Упланд () — историска покраина (landskap) на источното крајбрежје на Шведска, севернно од главниот град Стокхолм. Се граничи со покраините Седерманланд, Вестманланд и Јестрикланд како и со езерото Меларен и Балтичкото Море. На малиот ненаселен остров Меркет во Балтикот има крајно мала и чудно обликувана копнена граница со финската автономна покраина Оланд.

Управа Традиционалните покраини во Шведска немаат административна улога, туку постојат само како културно-историски целини. Главниот административен округ (län) на покраината е Упсала, кој зазема најголем дел од територијата. Меѓутоа, најголем број од населеннието живее во округот Стокхолм. Мали делчиња од покраината влегуваат во окрузите Вестманланд, Јевлеборг и Седерманланд.

Географија Населени места Ваксхолм Еншепинг Ерегрунд Естхамар Јурсхолм Лидинге Нортелје Сигтуна Стокхолм Солна Сундбиберг Упсала

Факти Највисоко место:: Упландсбергет (117 м) Најголемо езеро: Меларен Архипелаг: Руслаген Национални паркови: Енгсе, Фернебофјерден

Население Упланд има 1.433.020 жители. Жителите се распоредени во следниве окрузи:

Округ НаселениеСтокхолм, делумно1.101.238Упсала, делумно330.683Вестманланд, делумно1.099

Историја Покраината Упланд за првпат јасно се споменува како таква во 1296, заедно со нејзините тогашни составни делови Фјердхундраланд, Атундаланд, Тиундаланд и Руслаген. Главниот град Стокхолм бил поделен на две покраини. Јужната половина му припаѓа на Седерманланд, а северната во Уплан.

Култура Археолошкото наоѓалиште Бирка и замокот Дротнингхолм се прогласени за светско наследство на УНЕСКО.

Наводи

Надворешни врски Упланд - туристички портал Упланд - туристички информации

Категорија:Покраини во Шведска