Челопек — село во Општина Брвеница, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Потекло и значење на името

Името на село Челопек етимолошки означува „место каде што сонцето секогаш го удира твоето чело“ заради тоа што селото е секогаш изложено на сонце.

Географија и местоположба

лево|мини|300п|Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во источниот дел на територијата на Општина Брвеница. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 500 до 600 метри. Од градот Тетово, селото е оддалечено 17 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2233.

Селото е големо и се наоѓа северно од Милетино, а во подножјето на планината Сува Гора. Над селото на исток се издигнува возвишението Ќуќуљ, додека на запад се наоѓа земјиште со благ наклон, кое потоа се спушта кон реката Вардар. Во минатото, мештаните водата за пиење ја добивале од бунари и од чешми во селото. Чешмите се викале Наскоа, Школска, Ељезоа, Долно Маалска, Конакоа, Љоканоска, Циљоа, Џамиска и Три Чешми. Над селото избивал изворот Глава.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горна Пржина, Коња Бара, Крушојца, Липјане, Леска, Граденица, Под Краста, Прок, Средно Поле, Камен, Карамајнца, Бобиште, Лаг, Крушоечки Ливада, Падине, Бразде, Поско Ливаде, Мртвика, Калдрма, Стари Брод, Коњоец, Чешмица, Голо Брдо, Попоа Шапка, Света, Демов Забел, Плоча, Дуракои Дупки, Орлов Камен, Лакароец, Црквица и Ораше.

Селото има збиен тип со амфитеатрален изгледа. Куќите се свртени на запад. Според истражувањето на Јован Трифуноски во 1947 година, селото е поделено на 13 маала: Горно, Долно, Средно, Торба, Наско, Дурак, Биринци, Изеир, Чакр, Циле, Гале, Ѓураб и Љок Маало. Првите три маала имаат православно население, додека во останатите маала живее муслиманско население.

Историја

десно|мини|300п|Средновековната црква „Св. Никола“ во селото е заштитен споменик на културата на Македонија десно|мини|300п|Остатоците од некогашниот мотел „Бриони“, кој бил разнесен со динамит на 26 август 2001 година, заедно со чуварите Светослав Трпковски и Боге Илиевски

Во познатите пишани извори, Челопек се наведува за време на владеењето на царот Стефан Душан помеѓу 1337-1346 година, кога бил издаден хрисовул на тетовскиот манастир и биле наведени месности на планината Сува Гора. Друг пишан траг за Челопек се наоѓа во два турски документи од век (едниот 1461 г., а вториот 1470 г.). Во нив се наведуваат лозја на брдо западно од селото и еден Турчин Идриз, син на Абдула, од Челопек.

Селото се споменува и во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 121 христијанско семејство, 17 неженети христијани и 9 вдовици христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.332

За селото може да се каже дека е старо, бидејќи има остатоци од утврдена населба, стари храмови и зачувани староседелски македонски родови. Над Челопек на исток се издигнува возвишението Ќуќуљ, каде се наоѓа Кале или Градиште, што е населба и некропола од доцноантичкото време. Таму се наоѓала утврдената населба Горен Челопек, а под него се наоѓала голема населба за живеење наречена Долен Челопек.

По народната традиција, во утврдениот дел на Челопек (или Горен Челопек, денес Кале или Градиште) некогаш живеел војводата Јорго со дружината. Еднаш Јорго фрлил камен на местото денес викано Скачкоец. Во таа прилика, селото го напаѓале Турците со Амзи-паша. Изненаден, Јорго избегал по една долина во соседното милетинско утврдување, од каде се борел против Турците. Денес, во Челопек постои месност Јоргов Дол, по кој Јорго избегал. Постои и место Амзинец, од каде Амзи-паша дошол до селото. Кај постарите селани се пренесувало дека Војдодата припаѓал на род кој живеел во Челопек и дека нивни роднини има иселено во Романија. На утврдувањето кај Челопек сега се познаваат остатоци од ѕидови со камен.

За староста на Челопек занимливи се и храмовите. Во средишниот дел се наоѓа црквата „Св. Никола“ (потекнува од XIV век), која била срушена за време на Турците. По ослободувањето на Грција, кога во селото се вратил Алил-ага (од родот Циле) со жена Гркинка, црквата повторно била изградена. За градењето на црквата своја заслуга имала Гркинката, која барала од агата да се обнови овој храм. На јужниот дел од селото се наоѓа втората црква посветена на Богородица. Таа била подигната во 1937 година на место на стара градба. Околу оваа црква се наоѓаат и денешните селски гробишта.

Жителите Албанци (Арнаути) се доселуваат во селото од Гургурница и од Седларево уште во отоманскиот период по налог на пашата за контрола на христијанското македонско население кое живеело таму.

Алил-ага од родот Циле во првата половина на век важел за многу силен муслиман во ова село. Тој изградил конак со камени ѕидови и убава чешма. Тој конак бил зачуван добро и во 1940-тите. За агата постои и пишан траг во кој се гледа дека доста му помагал на скипскиот Амзи-паша.

Во кодиката на Бигорскиот манастир (препис од 1863 г.) се споменуваат некои жители на Челопек како приложници.

Во средината на век, селото имало 75 куќи, од кои 30 биле христијански, а останатите муслимански. Во овој период се појавила и епидемија на чума, поради што селаните привремено избегале од селото и живееле во колиби на месностите Лазој и Мечкини Дупки.

Кон крајот на век, селото имало 82 православни и 160 муслимански куќи. Селото растело со природен прираст и доселувања. Во понов период турското население кое живеело сè уште таму се албанизирало.

Во конфликтот во 2001 година, албанските терористи го разнеле мотелот „Бриони“ во сопственост на Македонец и ги убиваат двајцата Македонци чувари на местото со поставување динамит врз нив.

Во селото се наоѓа споменик на НОБ, како и спомен-плочи на загинатите мештани Албанци.

Стопанство

десно|мини|300п|Индустриски погон „Пекон“

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 27,7 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 1.315 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 1.105 хектари, а на пасиштата 176 хектари.

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во селото работела земјоделска задруга. Во него работат услужни објекти.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Челопек живееле 1.520 жители, од кои 1.000 Албанци и 520 Македонци.Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 155.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци и 1.450 Албанци.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Челопек имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 122-123.

Според рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото било дел од Милетинската општина и имало 309 куќи и 1.589 жители, Македонци и Албанци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.

Селото е мошне големо, коешто во 1961 година имало 3.196 жители, од кои 2.224 биле Албанци, 816 Македонци и 28 жители Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 4.876 жители, од кои 4.336 биле Албанци, а 532 жители Македонци.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Челопек, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.

Според пописот од 2002 година, селото имало 5.287 жители, од кои 463 Македонци, 4.803 Албанци, 2 Турци, 1 Србин и 18 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.459 жители, од кои 395 Македонци, 3.898 Албанци, 5 Бошњаци, 4 останати и 157 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Челопек:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Вкупно1948———————2.73319538272.05741—4—2.89319618162.324281—27—3.19619716703.061352—33—3.80119816294.06183—30—4.73119915142802—6—55019945324.33602—6—4.87620024634.80321—18—5.28720213953.89800541574.459 * Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Челопек е мешано село, населено со православно и муслиманско население.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се: