Повеќејазичност е постапка на користење или промовирање на употребата на повеќе јазици, било од еден говорник или од заедница на говорници. Во светот луѓето кои говорат повеќе јазици го надминуваат бројот на луѓе кои говорат само еден јазик. Водена од потребата за глобализација и културна отвореност, повеќејазичноста станува социјален феномен. Благодарение на слободниот интернет пристап до информациите, изложеноста на поединецот пред повеќе јазици е се почеста и почеста и со тоа произлегува потребата да се стекне со знаење на сè повеќе и повеќе јазици.
Луѓето кои говорат повеќе од еден јазик исто така се нарекуваат и полиглоти.
Лица кои говорат повеќе јазици
Поопширна дефиниција за лице кое говори повеќе јазици е лице кое може да општи на повеќе од еден јазик, било тоа активно (со зборување, пишување или потпишување) или пасивно (со слушање, читање или сфаќање). Поконретно, термините двојазично и тријазично се употребуваат за да се опишат споредливи ситуации кога се употребуваат два или три јазици. Лицето кое говори повеќе јазици најчесто е познато како полиглот. Поли (грчки: πολύς) значи „многу“, а глот (грчки: γλώττα) значи „јазик“.
Луѓето кои говорат повеќе јазици се стекнале и одржувале барем еден јазик за време на детството, т.н. прв јазик. Првиот јазик (понекогаш познат како мајчин јазик) се стекнува без формално образование, многу оспорувано со механизми. Децата кои на овој начин се стекнувале со знаење на два јазика се нарекуваат симултани бијазичари. Дури и во случај на симултани билигвисти обично едниот јазик доминира врз другиот.
Друга можност е тоа детето да може природно да говори три јазици имајќи мајка и татко кои говорат различни јазици, а да расте во средина со трет јазик. Пример за тоа може да биде татко, кој говори англиски, оженет со мајка која говори мандарински-кинески, а со семејството да живее во Хонгконг, каде што јазикот на зедницата (и прв јазик во образованието) е кантонски. Ако детето уште од рана возраст оди во кантонски основни училишта, тогаш ќе резултира тријазичноста.
Во лингвистиката, стекнувањето на првиот јазик е тесно поврзано со концептот „говорник на родниот јазик“. Според широкото гледиште на јазичарите, говорникот на родниот јазик има некои аспекти на ниво на вештина кое ученикот на вториот (или следниот) јазик тешко може да ги постигне. Според тоа, описните емпириски истражувања на јазиците обично се вршат само со информанти, говорници на мајчин јазик. Сепак ова гледиште е прилично проблематично, особено затоа што сè повеќе говорници кои не говорат на мајчиниот јазик, очигледно не се вклопуваат успешно во општествата во кои не се зборува на нивниот мајчин јазик, но всушност тоа може да биде културолошки и јазичарички важен придонес (како на пример, писатели, политичари и уметници) за нивниот немајчин јазик. Во последниве години јазичаричкото истражување се фокусираше на употребата на широко познатите светски јазици, англискиот како лингва франка или распределениот заеднички јазик на професионалните и комерцијалните заедници. Во ситуациите како лингва фрака најчесто говорниците на заедничкиот јазик практично зборуваат повеќе јазици.
Дефиниција за повеќејазичноста
Една група академци расправа за максимална дефиниција, што значи дека говорниците се умешни со еден јазик како што се со другите јазици и имаат многу поголемо знаење и контрола врз едниот јазик како што имаат врз другите јазици. Друга група академци расправа за минималната дефиниција, која се основа на употребата. Според оваа група туристите кои успешно општат со фрази и мисли, а не го зборуваат течно јазикот може да се сметаат за двојазични.
Сепак со овие дефиниции може да се појават проблеми, бидејќи тие не прецизираат колкаво знаење на јазикот е потребно за личноста да се класифицира како двојазична. Како резултат на тоа што многу говорници не го достигнувваат максималиот идеал, оние кои учат јазици може да се сметаат за непотполни и при проширувањето на своето знаење, па учењето на јазикот може да се смета за неуспешно.
