Метар во секунда (крат. м/с) е SI изведена единица за брзина која изразува растојание во метри изминато за време во секунди.

Официјалните кратенки на SI се m·s−1, m/s или .Брошура на SI - Оддел 5.1 Во случаи каде метрите во секунда се пребавни за пресметка, како во астрономијата, тогаш брзината се изразува во километри во секунда (1 км/с = 1000 метри во секунда).

Споредба 1 м/с е еднаков на: = 3,6 километри на час (точно) ≈ 3,2808 стапки во секунда (приближно) ≈ 2,2369 милји на час (приближно) ≈ 1,9438 јазли (приближно)

1 стапка во секунда = 0,3048 m·s−1 (точно)

1 милја на час = 0,44704 m·s−1 (точно)

1 километар на час ≈ 0,2778 m·s−1 (приближно)

1 километар во секунда е еднаков на: ≈ 0,6213 милји во секунда (приближно) ≈ 2237 милји на час (приближно)

Однос со другите мерки Иако м/с е SI изведена единица, таа може да се смета за пофундаментална од метарот, бидејќи метарот е добиен од брзината на светлината во вакуум, што изнесува точно 299 792 458 м/с според МБТМ.Метар- МБТМ Оттука следува дека еден метар е должината на патеката по која се движи светлината во вакуум за временски интервал од секунда.

Поврзано Километар на час Милја на час Стапка во секунда Величински редови (брзина)

Наводи

Надворешни врски Официјална дефиниција на метарот - МБТМ Официјална дефиниција на секундата - МБТМ

Категорија:Единици за брзина Категорија:Изведени SI-единици