thumb|250px|right|Француски леб.thumb|250px|right|Жителите на Северна Америка и Европа често јадат засечен бел леб.thumb|250px|right|Европски сладок леб (милиброд, козињак)thumb|250px|Различни додатоци на различни видови леб.
Лебот ― дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и афион кои можат да се користат и за декорација. Видовите леб се делат според видот на брашно што се користи за месење, и така може да биде пченичен леб, ’ржан леб, пченкарен леб, леб од хељда, и друго.
Лебот може да се јаде сам, намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.
Историја мини|лево|Продавање на леб во Сараево, 1912 година. Лебот претставува една од првите храни што луѓето ја приготвувале. Некои докази од Европа и Австралија покажуваат остатоци од скроб на камење кои се користеле за толчење на растенијата пред 30.000. Можно е во тоа време, екстрактите од скроб добиени од корењата на растенија, како рогоз и папрат, да биле поставувани на рамна карпа, и печени на оган при што се добивала примитивна форма на леб. Најстар доказ дека леб се правел пред 14.500 години е пронајден во североистокот на јорданската пустина.Amaia Arranz-Otaegui, Lara Gonzalez Carretero, Monica N. Ramsey, Dorian Q. Fuller, and Tobias Richter: Archaeobotanical evidence reveals the origins of bread 14,400 years ago in northeastern Jordan. PNAS, 11 July 2018 (online ) Околу 10.000 п.н.е., со почетокот на неолитот и ширењето на земјоделството, житарките станале главен продукт за добивање на леб. Спорите на квасецот се насекаде присутни, вклучително и на површината на житните зрна, па така секое тесто оставено само по себе е потквасено.
Лебот како тема во уметноста и во популарната култура Лебот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како: „Леб“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013. „Песна за лебот и за водата“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 47-48. „Леб, хашиш и месечината“ - песна на сирискиот поет Низар Кабани.Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 112-114. „Леб“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 35. „Леб и вино“ - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 128-129. „Леб“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак.Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 255-256. „Песна за лебот“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 37. „Трпеза“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 208. „Леб и страв“ (српски: Hleb i strah) - кус роман на српскиот писател Милисав Савиќ од 1991 година.Milisav Savić, Hleb i strah. Beograd: Laguna, 2019. „Леб и сол“ - македонска рок-група.
Наводи
Категорија:Печива Категорија:Храна