Од 1992 година, Вивиан Кук(Vivian Cook) раправаше за тоа дека многу говорници на повеќе јазици се некаде помеѓу двете минималната и максималната дефиниција. Кук овие луѓе ги нарекува по-компетентни.
Учење на јазик
Едно гледиште е тоа на јазичарот Ноам Чомски (Noam Chomsky) каде што тој човекот го нарекува „уред за стекнување јазици“ – механизам кој овозможува поединецот правилно да ги пресоздаде правилата (граматиката) и некои други одлики на јазикот кои говорникот ги користи пред ученикот. Според Чомски, овој уред исчезнува со текот на времето и не е вообичаено достапен за време на пубертетот, којшто тој го користи за да ги објасни слабите резултати кои ги имаат некои адолесценти и возрасни при учењето на аспектите на вториот јазик.
Ако учењето јазик е когнитивен процес, а не уред за стекнување јазици, како што сугерира училиштето предводено од Стивен Крашен (Stefen Krashen) тогаш би имало само релативни, не категорични, разлики помеѓу двата вида на учење јазици.
Во своето истражување Род Елис (Rod Ellis) нагласува дека колку порано деца учат втор јазик толку се подобри во однос на изговорот. Генерално европските училишта поради поврзаноста со соседните земји со различни јазици уште рано на учениците им нудат часови по втор јазик. Повеќето европски ученици сега учат најмалку два странски јазика, тоа е процес кој е силно поткрепен од Европската унија.
Врз основа на истражувањето на Ен Фатман (Ann Fathman) за односот помеѓу возраста и продуктивната способност за стекнување на втор јазик, врз основа на разликите во годините постои разлика при случајот на учење на англиската морфологија, синтакса и фонологија, но редоследот за учење на вториот јазик не се менува со возраста.
Луѓето кои имаат повеќејазично потекло ќе откријат дека нивниот мајчин јазик влијае на нивниот втор јазик на која било возраст.
На часовите по втор јазик учениците често ќе се соочуваат со тешкотии при размислувањето на јазикот цел, бидејќи тие се под влијание на нивниот мајчин јазик и култура. Роберт Б. Каплан (Robert B. Kaplan) мисли дека трудот на странските ученици на часовите по втор јазик е надвор од фокусот, бидејќи странскиот ученик употребува реторика и низа мисли кои ги рушат очекувањата на читателот на мајчиниот јазик. Странските студенти кои веќе ги совладале синтаксичките структури, сè уште покажуваат неспособност да напишат соодветни теми, семинарски трудови, тези и дисертации. Роберт Б. Каплан опишува два клучни збора кои влијаат на луѓето кога тие учат втор јазик. Логика кај народот, наместо логичното чувство на зборот, кое во основа е реторичко и е унапредено надвор од културата; не е универзална. Потоа реторика која исто така не е универзална, но варира од култура до култура и дури од време на време во дадената култура. Наставниците по јазици знаат како да ги предвидат разликите помеѓу изговорот и констукцијата во различни јазици, но тие може да бидат помалку јасни кога станува збор за разликите помеѓу реториката, која е присутна во начинот на кој тие го употребуваат јазикот за да остварат разни намери особено при пишувањето.
Споредба на говорниците на повеќе јазици
Дури иако некој мошне добро владее два или повеќе јазици, неговата таканаречена способност за општење можеби нема да биде избалансирана. Јазичарите се одликуваат со различни видови повеќејазична компетенција, која што може грубо да се подели во две категории: За сложените двојазичари, зборовите и фразите во различни јазици се исти поими. Тоа значи дека „chien“(куче) и „dog“(куче) се два збора за истиот поим за говорникот на француско-англискиот јазик од овој тип. Овие говорници обично течно ги зборуваат и двата јазика. За координираните двојазичари, зборовите и фразите во умот на говорникот се поврзани со нивни посебни поими. На тој начин двојазичниот говорник од овој вид има различни асоцијации за „chien“ и „dog“. Кај овие лица едниот јазик, обично првиот јазик, е подоминантен отколку другиот и првиот јазик може да се искористи за детално да се разгледа вториот јазик. Овие говорници се познати по тоа што користат многу поразличниа интонација и изговор и покажуваат чувство дека имаат различни ликови поврзани со секој од нивните јазици. Подгрупа на вториот е споредниот двојазичар, за кој типично е да биде ученик на вториот јазик.
