мини|Руското знаме е спуштено на половина копје над Кремљ во знак на жалост за жртвите од терористичкиот напад на Дубровка Московската театарска заложничка криза се случила на 23 октомври 2002 година кога околу 50 вооружени чеченски терористи на чело со Мовсар Барајев упаднале во московскиот театар Дубровка и како заложници зеле околу 850 луѓе. Како главен предуслов за ослободување на заложниците било повлекување на руските војски од Чеченија, и крај на Втората чеченска војна.
Заложничката драма траела до 26 октомври кога руските специјални служби спровеле акција за елиминација на терористите. Како резултат на акцијата биле ликвидирани сите терористи. 39 од напаѓачите биле убиени од страна на руските сили, заедно со најмалку 129 од заложниците (вклучувајќи девет странци). Сите, освен неколку од заложниците, кои починале за време на опсадата биле убиени од страна на токсична супстанција која била испуштена во театрот.Gas "killed Moscow hostages", ibid."Moscow court begins siege claims", BBC News, 24 December 2002 Употребата на гасот било широко осудено од страна на јавноста, но Москва на тоа одговорила дека постоел многу мал простор за правење на маневри бидејќи руските сили биле соочени со вооружени бунтовници кои биле подготвени да се убијат себеси заедно со заложниците..
Почеток
Заложниците биле заробени во Домот на културата Дубровка во Москва, Русија, околу 4 километри југоисточно од Московскиот Кремљ.. Во 21:00 требало да се одржи претставата Норд-Ост. Пред ова, околу 40 до 50 тешко вооружени и маскирани мажи и жени со автобус влегле во главната сала и започнале со заложничката драма"Chechen gunmen seize Moscow theatre" , CNN, 24 October 2002.
Маскираните Чеченци зеле околу 850 до 900 лица под своја контрола, вклучувајќи ги и членовите на публиката и изведувачите. Реакцијата на публиката во театрот на веста дека театрот бил под терористички напад била различна. Некои останале мирни, некои реагирале хистерично, додека други пак се онесвестиле. Некои од изведувачите биле зад сцената и успеале да побегнат преку прозорецот и да повикат полиција. Според некои податоци, околу 90 луѓе успеале да побегнат.
Водачот на терористите изјавиле дека тие немале никаква злонамера против странските државјани, кои биле околу 75 од 14 земји, вклучувајќи ги Австралија, Германија, Холандија, Украина , Обединетото Кралство и САД и истите ветиле дека ќе бидат ослободени по покажување на странски пасош. Руските преговарачи одбиле да ја прифатат оваа понуда и инсистирале дека треба сите заложници да бидат ослободени без разлика дали се странци или РусиA Foreigner's Nightmare in Dubrovka , The Moscow Times, 22 October 2007.
Барање
Напаѓачите биле предводени од страна на Мовсар Бараев, внук на убиениот чеченски терорист Арби Барајев, и се заканиле дека ќе ги убие заложниците доколку руските сили веднаш и бесусловно не се повлечат од Чеченнија. Тие изјавиле дека рокот за повлекување е една неделапо кое ќе започне убивање на заложниците"Hostage-takers 'ready to die'", BBC News, 25 October 2002.
Видеоснимката од страна на бунтовниците била пуштена од страна на медиумите. Следува неговиот текст"Gunmen release chilling video" , CNN, 25 October 2002:
Според Сергеј Јастржембски, кога им било кажано дека повлекувањето на војниците е нереално во толку краток период, дека тоа претставува многу долг процес, терористите изјавиле дека руските војници би можеле да се повлечат од било кое место и било каде во Чеченија, без да наведат точно од која област. Киднапираните лица барале да не биде употребена артилеријата и воздухопловните сили во Чеченија започнувајќи од следниот ден. Но од друга страна руските сили престанале со нападите од 28 септември. Самиот Владимир Путин изјавил дека има намера да прекине со вооружениот конфликт во Чеченија. Од моментот кога биле земани заложниците, во Републиката биле убивани во просек по три сојузни војници дневно.Hostage crisis refuels Chechnya debate, The Christian Science Monitor, 25 October 2002.
