Тур Даун Андер () — велосипедска трка во и околу Аделаида, Јужна Австралија и околината. Трката привлекува возачи од целиот свет. Во 2005, Тур Даун Андер била категоризирана со највисок рејтинг надвор од Европа од Меѓународниот велосипедистички сојуз. Во 2007, премиерот Мајк Ран и министерот за туризам Џејн Ломакс Смит започнале кампања за Тур Даун Андер да стане првата трка надвор од Европа со статус ProTour. Овој статус би обезбедил гаранција дека сите елитни екипи ќе учествуваат секој јануари во Аделаида."ProTour Heads Down Under", Cycling News, 28 септември 2007 Во 2008, Тур Даун Андер станала првата UCI ProTour трка надвор од Европа и следната година станала прва трка во календарот на Светскиот ранкинг.

Во септември 2008 година, премиерот Ран најавил дека седумкратниот победник на Тур де Франс, Ленс Армстронг, ќе го направи своето враќање во професионалниот друмски велосипедизам на изданието на трката во 2009 година.Associated Press, 24 September 2008 Учеството на Армстронг во 2009 ги срушило сите претходни рекорди на спортските настани одржани во Јужна Австрија. Бројот на посетители двојно се зголемил, економското влијание било повеќе од двојно (од 17,3 милиони долари во 2008, на 39 милиони во 2009), а медиумската покриеност петкратно се зголемила.Cycling News 20 февруари 2009). Трката во 2011 поставила нов рекорд со економско влијание од 43 милиони долари и привлекла повеќе од 782.000 луѓе.http://www.bikeexchange.com.au март 2011

Покрај Тур де Франс, трката привлекува најмногу публика покрај патиштата во светот. Во 2013 година, привлекла повеќе од 760.400 луѓе во текот на осумте етапи, вклучувајќи 40.000 странски посетители кои специјално патувале за трката.

Историја Список на крајни победници

Сајмон Геранс ја освоил трката четири пати (2006, 2012, 2014 и 2016). Стјуарт О’Грејди (1999 и 2001), Андре Грајпел (2008 и 2010) и Дарил Импи (2018 и 2019) ја имаат освоено трката по двапати. Импи станал прв возач што ја одбранил својата титула.

Победници по земја

# Земја Победи 1. 132. 2 2 25. 1 1 1

Список на женски победници

Директори на трката

1999 до денес: Мајкл Тартар.

Движење

Генерално, трката се одржува со етапи во близината на Аделаида, кои се разликуваат од рамни до умерено високи. Тука нема големи планини, давајќи им малку можностѕи на специјалистите за планини да ги покажат нивните особени вештини. Едно од поинтересните искачувања вклучува два круга на Вилинга Хил, 3 километри искажување со просечен наклон од 7,6%. Сепак, скоро на секоја од овие етапни трки се завршува како бурен спринт. На трката нема хронометри, како што е типично во трките во раната сезона и за да се избегнат дополнителните трошоци за испорака на меѓународните тимови.

Временските условите во Јужна Австралија во доцен јануари често се многу лоши за велосипедистите, бидејќи е многу топло, често достигнувајќи и над 40 степени.

Маички

Предводниците во пласманите во текот на трката носат карактеристични маички.

Моментални маички

Маичка Охра се доделува на возачот на најбрзото кумулативно време на крајот на секоја етапа и на победникот на крајот. Охра се поврзува со Австралија и Тур Даун Андер е единствениот кој ја има оваа боја за водачот. Спринтерската маичка се доделува на возачот со најмногу бодови и временски бонуси на првите три возачи низ линијата во текот на трката и на крајот. Маичката Крал на планините се доделува на возачот со освоени најмногу бодови на првите пет возачи преку искачувањето. Маичката за Млад возач се доделува на водечкиот возач под 23 години на крајот на секоја етапа. Маичката за Најагресивен возач ја носи возачот, кој направил најмногу напади, бегства или им помагал на тимските колеги за време на етапата. Маичката за Водечкиот тим ја носат членовите на тимот со најниско кумулативно време од неговите четворица најдобри возачи на секоја од шесте етапи.

Трка Биди Активен

десно|250п|мини|Учесници на Трката Биди Активен во 2005, кај Ангастон

Тур Даун Андер има придружен настан, Трка Биди Активен (Be Active Tour). Ова е еден од најбрзо растечките рекреациски настани во Австралија, се одржува по истата патека на професионалците подоцна во денот. Почетниот настан, кој бил во 2003 бил познат како Breakaway Tour и привлекол повеќе од 600 возачи. Во 2004, бројот на возачи се зголемил на 1.400 и настанот станал познат како Be Active Tour. Трката во 2005 ја следеле повеќе од 1.900 возачи, возејќи низ Солсбери, Вилијамстаун и Ангастон на 30 степени и справувајќи со ридовите на етапата број 2. Во 2006, возачите возеле 154 километри од Страталбин до Јанкалила на неверојатно 40 степени. Тоа се одрази на возачите и затоа сега постои политика за топлина.

Во 2007, името повторно било променети во Mutual Community Challenge Tour и се придружил на Mutual Community Fun Tour и Powerade mini-tour за деца. Новите настани ја зголемиле популарноста на настанот и привлекле луѓе, кои не возат постојано. Во 2010 имало над 8.000 учесници.

Серија за жени

Постоеле и серии за жени на три улични патеки. Ова било спонзорирано од Универзитетот на Јужна Австралија (УниСА-Австралија) и било генерално одржувано на истите места од машката трка, или на крајот на машката трка.Етапи и резултати | Тур Даун Андер . Retrieved 2007-01-16.

За изданието во 2011, имало две трки во серијата наречени Rendition Homes Santos Women’s Cup.Cyclingnews.com.au. Retrieved 2010-10-10.

Рекорди

Австралискиот велосипедист Сајмон Геранс (2006, 2012 и 2014) е единствениот возач кој го освоил Тур Даун Андер рекордни трипати.

Всушност, никогаш немало последователен победник, што значи никој не ја освоил трката две години по ред.

Традиции

Една традиција на Тур Даун Андер е дека обожавателите избираат непознат возач и го третираат на начин како да е ѕвезда, од следење во хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде од неанглиско говорно подрачје, немал досега учествувано на голема трка и едноставно сега ја започнал кариерата.Port Adelaide CC Forum "Operation: Support Obscure TDU Pro" . Retrieved 2010-03-02. За 2010 тој возач бил Артур Вишо од Франсе де Жу. За 2011, бил избран Анхел Мадразо од Тим Мувистар. За 2012, возачот е Ваутер Мол од Вакансолел-ДКМ.

Наводи

Надворешни врски

Спорт во Австралија Категорија:Велосипедски трки во Австралија Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Светска турнеја на UCI Категорија:Трки од Океаниската турнеја на UCI