Разликата помеѓу сложената и координираната двојазичност веќе е под контрола. Кога студиите се извршени од говорници на повеќе јазици може да се забележи посредување меѓу сложената и координираната двојазичност. Некои автори сугерираат дека разликата треба да се прави само на ниво на граматиката, а не на вокабуларот, други пак го користат терминот „сложен двојазичар“ како синоним за некој кој научил два јазика уште од раѓање, а други предлагаат целосно намалување на разликата.
Многу теоретичари дури сега почнуваат да ја гледааат двојазичноста како „спектар или континуитет на двојазичноста“, што релативно еднојазичиот ученик го доведува до мошне умешен двојазичар кој ги употребува и двата јазика на високо ниво (Гарланд, 2007 година).
Когнитивна способност
Двојазичарите кои се мошне вешти во два или повеќе јазици изјавиле дека имаат подобрена извршна функција, различна организација во некои котикални области, и дека во споредба со еднојазичари се подобри во некои аспекти при учењето јазик.
Исто така постои и појава позната како одделна двојазичност или полујазичност. Доколку стекнувањето со прв јазик е прекинато и недоволно или внесувањето на јазикот е неструктуирано поради вториот јазик, како што понекогаш се случува со децата емигранти, говорникот може да заврши со два јазика совладани под еднојазичниот стандард .Писменоста игра важна улога при развојот на јазикот на овие деца емигранти. Оние кои пред пристигнувањето се писмени на нивниот прв јазик и кои имаат поддршка да се држат до писменоста, во најмала рака може да го совладаат и да се држат до нивниот прв јазик.
Рецептивна двојазичност
Рецептивни двојазичари се оние можат да го разберат вториот јазик, но не го зборуваат. Рецептивната двојазичност може да се појави кога детето мисли дека јазикот на заедницата е попрестижен од јазикот што го зборуваат во рамките на семејството и тогаш тоа одбира со неговите родители да разговара само на јазикот на заедницата. Семејствата кои го прифаќаат овој начин на општење може да бидат многу функционални иако тие не се гледаат како двојазичари. Рецептивните двојазичари можат многу брзо да постигнат течен изговор доколку се во ситуација кога од нив се бара да зборуваат на наследениот јазик. Рецептивна двојазичност не е исто како што е меѓусебната разбирливост, таков е случајот кога говорник на мајчин јазик шпански може да разбере португалски, или обратно, бидејќи тоа се должи на големите лексички и граматички сличности помеѓу шпанскиот и португалскиот јазик.
Дефиниција за јазик
Не постои јасна дефиниција за тоа што значи да се „зборува јазик“. Туристот кој може да води едноставен разговор со келнерот може целосно да се изгуби кога станува збор за актуелни теми или употреба на повеќе времиња. Дипломат или стопанственик кој на странски јазик може да се справи со сложените преговори можеби не е способен точно да напише едно едноставно писмо. За четиригодишно француско дете обично ќе се каже дека „зборува течно француски“, но можно е тоа да не се справи толку добро со граматиката како што би се справил просечен странски студент на јазикот, а може да има и многу ограничен речник и покрај совршениот изговор. Од друга страна пак прилично заемно е тоа дека дури и виско образованите јазичари може да зборуваат јазик (јазици) за кој се експерти, но со различен акцент и дупки во нивниот активен вокабулар кога станува збор за секојдневни теми и ситуации.