мини|350п|Северниот Поларник (црвено) на карта на светот. мини|350п|Карта на Арктикот со Северниот Поларник (сино).

Северен Поларник (Северен Поларен Круг или Арктички Круг) — еден од петте главни напоредници на картата на светот. Ова е замислениот обрач што минува на географската ширина од северно од екваторот.Повратник во движење

Подрачјето северно од Северниот Поларник се нарекува Арктик, а подрачјето веднаш на југ е северниот умерен појас. Еквивалентниот напоредник на јужната полутопка се нарекува Јужен Поларник (Антарктички Круг).

Северниот Поларник го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Северно од кругот, сонцето на два наврати годишно ја задржува истата положба во текот на 24 часа: еднаш над и еднаш под хоризонтот. На самиот поларник ова се случува точно по еднаш годишно, за време на јунскиот и декемврискиот сонцестој. Поради атмосферското прекршување на светлината и поради тоа што сонцето е тело, а не точка, дел од полноќното сонце се гледа навечер за време на северната летна долгодневица сè до околу 50′ (90 км) јужно од поларникот; истото важи и за северната зимска краткодневица, каде дел од сонцето може да се види сè до околу 50′ северно од кругот. Ова важи за морското ниво, а во повисоките предели границите се повисоки.

Положбата на Северниот Поларник не е постојана, туку непосредно зависи од Земјиниот осен наклон, кој се менува во дијапазон од 2° во текот на период од 40.000 години, особено поради приливните сили што ги предизвикува орбитата на Месечината. Овој поларник моментално се движи на север со стапка од 15 м годишно.

Географија Северно од Северниот Поларник е слабо населен поради мошне студената арктичка клима. Трите најголеми места над кругот се во Русија: Мурманск (нас. 325.100), Нориљск (135.000) и Воркута (85.000). Тромсе (Норвешка) има околу 68.000 жители. За разлика од нив, најголемото место над кругот во Северна Америка е Сисимиут (Гренланд) со околу 5.000 жители, а најголемото место на Канада и САД е Баро (Алјаска) со 4.000 жители. Градот Рованиеми (Финска), кој се наоѓа малку јужно од кругот има 58.000 жители и е најголемото населено место во непоследна близина на кругот.

Кругот минува низ Северноледениот Океан, Скандинавскиот Полуостров, северна Азија, Северна Америка и Гренланд. Земјиштето на кругот е поделено на осум земји: Норвешка, Шведска, Финска, Русија, САД (Алјаска), Канада, Данска (Гренланд) и Исланд (каде минува низ малиот недалечен остров Гримсеј).

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Северниот Поларник минува низ:

Координати Земја, територија, море Белешки Северноледен Океан Норвешко Море округот Нурлан округот Норботен регионот Лапонија Република Карелија Мурманска област повторно Република Карелија повторно Мурманска област Бело Море Кандалакшански Залив Мурманска област – во должина од ~ 7 км Бело Море Кандалакшански Залив Мурманска област (Колски Полуостров) Бело Море Ненецки автономен округ Република Коми Јамало-ненецки автономен округ Опски Залив Јамало-ненецки автономен округ Краснојарски крај Република Јакутија Чукотски автономен округ Северноледен Океан Чукотско Море Алјаска (полуостровот Сјуард) Северноледен Океан Коцебу Алјаска – минува низ езерото Селавик Јукон Северозападни Територии – минува низ Големото Мечкино Езеро Нунавут Хадсонов Залив басенот Фокс Нунавут (Бафинова Земја – минува низ езерото Нетилинг) Атлантски Океан Дејвисов Проток Атлантски Океан Дански Проток Гренландско Море островот Гримсеј Атлантски Океан Гренландско Море Норвешко Море

Поврзано Јужен Поларник Северен Пол Северен Повратник

Наводи

Надворешни врски

пресметки на временски епохи Корисни константи ArcticFocus — факти и вести за Арктикот

Категорија:Напоредници Категорија:Арктик Категорија:Географија на Арктикот