Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) — врховно законодавно и извршно тело на Демократска Федерална Македонија во периодот од август 1944 година до април 1945 година, кога, согласно новите прилики, е реконституирано и преименувано во Народно собрание на Македонија.

Формирањето и дејноста на Иницијативниот одбор Одлуката за формирање на посебно тело што ќе има задача свикување на АСНОМ е донесена на Преспанското советување одржано во август 1943 година. Активностите за негово формирање течат до првата половина на ноември 1943, кога е формиран Иницијативниот одбор (ИО) од страна на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Во негов состав влегуваат: Методија Андонов - Ченто (претседател), Страхил Гигов (секретар), Цветко Узуновски, Венко Марковски и Михаило Апостолски.

Во својата работа ИО тесно соработува со Главниот штаб на НОВ и ПОМ, кој постапно ги префрла политичките ингеренции на ИО. Неговата основна задача била да ги изврши нужните организациско-политички подготовки, за да се избере и конституира највисокото претставничко и извршно тело на народната власт во Македонија.

Освен најважната задача, Иницијативниот одбор извршувал и други функции, како: политичко раководење, јакнење и поврзување на околиските и окружните народноослободителни одбори; одржувал комуникација и кореспонденција со Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија и со останатите учесници во антифашистичката борба; испраќал писма и прогласи до македонското население и до емиграцијата, во кои ги запознавал со неговите активности и со текот на подготовките за одржување на антифашистичкото собрание итн. Според функциите што ги извршувал и одлуките што ги носел, до одржувањето на АСНОМ, ИО се легитимирал како највисок привремен орган на народна власт во Македонија.

Кога се зборува за подготовките и одржувањето на АСНОМ, потребно е да се спомене и значењето на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија (АВНОЈ), одржано во градот Јајце во БиХ (29-30.11.1943 год.), чии одлуки имале големо значење во создавање на политичка и правна основа за свикувањето на АСНОМ.

На 14 март 1944 година ИО заедно со Главниот штаб го објавува одговорот на приговарачите на Манифестот на Главниот штаб од октомври 1943 година.Одговор на ГШ на НОВ и ПОМ на приговорот од АНОКМ, 14 март 1944 г. Покрај тоа, ИО на 14 март 1944 година испраќа и писмо до сите народно-ослободителни одбори за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.Писмо до сите народно-ослободителни одбори за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ, 14 март 1944 г.мини|Членови на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на ЦК на КПМ, на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и други борци, 1944 година.На состанокот на ИО одржан на 30 април во кумановското село Стајовце, меѓу другото, е одлучено ИО да се прошири со нови членови. Во проширениот состав на ИО влегуваат и членови од групата приговарачи на Манифестот на Главниот штаб. По проширувањето неговиот состав брои 22 члена:Записник од првото заседание на проширениот Иницијативен одбор, 30 април 1944 г. Методија Андонов - Ченто (претседател), Емануел Чучков и Бане Андреев (потпретседатели), Киро Миљовски и Киро Глигоров (секретари), Михаило Апостолски, Цветко Узуновски, Кирил Петрушев, Епоминонда поп Андонов, Страхил Гигов, Никола Минчев, Петре Пирузе, Мара Нацева, Благој Хаџи Панзов, Владимир Полежиновски, Ристо Бајалски, Борко Темелковски, Тодор Циповски, Панко Брашнаров, Тодор Ѕвездин, Генадие Лешков и Милан Стефанов.

На почетокот од мај 1944 година Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

Во периодот јуни-јули ИО ги интензивира своите активности во подготовка на Првото заседание на АСНОМ. При тоа го подготвува текот на заседанието, го изготвува политичкиот реферат „Борба против окупаторот“, рефератот „Народно-демократската власт во Македонија – нејната саштина, организација и задачи“, како и извештајот за дотогашната работа на ИО.

Со успешното одржување на Првото заседание на АСНОМ, Иницијативниот одбор престанува со работа, а неговите членови главно преминуваат во состав на Президиумот на АСНОМ.

Прво заседание на АСНОМ

лево|мини|Дел од делегатите на Првото заседание на АСНОМ. мини|десно| Формулари на легитимации за членовите на АСНОМ

По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ, се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за „Прохор Пчински“ на месни конференции од по 5 - 6 лица.

