Проект Рунеберг (швед. Projekt Runeberg) е иницијатива по примерот на Проект Гутенберг за слободен пристап на дигитализирани книги од значење за културата и историјата на нордиските земји. Проектот почнал со архивирање на нордиска литература во in декември 1992, но денес има и отсликани факсимили на стари дела како „Нордиска семејна книга“ (Nordisk familjebok), партитури и дела од нордиски автори на латински јазик. Основач на проектот Ларс Аронсон, а негов вдомувач е Lysator.
Име Проектот го носи името на националниот поет на Финска, Јохан Лудвиг Рунеберг. Воедно е кованка од зборовите rune (руна) и berg (планина), што би се превело како „Планина од букви“. Името е одбрано и да биде слично на она на постариот проект „Гутенберг“.
Поврзано Отворена содржина Проект Гутенберг Старонордиски јазик
Наводи
Надворешни врски Проект Рунеберг
Категорија:Слободна содржина Категорија:Дигитални библиотеки