Франциско Франко Баамонде (; — ) — шпански диктатор и водач на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна, авторитарен водач на Шпанија од октомври 1936 година, па сè до неговата смрт во ноември 1975 година. Тој дошол на власт преку десничарската Шпанска фаланга, меѓутоа тоа било од пропагандни причини, тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како водач на Шпанија, Франко ги користел титулите каудиљо и генералисимус, но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата.
Франко потекнувал од семејство со воена традиција, првично имал намера да се вклучи во шпанската морнарица, меѓутоа се вклучил во шпанските копнени сили. Учествувал во Втората мароканска војна и станал најмладиот генерал во Европа во 1926 година . По враќањето во Шпанија го предводел задушувањето анархистичкиот штрајк во 1934 година, бранејќи ја конзервативната влада на Алкала-Самора. По формирањето на влада на Народниот фронт, составена од разни левичарски фракции, се зголемила нестабилноста. Насилството помеѓу милитантните групи нагло се зголемило со атентатот врз парламентарниот водач на конзервативците Хосе Калво Сотело, кој бил извршен како чин на одмазда за убиството на Жозе Кастиљо Beevor, Anthony. The Spanish Civil War. London: Penguin, 1982. p 49.. Франко и неговите приврзаници ја искористиле смртта на Калво како изговор за започнување на војна, иако тие веќе имале инициран план за воен бунт Beevor, Anthony. The Spanish Civil War. London: Penguin, 1982. p 51..
Франко и војската учествувале во државниот удар против владата на Народниот фронт. Меѓутоа државниот удар не успеал и прераснал во Шпанската граѓанска војна, во текот на која Франко успеал да се наметне како водач на националистите против владата на Народниот фронт. По победата во граѓанска војна, во која победил со помош на Фашистичка Италија и Третиот Рајх, тој го распуштил шпанскиот парламент и воспоставил десничарски авторитарен режим и бил де факто регент на номинално возобновеното Кралство Шпанија.
Во текот на Втората светска војна, Франко водел официјално политиката на неутралност, делумно поради тоа што Шпанија не била закрепната од граѓанска војна. Сепак, тој го поддржал формирањето на шпанската волонтерска т.н. Сива дивизија која се борела на Источниот фронт како дел од силите на Оската против Советскиот Сојуз. Режимот на Франко бил мразен од кубанскиот водач Батиста кој предложил заедничка акција помеѓу латинските држави и Соединетите Американски Држави за соборување на Франко во Шпанија "Batista's Boost" , Time, , 1943. Retrieved , 2010..
По војната, Франко успеал да ја задржи и зацврсти својата власт во Шпанија преку спроведување на строги мерки: систематско потиснување на дисидентските и опозициските ставови преку цензура и принуда Sinova, J. La censura de prensa durante el franquismo/ The Media Censorship During Franco Regime. Random House Mondadori. ISBN 84-8346-134-X.Lázaro, A. James Joyce's encounters with Spanish censorship, 1939–1966. Joyce Studies Annual, 1 Jan 2001., затворање на идеолошките противници во логори низ цела Шпанија Rodrigo, J. Cautivos: Campos de concentración en la España franquista, 1936–1947, Editorial Crítica., спроведувањето на принудна работа во затворите Gastón Aguas, J. M. & Mendiola Gonzalo, F. (eds.) "Los trabajos forzados en la dictadura franquista: Bortxazko lanak diktadura frankistan.", и употребата на смртната казна и тешките затворски казни како методи за заплашување на неговите идеолошки непријатели Duva, J. Octavio Alberola, jefe de los libertarios ajusticiados en 1963, regresa a España para defender su inocencia Diario El País, 9 November 1998. За време на Студената војна, САД воспоставиле дипломатски и трговски сојуз со Шпанија, поради силната анти-комунистичката политика на Франко.
