Келнска катедрала (, службено , македонски: Висока катедрала на Светите Петар и Богородица) — римокатоличка црква во Келн, Германија. Седиште е на Келнскиот архиепископ (моментално кардиналот Јоаким Мајснер) и е под управа на администрацијата на католичката Келнска архиепископија. Позната е како споменик на христијанството, на германскиот католицизам особено, на готската архитектура и на продолжување на верата и упорноста на луѓето во градот во кој се наоѓа. Таа е посветена на Свети Петар и Пресвета Богородица. Катедралата е светско културно наследство, еден од најдобрите архитектонски споменици во Германија и најпознатата знаменитост на Келн, опишана од УНЕСКО како „исклучителна работа на човечкиот креативен гениј“. Таа е германската најпосетена знаменитост, привлекувајќи просечно над 20.000 луѓе во денот.Мал манастир на рајот, официјален филм, службена страница на Келнската катедрала. Retrieved 7 ноември 2010.

Изградбата на Келнската катедрала започнала во 1248 г. и траела, со прекини, до целосното завршување во 1880 г. Долга е 144,5 м долга, висока е 86,5 м, а кулите достигнуваат висина од 157 м. Катедралата е една од најголемите цркви во светот и најголемата готска црква во Северна Европа. Четири години, 1880-84, таа била највисоката градба во светот, до завршувањето на Вашингтоновиот споменик. Ги има вторите највисоки црковни куполи, единствено помали од единствената купола на Улмската катедрала, завршени 10 години подоцна во 1890. Поради нејзините огромни двојни куполи ја има најголемата фасада на една црква во светот. Хорот на катедралата, мерен помеѓу столбовите, исто така ја држи разликата на најголемиот сооднос на висина-ширина на некоја средновековна црква (3,6:1), надминувајќи ја дури и катедрала во Бове, која има малку повисок свод.Банистер Флечер, Историја на архитектурата на компаративен метод

Средновековните градители на Келн планирале голема градба како куќа на реликвијарор на Светите три крала и да се вклопува како место на богослужба за царот на Светото Римско Царство. И покрај тоа што е оставена недовршена за време на средновековниот период, Келнската катедрала на крајот станала единствено „ремек-дело на исклучителната внатрешна вредност“ и „моќно сведоштво на силата и упорноста на христијанското верување во средновековна и современа Европа“.

Историја

thumb|left||Дел од олтарот на Светите три крала од Штефан Лохнер.

Античко време

Кога сегашната Келнска катедрала била започната во 1248, местото била зафатено со неколку претходни градби, најраната од нив можеби била складиште за жито, најверојатно наследена од римски храма изграден од Меркуриус Августус. Од четвртиот век, местото било зафатено со христијански згради, вклучувајќи и квадратна градба позната како „најстарата катедрала“ и нарачана од Матернус, првиот Келнски архиепископ. Крстилницата од 6-от век се наоѓала на источниот крај на Катедралата. Крстилницата била уништена за изградба на старата катедрала во 9-от век. Сега, единствено урнатините на крстилницата останале.Крстилницата позади катедрала Втората црква, т.н. „Стара катедрала“, била завршена во 818. Оваа изгорела на 10 април 1248 година.

Почеток на средниот век

thumb|Недовршена катедрала, 1856 со древен кран на јужната кула.

Во 1164, Келнскиот архиепископ Рајналд фон Дасел се стекнува со моштите на Светите три крала, кои биле земени од базиликата Санто Еусторџио, Милано, Италија од светиот римски цар, Фридрих I Барбароса. (Делови од моштите подоцна биле вратени во Милано.) Моштите имаат големо верско значење и можат да се сметаат за големиот број на аџиите од целиот христијански свет. Важно е за свештенството дека тие се добро заштитени. Загубата на старата петокорабна катедрала предизвика изработување на програма за изградба во новиот стил на готската архитектура, особено забележлив на француската катедрала од Амјен.

