Штиценгрин () — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија.

Географија Местоположба

Штиценгрин се наоѓа во Рудните Планини на самата граница со Фогтланд. Во Штиценгрин се наоѓа потокот Вајсбах, кој се влева во вештачкото езеро Ајбеншток.

Геологија

Општината се наоѓа на ридското плато Албеншток од турмалин-гранит и достигнува висина од 570 до 680 метри надморска височина.

Составни делови

Покрај именуваната општина Штиценгрин, општинската област исто така ја сочинуваат и селата Хундсхибел и Лихтенау.

Историја

Развој на бројките на население (31 декември):

1971 - 2.863 1998 - 4.092 1999 - 4.085 2000 - 4.004 2001 - 3.976 2002 - 3.981 2003 - 3.941 2004 - 3.842 2005 - 3.806 2006 - 3.771 Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

Политика

thumb|Дел од општината, Хундсхибел

На изборите во 2005, CDU освоила најмногу гласови. Целосните изборни резултати биле следниве:

Партија Прв круг Втор круг CDU 45,6% 39,4% SPD 21,4% 21,1% Die Linke. 16,5% 17,1% FDP 8,3% 12,2% Зелени 1,4% 2,3% NPD 2,9% 3,7%

Избор за градоначалник 2007

На изборите за градоначалник на 2 септември 2007, Bürgermeisterin Биргит Рајхел (CDU) била избрана повторно со 99,3 од гласовите. Излезноста на гласачите била 48,3%.

Култура и знаменитости

thumb|right|На Куберг

Сместена на сојузниот автопат 169, кој поминува низ општината, е Bauernbarockkirche („Барокна фармерска црква“), изградена во 1701 и сега заштитен споменик, со нејзиниот олтар и 130-годишните оргули.

Други знаменитости во општината е 795-метри високиот Куберг („Кравја планина“) со кулата Prinz-Georg-Turm, која овозвожува поглед на соседните општини. Исто така, патеката Bergwiesenerlebnispfad во самата планина овозможува прошетка низ недопрената вегетација и низ повеќе замоци.

Економија и инфраструктура Сообраќај

Штиценгрин се наоѓа на сојузниот автопат 169. До 1970-тите, општинаа била поврзана со железница со пругата со тесен колосек, која водела од Вилкау-Хаслау до Карлсфелд. Во 1997, делот за Шенхајде бил обновен и поставен како музеј.

Образование

Во Штиценгрин се наоѓа основно училиште на Schulstraße, кое ги задоволува потребите на општината.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Рудни Планини (округ)