Искра Грабул ( - ) била македонски уметник и архитект. Најпозната е по своето дело како соавтор на споменикот Македониум во Крушево.

Животопис

Грабул е родена во 1936 година. Таа е ќерка на Д-р Борис Спиров, прв потпретседател на президиумот на АСНОМ , вториот претседател на македонското собрание, лекар и хуманист. Грабул била и голем следбеник на Саи-Баба. Има преведено и неколку негови книги. Позната била и како голем хуманист, каде одела и посетувала болни од сида, им помагала на оние на кои им требало и збор и храна.

Починала на 14 септември 2008 година во Скопје, каде е и погребана. Таа била сопруга на македонскиот вајар Јордан Грабул, со кого ја имаат ќерката Лира Грабул, позната македонска кореографка.

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски хуманисти Категорија:Починати во Скопје