Камен-темелникот бил поставен на 15 август 1248 од архиепископот Конрад фон Хохштаден. Источниот крак бил завршен под водство на мајсторот Герхард, бил осветен во 1322 и запечатена со привремен ѕид, така што може да биде во употреба. Во средината на 14-от век работата на западниот крај заврши под водство на мајсторот Михаил. Оваа работа запрела во 1473, оставајќи ја јужната кула до камбанариско ниво и крунисана со голем кран, кој бил наменет да остане на местото и да биде знаменитост на небото на Келн, повеќе од 400 години.Wim Swaan

Некои работи продолжија со прекини на градбата на наосот помеѓу западниот крај и источниот крак, но во текот на 16-от век овие работи прекинале.Вим Сван го дал крајниот датум како 1560, но датумот во 1520 е сметан од другите експерти.

thumb|upright|left|Завршената катедрала во 1911.

Завршувањето во 19-от век

Со замената на романтичниот ентузијазам за средниот век и поттикнати од среќното откривање на првичниот план за фасадат, било одлучено со дозвола на протестантскиот пруски суд, да се доврши катедралата. Тоа било постигнато со граѓанскиот напор; Здружението за катедралата], основано во 1842, собрале две третини од огромните трошоци (над 1 милијарди долари во денешни пари), додека пруската држава ги испорача останатата една третина. Државата го виде тоа како начин да ги подобри нејзините врски со големиот број на католички субјекти уште од 1815.

Работите продолжиле во 1842 по првичниот дизајн на преживеаните средновековни планови и нацрти, но користење на повеќе современи градежни техники, вклучувајќи ги железните носачи на покривот. Наосот бил завршен и кулите биле додадени. Ѕвоната биле поставени во 1870-тите.

Завршувањето на германската најголема катедрала било прославено како национален празник на 14 август 1880, 632 години откако изградбата почнала. На прославата присуствувал и императорот Вилхелм I.

Втора светска војна и повоената историја

Катедралата претрпела седумдесет удари при воздушните напади во текот на Втората светска војна. Но, не се урнала и останала да стои над инаку срамнетиот град. Големите двојни куполи биле користени како лесно препознатливи навигациски знаменитости при сојузничките бомбардирања длабоко во Германија во доцните години на војната, што можеби е и причина поради што катедралата не е уништена. Американските војници во јуни 1945 година ја користеле катедралата како опсег на пукање.Месеци во темнина, д-р Хајнрих Шнајдер, 1955

thumb|Американски војни и уништен Пантер (тенк), 4 април 1945.

Поправките на зградата биле завршени во 1956. Во основата на северозападната кула, итна поправка била извршена во 1944 со тули од лош квалитет земени од соседните воени руини, видливи до 2005, како потсетник на Војната, но тогаш било одлучено да се реконструира овој дел, според својот првобитен изград. Дополнување на тулите може да се види на сликата од десно.

Некои поправки и одржувања постојано се вршат на некои делови од зградата, која скоро никогаш целосно не е ослободена од скелиња, бидејќи ветерето, дождот и загадувањето полека ги јадат камењата. Dombauhütte, која била формирана со цел да се изгради и поправа катедралата, било кажано да се вработат најдобрите мајстори на камења во Рајнската област. Тоа е позната шега во Келн, во која водачот на Dombauhütte, Dombaumeister (мајсторот градител на катедралата), треба да е Католик и ослободен од вртоглавица. Моментална, Dombaumeisterin е Барбара Шок-Вернер. Половина од трошоците за поправки и одржување сè уште се на товар на Dombauverein.

На 25 август 2008, катедралата добила нов витраж на јужниот трансептички прозорец. Со 113 квадратни метри стакло, прозорецот бил создаден од германскиот уметник Герхард Рихтер. Тој е составен од 11.500 делови со идентична големина на обоено стакло слични на пикселите, случајно организирани од компјутер, кои создаваат шарен „тепих“. Од губењето на првичниот прозорец во Втората светска војна, просторот бил привремени исполнет со обично стакло.Герхард Рихтер ја дигитализира Келнската катедрала, Гугл превод од германски на англиски, Првичен германски напис Архиепископот на катедралата, кардиналот Јоаким Мајснер, кој повеќе обожувал фигуративен опис на католичките маченици на 20-от век за самиот прозорец, не присуствувал на отворањето.

