Елемент или член — некоја единица или предмет од каквишто се состои едно множество.
Множества Ако запишеме A = {1, 2, 3, 4 }, ова значи дека елементите на множеството A се броевите 1, 2, 3 и 4. Множествата од елементи на A, на пр. {1, 2} се подмножества на A.
Самите множества можат да бидат елементи. На пример, имаме множество B = {1, 2, {3, 4}}. Елементите на B не се 1, 2, 3 и 4, туку B има само три елемента: 1, 2 и множеството {3, 4}.
Елемент на едно множество може да биде било што. На пример, C = { црвена, зелена, сина } е множеството чиишто елементи се боите црвена, зелена и сина. Множеството без ниеден елемент се нарекува празно множество (се запишува со „{}“ или „“).
Запишување и терминологија Релацијата „е елемент на“ се нарекува и членство во множество и се означува со симболот ∈. Запишувајќи вака:
велиме дека „x е елемент на A“. Истоветни изрази се: „x е член на A“, „x припаѓа на A“, „ е во A“ и „x лежи во A“. Во употреба се и изразите „A го содржи x“ и „A го вклучува x“, но некои автори ги користат со значење „x е подмножество на A“. стр. 12
Наредбата за овој симбол во означувачкиот јазик LaTeX е „\in“.
Негацијата на членството во едно множество се означува со ∉.
Кардиналност кај множествата
мини|Разлики помеѓу подмножества и елементи на множества. Дел од серијалот теорија на множества. Бројот на елементи во дадено множество е својство наречено кардиналност (неформално речено, големина на множеството). Во горенаведениве примери, кардиналноста на множеството A изнесува 4, додека кардиналноста на множеството B и множеството C изнесува 3. Бесконечно множество е множество со бесконечен број на елементи, додека конечното множество има извесен (конечен) број на елементи. Горенаведените множества се примери за конечни множества. Пример за бесконечно множество е множеството на природни броеви, N = { 1, 2, 3, 4, ...}.
Примери Земајќи ги гореопределените множества: 2 ∈ A {3,4} ∈ B {3,4} е член на B жолта ∉ C Кардиналноста на D = { 2, 4, 8, 10, 12 } е конечна и еднаква на 5. Кардиналноста на P = { 2, 3, 5, 7, 11, 13, ...} (простите броеви) е бесконечна, како што докажал Евклид.
Наводи
Paul R. Halmos 1960, Naive Set Theory, Springer-Verlag, NY, ISBN 0-387-90092-6. Patrick Suppes 1960, 1972, Axiomatic Set Theory, Dover Publications, Inc. NY, ISBN 0-486-61630-4.
Категорија:Теорија на множествата
ru:Множество#Элемент множества