Никица Јелавиќ (роден на 27 август 1985 во Чапљина) — хрватски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Кариера Јелавиќ ја започнал својата професионална кариера во екипата на Хајдук Сплит во 2002 година, пред да замине во белгискиот Зулте Варегем. Една година подоцна тој потпишал за австрискиот Рапид Виена. Во сезоната 2008-2009, тој постигнал 18 гола и играл многу добро, соработувајќи во нападот со Ервин Хофер и Штефан Мејерхофер тројцата заедно постигнале дури 76 од 89 голови на клубот. Сепак, и покрај големиот број на постигнати голови Рапид го завршил првенството на второто место со 4 бода помалку од шампионот Ред Бул Салцбург.

Во летото 2010 година, Јелавиќ се преселил во шкотскиот Ренџерс, со кој успеал да ја освои Премиер лигата на Шкотска и Лига купот на Шкотска, пред да направи трансфер во Евертон во англиската Премиер лига. Со клубот од Ливерпул, Јелавиќ потпишал на 31 јануари 2012, во последниот ден од зимскиот трансферен прозорец. Своето деби за карамелите го имал на 4 февруари 2012, влегувајќи од клупата за резерви на местото на аргентинецот Денис Страквалурси во 60-тата минута од натпреварот против Виган Атлетик, кој завршил без победник 1-1. Својот прв гол за Евертон во кариерата го постигнал на 10 март, во победата над Тотенхем на Гудисон Парк со 1-0. На 24 март 2012, тој го постигнал својот втор погодок на гостувањето кај Свонзи Сити по што уследила серија од шест натпревари на кои Јелавиќ постигнал 8 голови во сите натпреварувања. Иако дошол на пола сезона, тој бил најдобар стрелец на клубот со 9 голови во 13 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Титули Ренџерс Премиер лига : 1 2010-2011 Лига куп на Шкотска : 1 2011

Надворешни врски Никица Јелавиќ на soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Рапид Виена Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Родени во 1985 година