Ротенбургсорт е кварт во округот Хамбург-Мите на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.
Географија
Квартот се наоѓа во југоисточниот централен дел на Хамбург. Се граничи со квартовите Билброк, Хамерброк, Хам-Зид, Хафен Сити, Федел и Вилхелмсбург во округот Хамбург-Мите; Морфлет, Шпаденланд и Татенберг во округот Бергедорф.
Демографија
Во 2006, населението во квартот Ротенбургсорт било 8.660, од кое 15,8% биле деца под 18 години, а 16,7% имале 65 години или повеќе. Странци биле 27,5% од населението. 552 лица биле регистрирани како невработени. Густината на населеност била 1.165 жители на км2.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Во 1999, постоеле 4.324 домаќинства од кои 20,6% имале деца под 18 години, кои живеел со нив, а 48,3% од сите домаќинства биле составени само од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,05.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein
Категорија:Четрти во Хамбург