Во почетокот на 60-те години, Франковиот режим почнал со спроведување на реформи во економијата. Со што започнало економското т.н. „шпанско чудо“ кое траело до 1973 година. Овој економски развој се оценува како најпозитивно наследство на Франковиот режимот. Во овој период, Шпанија во голема мера го надминала приходот по жител што ги разликува развиените од неразвиените земји и поттикнал развојот на доминантната средна класа. Чудото било поттикнато од економските реформи спроведени од т.н. технократи поставени од Франко, кој започнале крупни јавни инвестиции за развој на инфраструктурата, по препорака на Меѓународниот монетарен фонд. Технократите биле нова сорта на економисти кои ги замениле старите од фалангистичкото движење кои биле склони кон изолационизам.
По неговата смрт, Шпанија започнала транзиција кон демократијата. Денес, симболите од Франковиот режим како што се националниот грб или знамето со царски орел, се забранети со закон во Шпанија Spiegel Online International "Landmark Law Condemns Dictatorship." 11 January 2007 .
Потекло мини|лево|150п|Семеен грб на семејството Франко до 1940 годинаVidal y de Barnola, Luis Alfonso. Ortegal genealogy.мини|десно|340п|Ферол Франциско Франко е роден во 12 часот и 30 минути на 4 декември 1892 година во Ферол, во стариот дел на градот. На 17 декември бил крстен во црквата Св. Франсис под името Франциско Паулино Ерменегилдо Теодуло:
Франциско по неговиот дедо од таткова страна. Паулино од неговиот кум, Ерменегилдо според неговата баба од мајчина страна. Теодуло според светецот на чиј ден е роден.
Неговиот татко Николас Франко Салгадо потекнувал од Андалусија, меѓутоа семејството се преселило во Галисија. Семејната гранка од татковата страна имале долга традиција на служење во шпанската морнарица. Во текот на два века, шест генерации непрекинато биле назначувани за поморски офицери сè до таткото на Франко (22 ноември 1855 - 22 февруари 1942).
Негова мајка била Марија дел Пилар Баамонде Пардо де Андараде (1865 - 28 февруари 1934 година), а неговите родители се венчале во 1890 година. Младиот Франко го поминал своето детство со своите двајца браќа и две сестри:
Никола (Ферол, 1891-1977, подоцна поморски офицер и дипломат, кој бил оженет со Марија Изабел Паскуал дел Побил Равело) Рамон (кој бил шпански пионер во воздухопловството и имал различни политички ставови од Франко) Марија дел Пилар (Ферол, 1894 - Мадрид, 1989, подоцна сопруга на Алонсо Јараиз Херез) Марија де ла Паз (Ферол, 1899 - Ферол, 1900)
Воена кариера Втора мароканска војна мини|лево|150п|Милан Астрајмини|десно|200п|Амблемот на шпанските домородни редовни сили т.н. регулареси Франко сакал да ги продолжи семејните традици со приклучување во шпанската морнарица, но запишувањата во поморската академија биле затворени во периодот помеѓу 1906 и 1913 година. Франко решил да се приклучи во шпанската копнена војска, со што била прекината долгата традиција на неговото семејство. Во 1907 година тој се запишал на пешадиската академија во Толедо, каде што дипломирал во 1910 година. Бил именуван за наредник. Две години подоцна ја добил комисијата за Мароко. Обидот на Франко за физичка окупација на новиот африкански протекторат довел до Втората мароканска војна (1909 - 1927 година) со месното населени. Тогашната воена тактика придонела за голем број на порази на шпанските офицери, но дале можност за лесно напредување во воената кариера. Се зборувало дека офицерите можат завршат во гроб или како генерали (la caja o la faja)
Франко набргу стекнал репутација на способен офицер. Се придружил на т.н. регулареси, колонијални шпански сили, составени од месното население, под команда на шпански офицери кој делувале слично како СА во Германија. Во 1916 година, Франко имал 23 години и веќе бил капетан, но бил ранет во Ел Биутз. Неговото преживување придонело да си ја зацврсти репутација меѓу шпанските трупи како човек кој има голема среќа (baraka). Неуспешно бил предложен за највисоката шпанска награда за храброст, престижната Cruz Laureada de San Fernando, наместо тоа бил унапреден во мајор со што станал најмладиот заповедник на пешадијата во историјата на Шпанија.
