мини|десно|200п|Тодор Саев Тодор Саев ( - ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.
Животопис Саев е роден на 15/27 декември 1872 година во селото Белица, тогаш во Отоманското Царство. Неговиот брат е Константин Саев, исто така, револуционер. Учи во своето родно село, а потоа во Сер и во бугарскиот главен град Софија. Во 1894 година завршува австроунгарското морско училиште во Трст и служи во бугарската флота. лево|мини|350п|Здружената чета на Тодор Саев и Никола Лефтеров, за време на Горноџумајското востаниедясно|мини|250п|Погребот на Тодор Саев. Во 1900 година ја напушта воената служба и влегува во Врховниот македонско-одрински комитет. Во мај 1902 година, Тодор Саев се бори двапати со Христо Чернопеев во село Габрово и кај селото Селиште, а има жртви на двете страни.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, стр. 162. Друга борба водат кај Лешко. Почеток на Горноџумајското востание започнува на 23 септември (стар стил) 1902 година од страна на четата на Тодор Саев во селото Железнец Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, стр.178.,, тогаш негов четник е и Павле Жељазков. Заедно со четата на Никола Лефтеров се бори кај селата Лешко и Белица.
По востанието за кратко е интернирани заедно со Иван Цончев, Стефан Николов и поручникот Софрониј Стојанов од бугарската влада под притисок од големите сили. На 9 март 1903 година четата на Тодор Саев и Константин Настев налетале во заседа кај месноста Чавката, Пијанечко. 36 души четници се бореле 8 часа со над 1300 души аскер. Загубите од турска страна изнесуваат повеќе од 60 лица убиени и повредени, а од страна на четата 5-на се убиени и 6-на души се повредени.
Во предвечерието на Илинденското востание, Тодор Саев влегува со чета во Горноџумајско. На 9 април (стар стил: 28 март) 1903 година во селото Цапарево, неговата четата била опколена од османлиска потера. Четата успева да се извлече од опкружувањето, но во борбата војводата Тодор Саев е смртно ранет. Погребан е во месноста Орешец во близина на селото Долене.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Луѓе од Белица (Пиринско) Категорија:Починати во Цапарево