Мобилните телефонски разговори меѓу заложниците и нивните членови од семејствотоHostage Drama in Moscow: Hostage Voices; Cellphones Let Families Hear Ordeal Of Captives, The New York Times, 25 October 2002 откриле дека киднаперите биле снабдени со гранати, мини а експлозивни направи биле врзани околу нивните тела, а во целиот театар имало распоредено експлозив. Голем дел од тие експлозиви (вклучувајќи ги и оние кои биле прикачани на женските бунтовници) подоцна биле пронајдениThe October 2002 Moscow Hostage-Taking Incident (Part 1) by John B. Dunlop, Radio Free Europe Reports, 18 December 2003.Slaughter in Beslan , Hudson Institute, 23 November 2004. Терористите користиле арапски имиња во меѓусебниот разговот, а жените биле облечени во арапски стил кое било мошне необично за реонот од Северен КавказMoscow siege leaves dark memories, BBC News, 16 December 2002.
Потпаролот на чеченското сепаратистичко раководство изјавил дека нема информации околу тоа кои се напаѓачите и ги осудил нападите врз цивилното население. Про-рускиот исламски водач на Чеченија исто така го осудил нападотTerrorists seize Moscow theatre, BBC News, 23 October 2002.
Сите заложници биле држани во аудиториумот. Ситуацијата во салата била доста нервозна и истата се менувала во зависност од расположението на киднаперите, кои ги известувале медиумите. Напаѓачите дозволиле заложниците да направат телефонски повикChechen gunmen storm Moscow theatre, The Guardian, 24 October 2002. Заложниците ги користиле своите мобилни телефони за да им пренесат на властите да не упаднат во зградата, поради тоа што неколку камиони и полицајци претхдно ја опколиле зградата.Chechens Seize Moscow Theater, Taking as Many as 600 Hostages, The New York Times, 24 October 2002
Тек на кризата 23 октомври
Во 21:15 часот напаѓачите го зазеле театрот. Тие истакнале дека се подготвени да убиваат по десет заложници доколку руските сили не реагираат на нивните барања.Две жени успеале да побегнат (една од нив била повредена за време на бегството).Seven hostages freed in Moscow siege, BBC News, 25 October 2002
Една млада жена, Олга Романова, успеала да влезе во театрот и да се соочи со терористите. Таа ги повикала да ги ослободат заложниците. Терористите сметале дека се работи за агент на ФСБ, по кое била застрелана.
24 октомври
Руската влада понудила на киднаперите заминување во било која земја.. Заложниците поднеле жалба, најверојатно под притисок или наредба на терористите до Владимир Путин за прекин на воените дејства во Чеченија и воздржување од напад во зградата каде се наоѓаат тие. Поради кризата, Путин го откажал своето службено патување на средба со американскиот претседател Џорџ Буш и други светски водачи.Two hostages flee Moscow theatre, BBC News, 24 October 2002.
Познати јавни и политички личности, како Асламбек Аслаханов, Ирина Хакамада, Руслан Хасбулатов, Јосиф Кобзон, Борис Немцов и Григориј ЈавлинскиYavlinsky Describes His Role In Crisis , The Moscow Times, 4 November 2002 учествувале во преговорите со киднаперите. Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбаов исто така ја објавил својата подготвеност да дејствува како посредник во текот на преговорите. Милитантите, исто така, побарале претставници на Меѓународниот Црвен Крст и Организацијата Лекари без граници да ги водат преговорите. Полковникот на ФСБ, Константин Василев се обидел да влезе во дворот но бил застрелан. ФСБ полковник Константин Васиљев се обидел да влезе во двор на ТК, но бил застрелан во време приближува на зградата и го принуди да се повлече.
Според ФСБ, 39 заложници беа ослободени од страна на терористи на 24 октомври 2002 година, но тие повторно преку еден од заложниците се заканиле доколку Русија не ги исполни нивните барања. Преговорите за ослободување на не-руските државјани биле спроведени од страна на разни амбасади и Чеченците ветиле дека ќе ги ослободат. Киднаперите тврдиле дека се подготвени да ослободат 50 руски заложници ако Ахмад Кадиров, претседател на про-руската администрација во Чеченија, дојде во театарот, но Кадиров не одговорил на тоа барање, и ослободувањето не се случило.
