Христо (Ицо) Џорлев — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Животопис Христо Џорлев е роден во градот Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Влегол во ВМОРО и извршува терористички наредби на Централниот комитет.
Во мај 1898 година по наредба на Дамјан Груев, Ицо Џорлев заедно со Андон Ќосето, со помош на Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов, го убиваат во Гевгелија пред очите на кајмакамот, Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на патријаршиската партија. По убиството, од Солун преку организациски канал е испратен за Бугарија. Од таму по кратко време заминува во четата на Крсто Б'лгаријата. Загинува во борба со турските аскер во Тиквешко Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 355.„Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр. 121-122..
Негови потомци се Наско и Зоран Џорлеви .
Извори
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Починати во Тиквешко