мини|десно|280п|Свадбари во Глумово, 1920-ти. Глумово — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото Глумово се наоѓа на левиот брег на Треска, по излезот на клисурата Матка.
Историја Глумово е споменато во Виргинската грамота на царот Константин Асен од XIII век, со која на скопскиот манастир „Св. Ѓорѓи“ му се подаруваат
Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 6 христијански и 20 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 15 мажи христијани, со 1 новороденчe и 56 мажи муслимани со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 166 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 283 жители.
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 210 жители, од кои 180 жители Албанци муслимани и 30 Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 1.683 жители, од кои 4 Македонци, 1.646 Албанци, 1 Турчин, 1 Србин, 28 Бошњаци и 3 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.152 жители, од кои 1 Македонец, 2.060 Албанци, 32 Бошњаци, 1 останат и 58 лица без податоци.
Родови
Глумово е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Љума (4 к.) доселени се во XVIII век од областа Љума во северна Албанија. Суџе (17 к.) доселени се во исто време со претходниот род, од некое место во Албанија. Шкека (11 к.) доселени се од местото Дарда кај Матија во Албанија. Љока (5 к.) и Мукеле (4 к.) доселени се од северна Албанија. Кондовали (8 к.) доселени се од селото Кондово. А таму од Љума во Албанија. Чакалар (4 к.) доселени се од северна Албанија. Селарево (4 к.) доселени се од селото Седларево. Нивното потекло е торбешко. Од каде дошле во Седларево не знаат точно.
Личности Блерим Беџети (р. 1970) — политичар и пратеник Башким Амети (р. 1983) — министер за животна средина и просторно планирање Џемали Саити (р. 1966) — правник, министер и претседател на Врховниот суд на Македонија
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Глумово, на Карти на Гугл