на Југословените и нивнита активна улога во изградба на демократско општество.
Ставот на Сојузот е дека Југословените имаат право на зачувување на културниот идентитет, историското, уметничкото, јазичното и книжевното наследство, како и право на здружување, јавно изјаснување, определување по повод попис на населението или пак организирање во разни друштвени организации како и сите останати националности.U Zagrebu osnovan Savez Jugoslavena (на српскохрватски) Jutarnji list. Portal Jutarnji.hr; 23.03.2010
Сојузот на Југословени смета дека е неопходно активно и непосредно да се работи на надминување на националните поделби, приближување на раскараните југословенски народи и на создавање пријателски односи. Според мислење на Сојузот, говорот на националистичка омраза мора да биде заменет од страна на јазикот на љубовта и помирување, а притоа посебно внимание да се посвети на отворената размена на мислења во врска со причините за неодамнешните војни.
Сојузот на Југословени надвор од југословенскиот простор
Сојузот на Југословени е исто така активен во држави надвор од југословенскиот простор.
На 23. Октомври 2011. година во градот Улм, на иницијатива на членовите на Здружението „Наша Југославија“ од Сојузна Република Германија, се одржа основачко собрание на Сојузот на Југословени на Германија.Savez Jugoslavena sada i u Njemačkoj (на српскохрватски) Bljesak.info Z.S.; 25.10.2011
По основањето на Сојузот на Југословени на 21 март 2010. година во Загреб, како и на Клубот на Југословени кратко време потоа во Сплит, Сојузот на Југословени на Германија е третата по ред организација која своите дејности конкретно ги насочува кон прибирање Југословени и спроведување активности со цел остварување на нивното право на националност.
Наводи
*