Светско културно наследство

Во 1996, катедралата била додадена на списокот на светското културно наследство на УНЕСКО, како важно културна знаменитост. Во 2004, била на списокот на списокот на „светско културно наследство во опасност“, како единствено западно културно наследство во опасност, поради плановите за изградба на висококатница во близина, што визуелно би влијаело на катедралата. Катедралата била отстранета од списокот на загрозени наследства во 2006, откако следела одлуката на властите за ограничување на висината на зградите изградени во близина и во околината на Катедралата.

Како светско културно наследство и нејзината удобна позиција на туристичките рути, Келнската катедрала е главна туристичка атракција меѓу посетители, вклучувајќи ги и оние кои патуваат таму како христијанско поклонение.

Посетителите може да ги искачуваат 509 камени скали на спиралните скали на платформата за набљудување околу 98 метри над површината. Платформата дава сценски поглед врз Рајна.

На 18 август 2005, папата Бенедикт Шеснаесетти ја посетил катедралата во текот на неговата апостолска посета на Германија, како дел од манифестацијата светскиот ден на младите 2005. Се очекува околу еден милион верници да ја посетат катедралата во текот на овој настан. Исто така, како дел од настаните по повод Светскиот ден на младите, Келнската катедрала била домаќин на телевизискиот гала-настан на Missa Solemnis на Бетовен, во изведба на Кралскиот филхармониски оркестар и Лондонскиот филхармониски хор под дирегентската палка на сер Џилберт Левин.

Архитектура

thumb|upright|Наосот гледан од лево

Дизајнот на Келнската катедрала била тесно заснована на катедралата од Амјен во однос на основниот план, стилот, како и ширината и висина на централниот наос. Планот е во обликот на христијанскиот крст, како што е вообичаено кај готските катедрали. Има две патеки на секоја страна, кои даваат поддршка на највисоките готски сводови во светот, високи речиси како несреќната катедрала во Бове, многу од нив пропаднати. Источниот крај има едноставно шеталиште, додека втората патека содржу седум капели.

Внатрешно, средновековниот хор е повеќе различен и помалку механичен во неговите детали, отколку во зградата на 19-от век. Тој претставува француски стил на уредување на многу високата аркада, деликатна тесна галерија и со спојување на прозорците нагоре има бројни детали. Прозорците се високи и содржат некои стари делови на старо фигуративно стакло во долните делови. Целата е обединета со високи отвори, кои се движат од падот, па сè до сводот.

Хорот има задржани голем број првични делови, вклучувајќи ги преплетените прегради. Големата камена скулптура на Свети Кристофер гледа надолу кон местото, каде бил поранешниот влез на катедралата, пред нејзиното завршување во доцниот 19 век.

Наосот е зајакнат со витражни прозорци од 19-от век, вклучувајќи и збир од пет на јужната страна, наречени „Bayernfenster“ (Баварски прозорци), кои се добиени на подарок од Лудвиг I Баварски, збир на важни претставници во сликарството во Германија во тоа време.

Однадвор, особено од далечина, на зградата доминираат нејзините огромни куполи кои се целосно германски во нивниот карактер, кои биле урнек на оние од Улм, Виена и Регенсбург.Вим Сван, Банистер Флечер

Богатства

Едно од богатствата на катедралата е високиот олтар, кој бил направен во 1322. Направен е од црн мермер, со солидна плоча од 15 метри до врвот. Предната страна и страните се помешани со бел мермер, на кои се поставени фигурите, со крунисувањето на Богородица во центарот.Џоан Холидеј, Иконографија на високиот олтар во Келнската катедрала, (1989)

thumb|left|Ковчегот на Светите три крала.