Тесла (симб. T) — изведена SI-единица за магнетна индукција („густина на магнетен тек“). Една тесла е еднаква на еден вебер на квадратен метар. Усвоена е во 1960 година и именувана во чест на српскиот пронаоѓач Никола Тесла.Усвајање назива "Тесла" за међународну јединицу магнетне индукције, Електротехнички институт "Никола Тесла", Годишњи извештај за 2006. годину, Срђан Спиридоновић, ISSN 1820-256X
Дефиниција Честичка со набој од 1 кулон што минува низ магнетно поле од 1 тесла со брзина од 1 метар во секунда нормално на полето се соочува со сила од 1 њутн (Лоренцов закон за силата).
Во основни SI-единици, теслата може да се изрази и како
мини|десно|Жива жаба лебди во магнетно поле од 16 тесли Употребени единици: A = ампер C = кулон kg = килограм m = метар N = њутн s = секунда T = тесла V = волт Wb = вебер
Претворање 1 тесла е еднаква на: 10 000 (или 104) G (гаус), од системот СГС. Така, 10 G = 1 mT (милитесла), and 1 G = 10−4 T. 1 000 000 000 (или 109) γ (гами), од геофизиката. Така, 1 γ = 1 nT (нанотесла)
За изразување на нискочестотно електромагнетно зрачење во домот, најпотребни се следниве равенства:
1000 nT (нанотесла) = 1 µT (микротесла) = 10 mG (милигаус) 1 000 000 µT = 1 T
Бидејќи теслата е преголема за секојдневна употреба, во електроинженерството силата на магнетите обично се изразува во гауси. Во науката мислењето е поделено: некои научници настојуваат да се држат до SI, додека други сакаат да бидат практични, па го користат гаусот.
Примери 31 µT (3,1×10−5 T) - силата на магнетното поле на Земјата, на екваторот (0° ГД) 5 mT - сила на магнет за фрижидер 1,25 T - јачина на магнетното поле на површината на еден неодиумски магнет 1 T до 2,4 T - сила на магнет од типичен звучник 1,5 T до 3 T - сила на медицинска магнетна резонанца во практичната употреба (експериментално до 17 T)
Поврзано Гаус (единица) Магнетно поле Магнетна индукција Никола Тесла
Наводи
Надворешни врски Претворање гаус<->тесла
Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Единици за магнетна индукција Категорија:Електромагнетизам Категорија:Никола Тесла