Ајлбек е кварт на германскиот град Хамбург и дел од округот Вандсбек. Порано било независно мало село надвор од границите на Хамбург и всушност било подоцно припоено, кога градот се ширел.

Потекло на поимот

Селото било именувано по мала река со истото име.

Ylenbeke потекнува од старогермански збор за брз поток. Eile означува брзо, а beck означува река или поток. Други извори велат дека Ylen или Ilen како пијавици (германски „Egel“), бидејќи во северна Германија јазикот е долногермански.

Историја

thumb|left|Хамбург 1800

Ајлбек првпат се појавил во 1247 како Ylenbeke.

Во текот на големиот пожар во Хамбург од 5 до 8 мај 1844, центарот на Хамбург бил уништет. Некои од луѓето од Хамбург-Алтштат се населиле во Ylenbeke.

Во Втората светска војна, Ајлбек бил скоро целосно уништен од тешките бомбардирања во јули 1943 (кодно име: Операција Гомора). Со реорганизацијата на Хамбург во 1949 Ајлбек станал дел од Вандсбек.

Географија

Во 2006 според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Ајлбек имал вкупна површина од 1,7 км2. На север и запад се квартовите Бармбек-Зид, Уленхорст и Хоенфелде на округот Хамбург-Норд. На исток се квартовите Вандсбек и Маринтал. На југ е квартот Хам-Норд од округот Хамбург-Мите.

Демографија

Во 2006, во квартот Ајлбек живееле 20.265 луѓе. Густината на населеност била 11.741 жител на км2. 9,8% биле деца под 18 години, а 21,4% имале 65 или повеќе години. 14,7% биле странци. 1.087 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999 постоеле 12.659 домаќинства и 58,7% од сите домаќинства биле сочинети од поединци.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Постоеле 3 основни и 1 средно училиште во квартот Ајлбек и 38 доктори во приватни ординации и 5 аптеки.

Сообраќај

Сојузниот автопат 75 поминува низ квартот, поврзувајќи го градот Либек на север со Делменхорст во Долна Саксонија. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 6.560 приватни возила (328 возила на 1000 луѓе) во Ајлбек.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)

Категорија:Четрти во Хамбург