Една водна цевка пукнала во текот на ноќта и го поплавила приземјето. Киднаперите го нарекле овој чин провокација. Потпаролот на ФСБ изјавил дека немало постигнат договор околу можното поправање на цевата.. Подоцна се дознало дека канализацијата била користена од страна на руските специјални службиHow special forces ended siege, BBC News, 29 October 2002.
25 октомври
Во текот на денот во преговорите се вклучиле Ана Политковскаја,Anna Politkovskaya, I tried and failed, The Guardian, 30 October 2002, Сергеј Говорукин и Марк Франчети како новинари, потпа Евгениј Примаков, Руслан Аушев и Асламбек Аслаханов. Терористите барале преговорите да се водат со официјален претставник на Владимир Путин. Роднините на киднапираните лица одржале антивоени демонстрации во центарот на Москва.
Терористите се согласиле да ослободат 75 странски државјани во присуство на дипломатски претставници на нивните држави. Руските власти наводно изјавиле дека не треба заложниците да се делат на странски и домашни. 15 руски државјани биле ослободени вклучувајќи 8 деца на возраст од 7 до 13 години. По состанокот со Путин, шефот на ФСБ Николај Патрушев понудил безбеден живот за Чеченците доколку ги ослободат и преостанатите заложнициChildren freed from Moscow siege, BBC News, 25 October 2002.
Група на руски лекари вклучувајќи д-р Леонид Рошал, шеф на медицинскиот центар за катастрофи, влегле во театарот за да донесат лекови за заложниците и изјавиле дека терористите не ги тепале или не им се заканувале на нивните заробеници. Тој изјавил дека поголемиот дел од заложниците биле смирени и дека само две до три биле хистерични. Од страна на Црвен Крст била донесена храна, топла облека и лековиNon-stop nightmare for Moscow hostages, BBC News, 25 October 2002.
Канал ХТВ направил интервју со Бураев, во кое тој испратил порака до руската влада:
Тој исто така изјавил дека неговата група била во Москва не за да ги убијат заложниците или да се борат со елитните руски војски, како што било случајот во Чеченија во текот на годините, туку за да стават крај на војната.
Во 21:55 биле ослободени четири заложници од Азербејџан, со кое вкупниот број на заложници кои биле ослободени во тој ден станал 19. По зајдисонце, еден човек идентификуван како Генадиј Влак успеал да влезе во театрот. Тој рекол дека неговиот син се наоѓа меѓу заложниците, но неговиот син наводно не бил таму па тој бил убиен.
26 октомври thumb|десно|Путин во посета на Медицинскиот центар каде биле сместени дел од заложниците. Во текот на ноќта, Ахмед Закаев, претставник на чечнските сили и соработник на сепаратистичкиот претседател Аслан Масхадов, апелирал до екстремистите и побарал од нив да се воздржат од избрзени дејствија. Заложниците изјавиле дека специјалниот претставник на претседателот Путин планира да дојде во театрот на разговор следниот ден. Двајца специјалци биле повредени околу зградата по фрлање на една граната од страна на терористите.
Во сабота наутро, на 26 октомври, руските сили Спецназ од ФСБ со помош на руските спедијални единици од полицијата го опкружиле театрот и упаднале во него, прво преку геј клубот Централна станица. Заменик министерот за внатрешни работи изјавил дека нападот бил потикнат од паниката меѓу заробениците. Од страна на кризниот штаб било изјавено дека биле убиени два заложници а раниле уште два.
Напад и крај на кризата
Рано наутро, во околу 05:00 часот по московско време, рефлектори го осветлиле главниот влез на театрот. По изведената прва акција од страна на руските сили станало јасно дека мистериозен гас бил испуштен во театрот.What was the gas?, BBC News, 28 October 2002. Специјални извештаи навеле дека станува збор за еден таен отвор кој бил направен од страна на службите, преку системот за вентилација или пак преку подиумската сцена. Отркивањето предизвикало паника во театрот.
Новинарката Ана Андринова, која била заложник дала соопштение: