АК-12 е руска автоматска пушка со калибар 5,54mm, разработка на концернот „Ижмаш“. Оваа пушка е разработена за Вооружените сили на Русија со перспектива да ги замени претходните варијанти на АК — АК-74 и АК-74М, АК-103, како и постарите АКМ и АКМС.

Историја Проектирањето на новата автоматска пушка започнала во јуни 2011 како сопствена иницијатива на „Ижмаш“, а под раководство на главниот конструктор Владимир Викторович Злобин. Во тек на 2011 година се направени прототипи и започнало испитувањето на новиот модел од петтата генерација „калашников“ — АК-12.

Калибри Производителот најавил производство на две верзии, „лесна“, во традиционалните калибри за автоматски пушки 5,54×39, 5,56×45, 6,5 Grendel и 7,62×39, и „тешка“ во калиброт 7,62×51 NATO.

Разлики од претходните модели подобрена ергономика : манипулациите со осигурувачот, преклопникот рафално/единечно, утврдувачот на рамката, задржувачот на затворачот сега може да се вршат со една рака вградена Пикатини шина за монтирање оптички, колиматорни и ноќни нишани, мерачи на далечина, фрлачи на бомби, лампи, ласерски нишани и сл., што повлекло преработка на сандакот и капакот на сандакот; нов преклопен телескопски кундак, образникот и тилот се регулираат по висина, смален е кракот на силата при повлекување; рачката на затворачот може да се монтира лево или десно, по желба и за удобност на левораки и деснораки стрелци; нови рамки од 30 и од 60 куршуми, нов барабан од 95 куршуми; три режими на стрелба: единечно, рафално и рафално по 3 куршуми; вграден тромблонски додаток/гасна кочница за лансирање тромблонски мини; зголемено е растојанието меѓу предниот и задниот нишан; нов ударен механизам (чкрапало); нова конструкција на затворачот со застанување во задна положба по истрелувањето на последниот куршум од магазинот; цевката се изработува со помали производни толеранции; заради подобрување на точноста при рафална стрелба, изменети се динамичките одлики на автоматиката.

Извори официјално мрежно место на ОАО «Ижевский машзавод», 19 февруари 2012.

Категорија:Автоматски пушки