мини|Икона на сите светци. Светец или светител (ж. светица, светителка) — поим во христијанството што опишува човек, кого смета за пример за исклучителна верска доблест и светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор άγιος (се чита: агиос) што значи „свети“ или „светец“, а во Новиот завет овој збор се користи за да се опишат следбениците на Исус од Назарет. Со развојот на христијанството, значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како вдахновение за другите христијани.

Светците во средновековната латинска книжевност Во средновековната црковна книжевност се истакнува големата моќ на светците од кои ѓаволите имаат голем страв. На пример, во делото „Дијалози“, Григориј Велики раскажува како свети Фортунат го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште. Григориј Турски ја наведува случката во која некоја жена не можела да се породи и ја испратила својата сестра да ја побара паганската божица Дијана; тогаш ѓаволот (зашто тој бил паганското божество) ја упатил на апостолот Андреја, т.е. ја признал моќта на светците.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 291-293. Исто така, ѓаволот кој ја запоседнал ќерката на некој италијански херцог не сакал да излезе, барајќи да дојде св. Гал, а штом пристигнал, светецот го избркал ѓаволот (кој имал лик на врана) и го истерал во пеколот.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 387. Во „Житието на св. Мартин“ (De vita beati Martini), Сулпициј Север пишува дека ѓаволот постојано го опседнувал св. Мартин, а еднаш се појавил во царска облека, претставувајќи се како Христос и барајќи светецот да му се поклони. Но, светецот не наседнал на итрината, па ѓаволот морал да си замине, оставајќи зад себе непријатен мирис во ќелијата.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 358. Во друга прилика, св. Мартин го избркал ѓаволот од некој опседнат човек, но притоа не му дозволил да излезе од устата на опседнатиот, туку го натерал да се спушти во желудникот.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 389. Во житието на св. Колумбан се наведува случката во која ѓаволот не ги слушал наредбите на светецот и не излегувал од човекот кого го опседнал, па св. Колумбан ја пикнал раката во устата на човекот и го извлекол ѓаволот кој испуштал голема смрдеа.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 388.

Во своето дело „Дијалог за чудата“, Цезариј од Хајстербах наведува примери во кои светците понекогаш се служат и со човечки средства за да ги вразумат непослушните верници. На пример, на некој големец кој бил виновен за палењето на храмот, во сонот му се јавил св. Аустригизил кој му удрил толку силна шлаканица, што му останала модринка. Кога се разбудил, големецот им раскажал на слугите за случката и потоа умрел; слично постапил и св. Никита од Лион: кога по неговата смрт се утврдило дека не му оставил никаков имот на манастирот во кој умрел, некој свештеник го обивнил за тоа, а светецот му се јавил во сонот и го истепал; свети Криспин и Криспинијан му се јавиле на епископот виновен за уништувањето на опатијата изградена над нивните гробови и му ги скинале десната рака и нога и тој умрел; на некој бонски свештеник со име Јован, кој никогаш не ја наведнувал главата пред олтарот, ноќе му се јавил св. Јован Крстител и силно го удрил со ногата в стомак, а оттогаш свештенико почнал да боледува; четирите свети патрони на манастирот во Суасон му се јавиле на сон на латариншкиот херцог и го истепале, а тој се разбудил целиот во модринки;Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 312-313.

Во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ја исмејува праксата секоја област да почитува посебен светец или на секој светец да му се припишува некое посебно својство (некој се грижи за родилките, некој за морнарите, некој ја намалува болката, итн.).Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 52.

Светците како тема во уметноста и во популарната култура „Светецот и грешникот“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 82. „Мачеништвото на света Олаља“ — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 48-50. „Светица“ — расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008. „Свети Трифун“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 230-231. Светци (англиски: The Saints) — австралиска панк-рок група, основана во 1973 година.The Saints (2) (пристапено на 4.12.2023) „Бледи светци“ (англиски: Pale Saints) — британската рок-група, основана во 1987 година.DISCOGS, Pale Saints (пристапено на 8.6.2023) Светци (англиски: The Saints) — британски музички продуценти.The Saints (пристапено на 3.3.2024) Светци од Јута (англиски: Utah Saints) — британска електронска група од 1990-тите.Utah Saints (пристапено на 3.3.2024) Св. Винсент (англиски: St. Vincent) — американска музичарка.DISCOGS, St. Vincent (пристапено на 15.4.2021) Сите светци (англиски: All Saints) — британска поп-група, основана во 1993 година.All Saints (пристапено на 3.3.2024) „Светци“ (англиски: Saints) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.Discogs, The Breeders ‎– Last Splash (пристапено на 24.8.2020) „Држи сè до св. Кристофер“ (англиски: Hang On St Christopher) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.DISCOGS, Tom Waits ‎– Franks Wild Years (пристапено на 20.7.2019) „Светците доаѓаат“ (англиски: The Saints Are Coming) — песна од истоимениот музички албум на шкотската рок-група Скидс од 1979 година.Skids – Scared To Dance (пристапено на 4.12.2023)

Галерија

Наводи

Категорија:Христијанство Категорија:Религија