Надикдик (маршалски: |ŅadikdikMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) или Нокс (Knox) е ненаселен корален атол составен од 18 мали островчиња во Тихиот Океан. Атолот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови. Вкупната копнена површина на атолот е 0.98 километар квадратен, лагуната има 3.42 км2. Атолот е дол 11 км, а широк 2 км. Атолот е одделен со канал од атолот Мили.

Историја Атолот во 1884 година бил под германска контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна бил под американска контрола. По независноста на Маршалските Острови во 1986 година, атолот станал дел од новата држава.

Наводи

Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ратачки Острови

Надворешни врски Маршалски Острови Надикдик на Oceandots

Категорија:Ратачки Острови