Исхрана — обезбедување на клетките и организмите со потребни материи (во форма на храна) за живот. Со здрава исхрана можат да се спречат или олеснат многу чести здравствени проблеми.
Исхраната на еден огранизам е она што тој го јаде, кое во најголема мера е одредено од тоа колку храната се смета за вкусна. Диететичари се здравствени професионалци чија специјалност се човекова исхрана, планирање на оброци, економичност и подготовка. Тие се обучени да обезбедуваат сигурни совети за исхраната врз основа на докази, како и насоки за управување со храната за поединци (здрави и болни) и за институции. Клинички нутрицисти се здравствени професионалци кои повеќе се фокусираат на улогата на исхраната кај хроничните болести, како и можна превенција или лечење притоа првично барајќи ја вината во недостатокот на хранливи материи пред прибегнување кон лекови. Додека за употребата на овој професионален термин, владината регулатива е помалку универзална отколку за терминот "диететичар", полето е поддржано од мноху високоакадемски програми, сè до и вклучувајќи го Докторатот, и има свој Доброволен одбор за сертификација, професионални здруженија и рецензирани списанија. На пр. "Американското друштво за исхрана" и "Американскиот дневник за клиничка исхрана".
Лошата исхрана може да нанесе удар врз здравјето и да предизвика болести како резултат на недостаток на храна како што се скробут и квашиоркор, состојби кои го загрозуваат животот како дебелина и метаболичен синдром, како и чести хронични системски болести како што се кардиоваскуларната болест, дијабетес и остеопороза.
Животинска исхрана Краток преглед
Науката за исхрана ги истражува метаболичните и психичките телесни одговори на исхраната. Со напредување во полињата на молекуларната биологоја, биохемијата и генетиката, предметот на исхраната сè повеќе се занимава со метаболизмот и метаболичните патеки: секвенците на биохемиските чекори низ кои супстанциите во живите суштества се менуваат од едно во друго.
Месојадната и хербиворната исхрана се спротивни, со основни азотни и јаглеродни пропорции чие ниво варира во одредена храна. Кога се мери иста количина, месојадите консумираат повеќе азот отколку јаглерод додека хербиворите консумираат помалку азот отколку јаглерод.
Човечкото тело содржи хемиски соединенија како што се вода, јаглехидрати (шеќери, скроб и влакна), аминокиселини (во белковините), масни киселини (во липидите) и нуклеински киселини (ДНК и РНК). Овие соединенија во себе содржат елементи како што се јаглерод, водород, кислород, азот, фосфор, калциум, железо, цинк, маглезиум, манган итн. Сите овие хемиски соединенија и елементи се јавуваат во различни форми и комбинации (на пр. хормони, витамини, фосфолипиди, хидроксиапатити), како во човечкото тело така и во растенијата и во животинските организми кои луѓето ги јадат.
Човечкото тело се состои од елементи и соединенија кои се внесуваат, преработуваат, апсорбираат и циркулираат ни крвототкот за да ги хранат клетките на телото. Со исклучок кај неродениот фетус, дигестивниот систем е првиот вклучен систем. Во луменот на дигестивниот тракт на една возрасна личност влегуваат околу седум литри дигестивни сокови. Овие дигестивни сокови раградуваат хемиски врски во внесените молекули и ги моделираат нивните структури и енергетски состојби. Сепак, некои молекули се апсорбираат во крвототкот како непроменети, а дигестивните процеси ги испуштаат од матрицата на храната. Неапсорбираните материи како и некои отпадни производи на метаболизмот се исфрлаат од телото преку изметот.
Поручувањата за исхраната мора да ја земаат предвид состојбата на телото пред и по експериментите, како и хемискиот состав на целата храна и составот на сите материи излачени и исфрлени од телото (во урина и измет). Споредувањето на храната со отпадот може да помогне да се одредат точните апсорбирани и метаболизирани соединенија и елементи во телото. Ефектите од хранливите материи можат да се забележат само во одреден временски период во кој сета храна и отпад мора да бидат анализирани. Бројот на променливи кој е вклучен во такви експерименти е висок, што ги прави проучувањата за исхрана време-консумирачки и скапи, што пак од своја страна објаснува зошто науката за човековата исхрана с'е уште се развива полека.
Општо гледано, јадењето широка разновидност од свежа, цела (непреработена) храна се покажало корисно за здравјето во споредба со монотона исхрана која се заснова на преработена храна. Особено, консумирањето на целосно-растителна храна ја забавува дигестијата и овозможува продобра апсорпција и покорисна рамнотежа на важни хранливи состојки на калорија, што резултира со подобро управување со растот на клетките, одржување и митоза (делба на клетките), како и подобро регулирање на апетитот и шеќерот во крвта. Редовните оброци (на неколку часа) се покажале како поцелосни отколку нередовните или случајните, иако едно неодамнешно проучување ги поврза честите оброци со повисок ризик од рак на дебело црево кај мазжите.
Хранливи материи
Постојат шест основни класи на хранливи материи: јаглехидрати, масти, минерали, белковини, витамини и вода. Овие класи на хранливи материи можат да се категоризираат како макрохранливи материи (потребни во релативно големи количини) или микрохранливи материи (потребни во мали количини). Макрохранливите материи вклучуваат јаглехидрати (вклучувајќи растителни влакна), масти, белковини и вода. Микрохранливи материи се минералите и витамините.
