Иван Перишиќ (роден на 2 февруари 1989 во Сплит) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на и на хрватската репрезентација.
Кариера Рани години На возраст од само 17 години, Перишиќ заработил голема количина на интерес од голем број на клубови, вклучувајќи ги екипите на Андерлехт, ПСВ, Ајакс, Трабзонспор и Хамбургер, пред тој на крајот да потпише за францускиот клуб Сошо. Тој се пресели во Франција од екипата на Хајдук Сплит во која дошол на единаесет-годишна возраст во 2000 година. Во Сплит тој бил наречен од страна на некои новинари "новиот Асановиќ" - по познатиот хрватски играч од средниот ред кој исто така играше во Франција. Од 2007 до јануари 2009 година, Перишиќ настапуваше за резервниот тим на Сошо, но не добил можност за деби во првиот тим.
Руселаре Во 2009 година Перишиќ бил испратен на позајмица во белгискиот прволигаш Руселаре, со цел да собере играчко искуство. Тој одиграл половина сезона во која бил многу успешен постигувајќи 5 гола на 18 лигашки настапи.
Клуб Брухе По успешната полусезона во Белгија тој им оставил многу силен впечаток на челниците на еден од водечките клубови во лигата, Клуб Брухе. На 26 август 2009 официјално го комплетира својот трансфер од Сошо за сума од 250.000 € и потпишувајќи три годишен договор со Брухе.
Своето деби за новиот тим го имал на 13 септември 2009 против екипата на Генк, во натпревар што завршил нерешено 1-1, а токму тој го постигнал израмнувачкиот погодок за својот тим во 45-тата минута. Сезоната ја завршил со 9 постигнати гола во 33 првенствени настапи.
Во следната сезоната Перишиќ го покажал сиот свој талент постигнувајќи 22 првенствени гола за Брухе, вклучувајќи ги и четирите против Шарлероа во победата со 5-0. Перишиќ воедно бил најдобар стрелец во Белгиската Јупилер лига за сезоната 2010-2011, а исто така бил избран и за играч на сезоната во Белгија. Сепак, слабото четврто место на Брухе во првенството не ги задоволува апетитите на Перишиќ и тој решил да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Борусија Дортмунд
На 23 мај 2011 Перишиќ потпишал петгодишен договор со тогашниот шампион на Германија, екипата на Борусија Дортмунд за сума од 5.5 милиони €.
Своето деби за популарните милионери Перишиќ го имал во победата на домашен терен над Хамбургер со 3-1, кога се појавил како замена на местото на Крис Леве. Својот дебитантски погодок за Дортмунд го постигнал во Лигата на шампионите, прекрасен волеј-удар од 17-тина метри со кој го израмнил резултатот на 1-1 против Арсенал, што на крајот се испостави и како конечен резултат. Десетина дена подоцна тој го постигнал својот првенец и во Бундеслигата, одново да го израмни резултатот на 1-1, овојпат против екипата на Мајнц во нивната победа во гости со 2-1. Тој одново се впишал меѓу стрелците во гостински натпревар кај Вердер во Бремен на 14 октомври, што Дортмунд го добил со 2-0. Во истиот натпревар тој бил исклучен од игра поради добивање на втор жолт картон на почетокот од второто полувреме (47 минута). Неговата серија на голови продолжи во вториот месец од новата 2012 година кога постигнал погодок во Купот на Германија. На 26 февруари постигнал гол во последните моменти од натпреварот за ја завери победата на својот тим над Хановер од 3-1. За првпат по доаѓањето во Германија тој врзал голови во два натпревари едно-подруго кон крајот на март, кога ги затресол мрежите на Келн и на Штутгарт на 25 и на 30 март. По завршувањето на сезоната (2011-12), Борусија ги освоила титулите во Бундеслигата и Купот на Германија, па така и Перишиќ дошол до својте први тимски титули во кариерата.
Во новата сезона, Перишиќ постигнал два гола во поразот со 3-2 од Хамбургер на 22 септември 2012. Сепак, наскоро можностите за играње во почетниот тим на Перишиќ станале ограничени, а откако одиграл мал број на натпревари како стартер, тој изјавил за хрватскиот канал Нова ТВ дека не добил поддршка од Јирген Клоп и го обвинил својот тренер за фаворизирање на други играчи. Како одговор на тоа, Клоп ги критикувал неговите детски постапки и изјавил дека Перишиќ ќе се соочи со парична казна, поради неговиот коментар.
Волфсбург
На 6 јануари 2013 година, бил објавен трансферот на Перишиќ во Волфсбург за 8.000.000 €. Перишиќ го постигнал својот прв гол за Волфсбург во пријателски натпревар против Стандард Лиеж на 10 јануари. Тој го направил своето деби во официјален натпревар за Волфсбург против Штутгарт на 19 јануари 2013. Во март, Перишиќ заработил повреда на левото коленото која го натерала да ги пропушти сите натпревари во текот на март и април. Перишиќ се вратил во акција на почетокот на мај за натпреварот против Хамбургер, влегувајќи како замена и асистирал за израмнувачкиот гол на Макото Хасебе во 65-тата минута. На 11 мај 2013 година, тој се соочил со неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд и постигнал два гола на домашен терен во ремито 3-3.
На 3 август 2013 година, тој го постигна својот прв гол во Купот на Германија за Волфсбург во нивната победа со 3-1 над Карлсруе.Http://www.sofascore.com/karlsruher-sc-vfl-wolfsburg/zabsdbb На 26 октомври 2013 година, Перишиќ ја отворил својата сметка на првенствени голови за сезоната (2013-14), откако го постигнал третиот и последен гол во победата над Вердер Бремен со 3-0, а исто така и му асистирал на сонародникот Ивица Олиќ при постигнувањето на вториот гол во истиот натпревар.http://www.whoscored.com/Matches/723826/Live/Germany-Bundesliga-2013-2014-Wolfsburg-Werder-Bremen Тој постигнал два гола во победата со 4-1 над Нирнберг.http://www.whoscored.com/Matches/724028/Live/Germany-Bundesliga-2013-2014-Wolfsburg-Nurnberg Перишиќ ја завршил добрата сезона како втор стрелец на клубот со 10 постигнати гола 4 помалку од Олиќ. Тоа се одразило и на клубот кој завршил на 5. место во Бундеслигата, со еден бод помалку од Баер Леверкузен кој обезбедил место во квалификациите за Лигата на шампионите.
Титули Борусија Дортмунд Бундеслига : 1 2011–2012 Куп на Германија : 1 2011-2012
Волфсбург Куп на Германија : 1 2014-2015 Суперкуп на Германија : 1 2015
Бајерн Минхен Бундеслига : 1 2019-2020 Куп на Германија : 1 2019-2020 Лига на Шампиони : 1 2019-2020
Интер Серија А : 1 2020-2021 Куп на Италија : 1 2021-2022 Суперкуп на Италија : 1 2021
Наводи
Надворешни врски Иван Перишиќ на soccerway Иван Перишиќ на transfermakt Иван Перишиќ на whoscored Иван Перишиќ на espn Иван Перишиќ на Goal.com
Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026