Хафелберг () — град во округот Штендал, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Хафел и дел од градот е изграден на остров во средината на реката. Двата дела се споени како град во 1875.
Историја
Бискупијата Хафелберг била основана во 946, иако бискупот живеел во Платенбург или Витшток, кои се наоѓаат неколку километри северно од Хафелберг. Најпознатиот бискуп бил Анселм. Хафелберг е дом на поранешниот манастир, сега користен како Пригниц-Музеј, кој е основан во 1904.
Наводи
Надворешни врски
Слики од Хафелберг
Категорија:Штендал (округ) Категорија:Ханза Категорија:Бранденбург (покраина)