Макрохранливите материи (не вклучувајќи ги растителните влакна и водата) обезбедуваат структурални материи (аминокиселини од кои се изградени белковините, и липиди од кои се изградени мембраните на клетките и некои сигнализирачки молекули) и енергија. Некои од структуралните материи можат да се користат за генерирање на внатрешна енергија, но во кој било случај се мерат во џули или килокалории (често наречени "калории" и напишани со голема буква К за да се разликуваат од малата к за калории). Јаглехидратите и белковините обезбедуваат приближно 17 џули (4 калории) енергија на грам, додека мастите обезбедуваат 37 џули (9 калории) на грам, иако мрежната енергија од двете зависи од други фактори како што се апсорпцијата и дигестивниот труд, кои значително се разликуваат од случај во случај. Витамините, минералите влакната и водата не обезбедуваат енергија, но се потребни поради други причини. Трета класа на хранливи материи, растителното влакно (односно несварлива материја како што е целулозата) исто така е потребна, како од механички така и од биохемиски причини, иако точните причини с'е уште остануваат нејасни.
Молекулите на јаглехидратите и мастите се состојат од јаглеродни, водородни и кислородни атоми. Јаглехидратите варираат од едноставни моносахариди (гликоза, фруктоза, галактоза) до сложени полисахариди (скроб). Мастите се триглицериди, направени од избрани масни киселински мономери врзани за ’рбетот на глицеролот. Некои масни киселини, но не сите, се важни во исхраната: тие не можат да се синтетизираат во телото. Белковинските молекули содржат азотни атоми како додаток на јаглеродните, кислородните и водородните. Основните компоненти на белковините се аминокиселините кои содржат азот, од кои некои се клучни бидејќи луѓето не можат да ги создадат внатрешно. Некои од аминокиселините (со проширување на енергија) се претвораат во гликоза и можат да се искористат за создавање на енергија исто како обичната гликоза во процесто познат како гликонеогенеза. Со разградување на постоечки белковини, дел од гликозата може да се произведе внатрешно; останатите аминокиселини се отфрлаат, првенствено како уреа во урината. Ова обично се случува само во случај на подолго гладување. Други макрохранливи материи вклучуваат антиоксиданси и фитохемикалии, кои влијаат на (или заштитуваат) некои телесни системи. Нивната потребност не е одредена како што е на пример кога станува збор за витамините.
Повеќето видови на храна содржат мешавиина од некои или од сите класи на хранливи материи заедно со други супстанции, како што се токсини од најразличен вид. Некои хранливи материи може да се складираат внатрешно (на пр. витамини растворливи во масти), додека другите се потребни повеќе или помалку цело време. Лошата здравствена состојба може да биде предизвикана како резултат на недостаток на потребни хранливи материи или во екстремни случаи, вишок од потребните хранливи материи. На пр. солта и водата (и двете апсолутно потребни) можат да предизвикаат болест, па дури и смрт кога се земаат во преголеми количини.
Јаглехидрати
Јаглехидратите може да се класифицираат како моносахариди, дисахариди или полисахариди во зависност од бројот на мономерни (шеќерни) единици кои ги содржат. Тие претставуваат голема група на храна како што се ориз, тестенини, леб и други производи врз основа на жито. Моносахаридите, дисахаридите и полисахаридите поединечно содржат една, две или три единици шеќер. Полисахаридите се наречени сложени јаглехидрати бидејќи тие се типично долги, разгранети синџири од шеќерни единици. Традиционално, се смета дека простите јаглехидрати брзо се апсорбираат и поради тоа го подигнуваат шеќерот во крвта побрзо од сложените јаглехидрати. Сепак ова не е точно. Некои прости јаглехидрати (на пр. фруктозата) се варат многу бавно, додека многу сложени јаглехидрати се варат со иста брзина како и простите.
Растителни влакна
Растителното влакно е јаглероден хидрат (или полисахарид) кој луѓето и некои животни го апсорбираат нецелосно. Како и сите јаглехидрати, кога ќе се преработи може да произведе четири килокалории енергија на грам. Сепак во повеќето услови се смета дека произведува помалку поради ограничената апсорпција и сварливост. Растителното влакно главно се состои од целулоза, голем јагленохидратски полимер кој е несварлив поради тоа што луќето ги немаат потребните ензими да го разградат. Постојат две поткатегории: раствросливи и нерастворливи влакна. Целите зрна, овошјето (особено сливите, сушените сливи и смоквите) и селенчукот се добар извор на раситителни влакна. Хранливите влакна помагаат во намалување на можноста за добивање на гастроинтестинални проблеми како што се запек или дијареја со зголемување на тежината и големината на изметот, како и негово омекнување. Нерастворливите влакна, кои може да се најдат во пченичното брачно, бадемите, лешниците, оревите и зеленчукот особено ја стимулираат пересталтиката - ритмичките мускулни контракции на цревата кои ја движат храната во дигестивниот тракт. Растворливите влакна кои може да се најдат во овесот, грашокот, гравот како и во многу други овошја се разградуваат во вода во дигестивниот тракт за да произведат гел кој го забавува движењето на храната низ цревата. Ова може да помогне во намалување на степенот на гликоза во крвта бидејќи ја забавува апсорпцијата на шеќер. Исто така, се смета дека влакната, особено оние добиени од цели зрна, помагаат во намалување на инсулинските жили со што го намалуваат ризикот од дијабетерс тип 2. Врската помеѓу зголемената консумација на растителни влакна и намалување на ризикот од рак на дебелото црево е с'е уште несигурна.
Масти