мини|десно|250п|Обичајот „невестинско поклонение“ на Св. Теодор Тирон во Конопница, Кривопаланечко со пригодни извезени натписи
Свети Теодор Тирон - христијански светец и маченик од 4 век.
Животопис Во периодот кога Теодор стапил во војска, во полкот мармаритски, во понтискиот град Амасија, почнало најжестокото гонење на христијаните од царевите Максимијан и Максимин Даја. Во тие прогони, бидејќи не сакал да се откаже од верувањето во Исус Христос и да им принесе жртва на паганските богови, св. Теодор Тирон бил изведен на суд и фрлен во самица, заклучена и запечатена. Во самицата на св. Теодор му се јавил Самиот Господ Христос и го охрабрил Својот маченик, говорејќи му: “Не плаши се, Теодоре, Јас сум со тебе, не земај повеќе земна храна и питие, оти ќе бидеш во другиот свет, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата”. Тогаш се јавиле мноштво ангели во самицата и целата самица се осветлила преблескаво. Стражарите на самицата ги виделе ангелите, во бело облечени, и многу се уплашиле. Потоа св. Теодор бил изведен, тормозен и осуден на смрт, но тој не се уплашил од смртта, туку пеел црковни песни. Св. Tеодор Тирон бил запален на клада, на 17 февруари 306 година.„Охридски пролог“ стр. 67..
Православната црква неговиот ден го чествува на 17 февруари. Исто така, во негова чест, првата сабота од велигденските пости, т.е. првата сабота по Прочка се нарекува Тодорова сабота.„Кое момче вечер ќе го сонат девојчињата за тоа ќе се омажат“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 32.
Наводи
Поврзано Список на храмови посветени на Свети Теодор Тирон во Македонија
Категорија:Христијански маченици од 4 век Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Родени во непозната година Категорија:Воени светци Категорија:Великомаченици Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Починати во 306 година