мини|десно|Врвот на планината Демавенд, Иран thumb|Врвови на Кораб. Највисок врв на Кораб (и во Македонија) е Голем Кораб (2.764 м)
Во топографијата, врв е точка на површината на поголема надморска височина од сите други точки во нејзината околина.
Поимот „врв“ се однесува на планински врв со значајна топографска истакнатост (висина над најниската точка по пат кон најблискиот повисок врв) или доминантност (оддалеченост од најблиската точка со поголема надморска височина). На пример, еден голем камен или карпеста испакнатина до главниот врв на планината не се смета за врв. Врвовите близу некој повисок врв што имаат извесна истакнатост и доминантност, но не достигнуваат одредена висина се сметаат за „подврвови“ на повисокиот врв. Според Меѓународниот сојуз на планинарски здруженија (UIAA) за самостоен врв се смета врв со истакнатност од барем 30 м, а за планина се смета она возвишение со истакнатност од барем 300 мМеѓународен сојуз на планинарски здруженија . Ова може накратко да се претстави вака:
ПоимИстакнатостподврв< 30 мсамостоен врв30 м и повеќепланина300 м и повеќе
Чука е посебен вид на каменит врв на рид.„чука“, ж. - Дигитален речник на македонскиот јазик Обично ваквиот рид е поблаг од едната страна, додека од другата е доста пострмен и карпест.
Поврзано Крстовар Геоид Планина Планински врвови во Република Македонија
Наводи
Категорија:Картографија Категорија:Геодезија Категорија:Геологија Категорија:Физичка географија Категорија:Топографија Категорија:Планини Категорија:Планинарење Категорија:Премер