Фрајбергер Мулде () — река во Саксонија, Германија. Таа е десна притока на Мулде и е долга 124 километри.

Изворот на реката е во Рудните Планини, близу Молдава, во Чешка. Таа тече северозападно, поминувајќи ја границата со Германија по неколку километри, до Фрајберг (оттаму и името) и понатаму кон северозапад низ Носен, Дебелн и Лајсниг. Неколку километри северно од Колдиц, на Фрајбергер Мулде ѝ се придружува Цвикауер Мулде за да ја создадат Мулде. Мулде е притока на Елба.

Фрајбергер Мулде Категорија:Реки во Саксонија Категорија:Реки во Устечкиот крај Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Рудни Планини