Цвана или цвански (самонар. сецвана) е банту-јазик кој се зборува во регионот Јужна Африка од околу 4,5 милиони Цвани.http://www.ethnologue.com/show_language.asp?code=tsn Цвана е нигер-конгоански јазик и е сроден со северниот сото, како и со кгалагдискиот и лозискиот јазик.

Цвана е службен јазик во Боцвана, каде е и лингва франка. Во Боцвана го зборуваат околу 1,1 милиони луѓе, но сепак мнозинството од говорниците чии мајчин јазик е цвана живее во ЈАР. Во ЈАР околу 3,4 милиони луѓе го зборуваат јазикот и истиот е еден од 11-те службени јазици во државата. Покрај ЈАР, во Зимбабве има 29.400 Цвани кои го зборуваат јазикот, а во Намибија има околу 12.300 Цвани.

Фонологија Самогласки Самогласките во цвана се:

предни задни затворени ⟨i⟩ ⟨u⟩ скоро-затворени ⟨e⟩ ⟨o⟩ полуотворени ⟨ê⟩ ⟨ô⟩ отворени ⟨a⟩

Во некои дијалекти може да се пронајдат и две дополнителни самогласки: и .

Согласки Согласките во цвана се:

лабијални алвеоларни посталвеоларни непчени меконепчени увуларни грлени централни латерални носни ⟨m⟩ ⟨n⟩ ⟨ny⟩ ⟨ng⟩ експлозивни без призвук ⟨p⟩  ⟨b⟩   ⟨t⟩  ⟨d⟩   ⟨k⟩ со призвук ⟨ph⟩ ⟨th⟩ ⟨kh⟩ ⟨kg⟩ африкативни без призвук ⟨ts⟩ ⟨tl⟩ ⟨tš⟩   ⟨j⟩   со призвук ⟨tsh⟩ ⟨tlh⟩ ⟨tšh⟩ фрикативни ⟨f⟩ ⟨s⟩ ⟨š⟩ ⟨g⟩ ⟨h⟩ вевни ⟨r⟩ апроксимантни ⟨w⟩ ⟨l⟩ ⟨y⟩

Акцент Акцентот во цвана е неменлив и секогаш паѓа на вториот слог од крајот на зборот. Сепак, кај некои сложени зборови акцентот може да има секундарен акцент во првиот дел од зборот. Слогот на кој паѓа акцентот е издолжен при изговор. Така на пример, зборот mosadi се изговара .

Тон Цвана има два тона: висок и низок. Нискиот тон е позачестен одошто високиот. Тоновите не се бележат при пишување.

go bua „зборува“ go bua „дере“

o bua Setswana „Тој зборува цвана.“ o bua Setswana „Ти зборуваш цвана.“

Важна одлика на тонот е т.н. расширување на високиот тон. Ако еден слог има висок тон, следните два слога исто така ќе имаат висок тон, освен ако не се на крајот од зборот.

simolola > „започнува“ simologêla > „започнува да“

Наводи

Користена литература

Поврзано

Цвани Боцвана Банту-јазици

Надворешни врски Карта на цвана Информации за цвана Вовед во цвана Граматички прирачник за цвана

Категорија:Банту-јазици Категорија:Јазици во Боцвана Категорија:Јазици во Јужноафриканската Република Категорија:Јазици во Намибија Категорија:Цвани Категорија:Тонски јазици