Поату-Шаранта () е сдминистративен регион во централнозападна Франција кој се состои од 4 департмани: Шаранта, Приморска Шаранта, Де Севр и Вјена. Регионот се наоѓа на територијата на Големиот француски југозапад со население од жители во 2008, со средна густина од 68 жители на км². На север се граничи со регионите Центар-Долина на Лоара и Лоарски Крај, на исток со Лимузен а на југ со Аквитанија. На западната страна излегува на Атлантскиот Океан. Главен град на регионот е Поатје.

Историја

Поату е историски регион во централнозападна Франција. Главен град е Поатје, воедно и поранешна престолнина на провинцијата. Регионот најпрво бил населен со Пиктони, галско племе, а потоа бил освоен од страна на Римјаните во 56 п.н.е. кои областа ја припоиле кон Галија како дел од провинцијата Аквитанија. Визиготите го освоиле регионот во 418 а под власта на Франките потпаднал во 507. Во 732- 733, Карло Мартел ја сопрел муслиманската инвазија на Западн Европа со победата во Битката кај Поатје. Од 10 до средината на 12 век, грофовите на Поату биле воедно и војводи на Аквитанија, а градот Поатје станал значаен центар. Во 1152, Поату потпаднал под англиска контрола преку бракот на Елеонора Аквитанска со Хенри II (подоцна крал на Англија). Регионот се обединил со француската Круна во 1416 и постоел како провинција на Франција сè до Француската револуција (1789–95), кога бил поделен на три департмана, Вјена, Де Севр, и Венде.

Демографија

Се верува дека од овој регион потекнуваат најмногу Акадијци и Кажуни од населението во Северна Америка (во местата Њу Бранзвик, Луизијана, Нова Шкотска, Островите Принц Едвард, Гасп (полуостров) полуостровот Гасп во Квебек, Мејн и Њуфаундленд .source: Dr. Carl Brasseaux, director of the Center for Louisiana Studies at The University of Louisiana in Lafayette, LA Нивните предци имигрирале од овој регион во Америка во текот на XVII и XVIII век. Отпрвин, овие француски имигранти од Поату се населиле во источна Канада, и воспоставиле земјоделско и приморско стопанство (сточарство и риболов). Ова подрачје на "Новиот Свет" Французите го нарекувале Аркадија според митот за изгубениот континент Аркадија. Потоа, после депортацијата во 1755 на Аркадијците од страна на Англичаните, истиот бил наречен Нова Шкотска (Nova Scotia). Денес во Франција населението што живее во овој регион се нарекува Пикто-Шаранти (Picto-Charentais).

Политика и администрација Регионалниот совет е составен од 56 члена. Со регионот раководи Сеголен Ројал припадничка на Социјалистичката партија на Франција и кандидат за претседател на претседателските избори во 2007.

Јазик Три регионални јазици, поатевински, сентожески јазик и лимузенски дијалект се зборуваат од помала група во регионот. Главно се користи официјалниот француски јазик.

Клима Климата во Поату-Шаранта е океанска Habitats faune-flore Natura2000 en Pays-de-Loire. Врнежите во текот на годината варираат меѓу 650 мм и 900 мм, повеќе застапени на североисток на регионот (северно во департманот Вјена) помалку на југозапад (брегот кај Приморска шаранта). Зимите се благи а летата топли. Забележани се, особено на брегот 2000 часови сончеви денови годишно. Снеговите и мразот се повремени и не траат долго.

Луѓе од Поату-Шаранта Карло Мартел: Дедото на Карло Велики кој ги поразил Арапите кај Поатје. Елеонора Аквитанска: родена во 1122, ќерка на грофот на Поату која се омажила за францускиот крал Луј VII од Франција, а потоа и за идниот крал на Англија Хенри II. На тој начин индиректно е една од клучните фигури за почетокот на Стогодишната војна. Франсоа I од Франција, роден како Франсоа Ангулемски, крал на Франција, роден во Коњак Франсоа Равајак, роден во 1577 близу Ангулем, познат по тоа што го убил кралот Хенри IV. Маркизата Франсоаз-Атенаис де Монтеспан е родена во овој регион (1640 -1707). Таа била позната љубовница на Луј XIV; Жан Моне : "таткото на Европа" е роден во Коњак во 1888. Франсоа Митеран Претседател на Република Франција од 1981 до 1995, роден во 1916 во Жарнак, каде воедно е и погребан.

Поголеми градови Ангулем Бресуир Шатлеро Коњак Ла Рошел Ниор Поатје Рошфор Раојан Сент

Наводи

Надворешни врски

Официјална страна на Регионалниот совет Офизијална страна за регионален туризам Краток туристички водич за Поату-Шаранта Младински портал за Поату-Шаранта

Категорија:Поранешни региони во Франција Категорија:Историски области во Франција Категорија:Нова Аквитанија Категорија:Држави и територии настанати во 1956 година Категорија:Држави и територии распаднати во 2015 година