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започна со изведување на песната „Изгреј зора на слободата“. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија.

Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:

Решенија донесени на Првото заседание на АСНОМ мини|десно|Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на Федерална Македонија (2 август 1944) На Првото заседание на АСНОМ се донесени неколку важни решенија: Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, формирана е Комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и друга комисија задолжена за изработување на законски проекти. Избрани се и 40 претставници на македонскиот народ во АВНОЈ и во неговиот Президиум. За претставници во Президиумот на АВНОЈ се избрани: Димитар Влахов, Методија Андонов - Ченто, Михаило Апостолски, Лазар Колишевски, Бане Андреев, Венко Марковски и Мара Нацева.

Од заседанието до македонскиот народ е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, како и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој фактички претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков, а за секретари: Љупчо Арсов и Владимир Полежиновски.

По завршување на заседанието Во конаците на „Св. Прохор Пчински“ Президиумот на АСНОМ престојуваше до 10 септември, потоа го напушти манастирот. Движејќи се на југ кај селото Довезенце ја минува Крива Река. На 14 септември попладне, Президиумот на АСНОМ, заедно со 11. Македонска бригада влегува во ослободено Свети Николе. Во градот се задржува три дена. На 16 септември беше одржан митинг. На митингот говори одржаа Методија Андонов Ченто, генерал Михајло Апостолски и Бане Андреев.

По тридневен престој во градот Президиумот на АСНОМ, заедно со 11. Македонска бригада (без еден баталјон) вечерта на 17 ноември ја минува реката Вардар кај селото Новачани, северно од Велес и на 18 септември, преку селото Баљица, се упатува за Горно Врановци. Во селото Горно Врановци, каде беше седиштето на военото и политичкото раководство на НОБ на Македонија, Президиумот на АСНОМ беше и на 13 ноември, кога беше ослободено Скопје, главниот град на Федерална Република Македонија.

На 17 ноември 1944 година Президиумот на АСНОМ, срдечно пречекан од многубројните ослободољубиви граѓани на Скопје, свечено пристигна во ослободено Скопје и ја продолжува својата државотворна работа.

Второ заседание на АСНОМ мини|десно|Состав на новата влада по второто заседание на АСНОМ мини|десно|Претставникот од Бугарија, Добри Терпешев говори на Второто заседание на АСНОМ во Скопје мини|десно|Споменик на АСНОМ во Скопје

По ослободувањето на Македонија од 28 до 30 декември 1944 година во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, или поточно, Првото вонредно заседание на АСНОМ. Покрај делегатите на заседанието присуствуваат и: потпретседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар Вукмановиќ – Темпо, претседателот на Отечествениот фронт на Бугарија Добри Терпешев и претставници на советската и англо-американската воена мисија.

Трето заседание на АСНОМ Трето заседание на АСНОМ (односно, Второто вонредно собрание) се одржува од 14 до 16 април 1945 година. На ова заседание се извршени измени во надлежностите на Президиумот на АСНОМ, кому му се одземени извршните функции. Тие и се предадени на Владата на НР Македонија, која е избрана на 16 април, на чело со Лазар Колишевски. Во склоп на Собранието се формирани неколку одбори, а согласно новите прилики, АСНОМ продолжува да работи како Народно Собрание на Македонија.

Галерија Документи на АСНОМ

Научни трудови посветени на АСНОМ

Спомен обележја

Поврзано

Список на делегати на Првото заседание на АСНОМ Демократска Федерална Македонија Народна Република Македонија

Наводи

Надворешни врски Список на народните претставници од Македонија избрани за првото заседание на АСНОМ АСНОМ прогласено за врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело Наташа Бунтеска „Документите на АСНОM фасцинираат со својата демократичност“ „Борбата со југословенските народи ја создаде македонската држава“ Интервју со Киро Глигоров: „АСНОМ го определи нашето државно и национално битие“ Интервју со Димче Беловски: „АСНОМ е највисок историски дострел на македонскиот народ“ Решение за основање на весник на АСНОМ на Викиизвор. Решение за забранување трговија со окупираната територија на Викиизвор. „АСНОМ“, Македонски документи

Категорија:АСНОМ Категорија:Југославија во Втората светска војна Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонија во НОБ Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија