Рафаел Переира да Силва (роден на 9 јули 1990, во Рио де Жанеиро), попознат само како Рафаел или Рафаел да Силва — бразилски поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Роден во Рио де Жанеиро, Рафаел заедно со неговиот брат близнак Фабио, ги започале кариерите во Флуминенсе, пред да му се придржат на Манчестер Јунајтед во јануари 2007 година. По осум години во Англија, во кој освоил многу трофеи, во 2015 година Рафаел потпишал за Олимпик Лион, каде играл пет сезони. По една сезона помината во Турција, во дресот на Истанбул Башакшехир, тој се вратил во Бразил, каде ја завршил својата кариера како играч на Ботафого во 2024 година.

Рафаел одиграл два натпревари за сениорската репрезентација на Бразил, за која дебитирал на 26 мај 2012, во победата со 3–1 над Данска. Тој бил дел од тимот на Бразил до 23 години, кој го освоил сребрениот медал на Летните олимписки игри 2012.

Биографија Рафаел е роден во Петрополис, место околу еден час возење оддалечено од Рио де Жанеиро, и почнал да игра фудбал на возраст од пет години. Тој ја започнал својата кариера во аматерската екипа Боа Есперанча, играјќи како напаѓач. Тој и неговиот идентичен близнак, Фабио, потоа биле забележани од страна на претставник на Флуминенсе каде играле фудбал пет на пет во нивното соседство;. тој ги поканил да му се приклучат на клубот и тие почнале да живеат таму кога имале по 11 години.

Технички карактеристики Заради начинот на игра како и позициите на кој играат, тој и неговиот брат, магазинот Тајмс ги нарекол Рафаел и Фабио бразилските браќа Невил мислејќи на Фил и Гери Невил, кој го носеа дресот на Манчестер Јунајтед долги години играјќи успешно на страничните позиции во одбраната.

Клупскa кариера Флуминенсе По приклучувањето на Флуминенсе, Рафаел бил прекомандуван да игра како десен бек од страна на тренерот на младинскиот тим. Клубот потоа учествувал, во 2005 година на Најк Премиер првенството во Хонгконг, каде што Рафаел бил забележан од страна на скаутот на Манчестер Јунајтед, Лес Кершоу, исто како и неговиот брат. Кершоу тогаш му телефонирал на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон и му препорачал клубот да потпише со близнаците Да Силва. Манчестер Јунајтед воспоставил контакт со Флуминенсе и побарал дозвола за близнаците да патуваат во Манчестер за да тренираат со нив во 2005 година. Набрзо потоа, разузнавач тврди дека Арсенал бил во посета на близнаците и барал од нив да дојдат во Англија за да се обучуваат во Арсенал, меѓутоа без дозвола на Флуминенсе. Накрајот, тие сепак се одлучиле да потпишат за Манчестер Јунајтед а не за Арсенал, и двата клуба постигнале согласност за договор во февруари 2007 година; близнаците се преселиле во Манчестер во јануари 2008 година, без ниту еден настап за првиот тим на Флуминенсе.

Манчестер Јунајтед Близнаците одлучија да потпишат за Манчестер Јунајтед, и договорот беше постигнат меѓу двата клуба, во февруари 2007 година. Близнаците се преселија во Манчестер во јануари 2008 година, но не беа во можност да играат натпревари сè додека не наполнат 18 години, во јули 2008 година. Рафаел го направи своето прво појавување за клубот во победата од 2-0 во пријателскиот меч со Питерборо Јунајтед на 4 август. Рафаел тогаш беше регистриран за првиот тим на клубот за сезоната 2008-09 и му беше доделен дресот со број 21. Рафаел своето деби во официјален меч за Манчестер Јунајтед го имаше, во првото коло во 2008-09-тата сезона во Премиер Лигата, кога влезе на местото на Фреизер Кембел во ремито 1-1 дома со Њукасл на 17 август.

Првпат во еден натпревар на Јунајтед тој беше стартер на 23 септември во победата над Мидлзборо во третата рунда на Лига купот. Во Премиер лигата пак, својот прв старт во почетните 11 го забележал околу еден месец подоцна, на 18 октомври против ВБА во нивната победа дома од 4-0. На 8 ноември 2008 дојде неговиот прв гол за Манчестер Јунајтед, против Арсенал на Стадион Емирати во поразот од 2-1. Рафаел постигна гол во 90-тата минута од мечот, недоволно да се избегне поразот. На 19 април 2009 за првпат Рафаел и неговиот брат Фабио беа стартери во еден меч заедно. Тоа беше во полуфиналето на ФА Купот против Евертон. Накрајот Евертон помина во финалето со победа на пенали од 4-2.

Олимпик Лион На 3 август 2015, Рафаел потпишал четиригодишен договор со францускиот клуб Олимпик Лион.

Репрезентативна кариера Рафаел дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил на 26 мај 2012, во пријателски натпревар против Данска што кариоките го добиле со 3-1.

Хронологија на репрезентативни настапи

Титули Клупски Манчестер Јунајтед Премиер лига на Англија : 1 2008-2009, 2010-2011, 2012-2013 Лига куп на Англија : 1 2009-2010 ФА Комјунити Шилд : 3 2008, 2011, 2013 Светско клупско првенство : 1 2008

Репрезентативни Бразил под 17 години Јужноамериканско првенство за играчи под 17 години : 1 2007 Олимписка репрезентација на Бразил Летни олимписки игри : 1 Сребрен медал: 2012

Наводи

Надворешни врски

Профил на soccerway

Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година