Во периодот помеѓу 1917 и 1920 година бил стациониран во внатрешноста на Шпанија. Во 1920 година харизматичниот Милан Астрај ја формирал Шпанската легија, а Франко бил именуван за негов заменик и се вратил во Африка. На 24 јули 1921 година слабо предводената и уморна шпанска војска претрпела пораз кај Ануал. Легијата симболично ја спасила шпанската енклава кај Мелил и тоа под раководство на Франко. Во 1923 година Франко бил поставен за водач на Шпанската легија. Истата година се оженил со Кармен Поло со која имал една ќерка Марија Дел Кармен која е родена во 1926 година Carmen Franco y Polo, 1. grofica Franco na thePeerage.com.. Кум на неговата венчавка бил шпанскиот крал Алфонсо XIII, а овој факт подоцна му дал репутацијата на монархистички водач.
Бил унапреден во полковник и како таков во 1925 година го предводел истоварувањето на шпанската војска кај Ал Хоцеим, центар на мароканските бунтовнички сили. Истоварувањето и француската инвазија од југ претставувале целосен пад на Рифската Република. За овој успех, во 1926 година Франко бил унапреден во генерал, а во 1928 година бил поставен за заповедник на новооснованата академија во Сарагоса.
За време на Втората Шпанска Република мини|лево|150п|Франко во Африкамини|десно|200п|Амблемот на Шпанската легија Франко и по падот на шпанската монархија во 1931 година, се држел до својот аполитизам (меѓутоа според некои извори, тој ја поддржувал десницата и нејзиниот водач Ривера, или во најмала рака имал слични погледи со нив за иднината на Шпанија). Во јуни воената академија била затворена од страна на шпанскиот воен министер Мануел Азане и тоа било повод за првиот негов судир со републиканците. Франко одржал говор пред кадетите, кој од страна на самиот министер бил оценет како навредувачки Discurso de Franco a los cadetes de la academia militar de Zaragoza (španjolski). Следните шест месеци Франко останал без служба и бил надгледуван.
На 25 февруари 1932 година, Франко бил поставен за командант на гарнизонот во градот А Коруња. Тој не учествувал во обидот за државен удар предводен од Хосе Санџурџо, дури и испратил писмо до Санџурџо во кое негодувал за таквото движење. Под влијание на воените реформи, во јануари 1933 година Франко бил поставен на 24 место на пописот на бригадирите. Истата година ја добил командата над Балеарските Острови, положба која била повисока од воениот чин.
Во октомври 1933 година се одржале избори на кој победиле десничарите. На 5 јануари 1934 година избувнало револуционерно движење кое било насочено против десничарската влада. Центарот на востанието било во Астурија, а од таму за кратко време се проширило низ Шпанија. Франко, кој тогаш веќе бил генерал и наследник на воениот министер Хилдалго, бил поставен за командант на операцијата која имала за цел да го задуши востанието. Африканските единици, предводени од генералот Едуардо Лопес Очоа, требале да го извршат главниот удар. По две неделни тешки борби востанието било задушено.
Востанието, сите случувања околу него, како и причините кои довеле до граѓанската војна до ден денес се тема на полемика (пример: Енрикез Марадиелос и Пиа Мое Revolución de 1934 (španjolski)Sobre la imparcialidad del historiador y otras cuestiones de teoría de la Historia (španjolski)Polémicas en El Catoblepas (španjolski)), меѓутоа има општа согласност дека Астуријанското востание го засилил антагонизмот помеѓу Франко и Енрикез Марадиелос. Франко ја мобилизирал војската против востанието и се залагал за одбрана на Републиката и воопшто на постојниот поредок во државата и општеството. На 15 февруари, Франко бил поставен за заповедник на африканските единици, а на 19 мај 1935 година бил поставен за врховен командант на генералштабот, највисока воена положба во Шпанија.
Општи избори од 1936 година мини|лево|150п|Емилио Мола