Хамбург-Норд (приближен превод: Хамбург-Север) е еден од седумте окрузи на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, во северозападна Германија. Во 2006, според бирото за регистрација на граѓаните имало 280.229 луѓе на површина од 57,5 км2.
Географија
Хамбург-Норд е јужно од покраината Шлезвиг-Холштајн, источно од округот Вандсбек, северно од округот Хамбург-Мите и западно од округот Алтона. Хамбург-Норд се состои од квартовите Алстердорф, Бармбек-Норд, Бармбек-Зид, Дулсберг, Епендорф, Фулсбител, Грос Борстел, Хоелуфт-Ост, Хоенфелде, Лангенхорн, Олсдорф, Уленхорст и Винтерхуде. Округот има површина од 57,5 км2.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн 1987
Демографија
Имало 280.229 луѓе, кои живеат во округот.Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн 31.12.2007 Извор: Биро за регистрација на граѓаните Густината на население била 4.838 граѓани на км2. 12% биле деца под 18 години, а 17,8% имале 65 години или повеќе.Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Извор: Биро за регистрација на граѓаните
Во 2006, имало 31.617 кривични дела во округот (113 дела на 1000 луѓе).Покраински биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Окружен парламент
Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник.
Избори
Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Пет партии имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната ЦДУ, социјалдемократската СПД, еколошката зелена партија (ГАЛ), левата Ди Линке и либералната Слободна демократска партија (ФДП).Резултати од изборите, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
thumb|250px|left|Германски график за местата на окружниот парламент во Хамбург-Норд
Партија Процент Места ЦДУ 36,6 19 СПД 32,6 17 ГАЛ 16,7 8 Ди Линке 7,1 4 ФДП 5,6 3
Економија
Hamburg International, авиопревозник има седиште во округот.„Контакт .“ Hamburg International. Retrieved на 7 јули 2010.
Образование
Округот има 30 основни улилишта и 26 средни училишта.
Инфраструктура
Здравствен систем
Неколку болници се наоѓаат во округот Хамбург-Норд, меѓу другите и универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф (UKE), Мартинштрасе 52, во квартот Епендорф, со 1.369 кревети и 109 дневни места во 21 оддел. UKE е општа болница и универзитетска болница на Универзитетот Хамбург и обезбедува капацитет за давање на итни услуги.Болници во Хамбург, страница 5 Болницата Асклепиос Клиник Норд со неговите оддели Хајдберг и Оксецол се наоѓа во квартот Лангенхорн. Таа е општа болница и обезбедува капацитет за давање на итни услуги. Делот Оксенцол е исто така специјализиран за псијатриски проблеми. Болницата Асклепиос Клиник Бармбек е исто така општа болница. Болницата Бетанин, Мартинштрасе 41-49, е специјализирана за дијабетски болести со 20 дневни места за геријатриски случаи.Болници во Хамбург, страница 14
Има 154 дневни центри за деца и 733 лекари во приватни ординации и 92 аптеки.
Сообраќај
Округот е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница и градските возови преку неколку станици.
Постојат и неколку излези за А7.
Според, секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Норд имало регистрирани 99.440 приватни возила (359 возила/1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006) Биле направени 1.733 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.420 несреќи со жртви.Статистика за сообраќајни незгоди, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Аеродромот Хамбург се наоѓа во квартот Фулсбител.
Знаменитости
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Болници во Хамбург 2006, Владина агенција за социјални, семејни и здравствени работи и за животна средина на Хамбург Службена страница
Категорија:Окрузи во Хамбург