Ова е статија за македонски револуционер. За истоимениот новинар видете тука

Васил Настев Мицковски — македонски револуционер, крушевски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Васил Мицковски е роден на 18 јануари 1886 година во Крушево, тогаш во Отоманското Царство. Се приклучил кон ВМОРО и во Илинденското востание бил четата на Питу Гули. По задушувањето на востанието се легализира и станува член на градската терористичка група. Од 1906 година до Младотурската револуција од 1908 година е крушевски реонски војвода. По Првата балканска војна српската власт го држела година дена во затвор, потоа насилно бил мобилизиран во српската армија. Дезертирал и организирал чета, со која се бори со Србите до 1915 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 108.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Починати во Софија Категорија:Починати во 1930 година Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски анархисти