Либек (; службено: Ханзин град Либек) — втор најголем град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во Северна Германија и е едно од најголемите пристаништа во Германија. Градот претставува најголем град во сојузната покраина, гледано по површина. Неколку века бил „главен град“ на Ханзата (наречен уште и Кралица на Ханзата), а поради неговото архитектонско наследство во стилот на тулна готика, е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.

Се наоѓа на реката Траве, Либек е најголемото германско пристаниште на Балтичкото Море. Стариот дел на градот се наоѓа на остров во реката Траве. Каналот Елба-Либек го поврзува Траве со реката Елба. Друга важна река во близина на градот е Вакениц. Автопатот А1 го поврзува Либек со Хамбург и Данска. Округот Травеминде е приморско одморалиште и пристаниште за фериботи на брегот на Балтичкото Море.

Големи градови во близина се Хамбург, 65 километри југозападно, Кил, 78 километри северозападно, и Шверин, 68 километри југоисточно. Од април 2012 година Либек припаѓа на европската метрополитенска област Хамбург. Ханзинот град е исто така познат и како „Градот на Седумте Камбанарии“ и „Порта на Северот“.

Географија

Градот се наоѓа во Северногерманската Низина во долниот тек на Траве, пловна река, која тече околу 17 километри од Стариот град до градскиот округ Травеминде, пред да се влие во Балтичкото Море. Стариот град се наоѓа на еден рид, ада помеѓу водотоците на Траве и на Вакениц. Подалеку поминува Каналот Елба-Либек низ градската област од Крумесе до Траве. Околната област припаѓа на источнохолштајнската ридеста околина. Географската положба на Траве, кратко пред да се влие кај Травеминде, му овозможила развој на градот како пристаниште на Балтичкото Море и била темел на неговиот извонреден подем во северноевропски центар во средновековниот период.

мини|Поглед од Св. Петар на север со Св. Богородица мини|Поглед на исток мини|Поглед на југ со катедралата мини|Поглед на запад и Траве

Градски единици

Од 28 септември 1972 година, градот Либек службено е поделен на десет градски делови. Ова понатаму се поделени на вкупно 35 градски окрузи. Десетте градски делови со нивните службени броеви и бројот на населението на градските делови:

01 Стар Град („Lübecker Altstadt“) (околу 13.500 жители) 02 Санкт Јирген („St. Jürgen“) (околу 44.000 жители) 03 Мојслинг („Moisling“) (околу 10.000 жители) 04 Бунтеку („Buntekuh“) (околу 10.500 жители) 05 Санкт Лоренц-Југ („St. Lorenz-Süd“) (околу 14.500 жители) 06 Санкт Лоренц-Север („St. Lorenz-Nord“) (околу 42.000 жители) 07 Санкт Гертруд („St. Gertrud“) (околу 41.000 жители) 08 Шлутуп („Schlutup“) (околу 6.000 жители) 09 Кикниц („Kücknitz“) (околу 18.000 жители) 10 „Травеминде („Travemünde“) (околу 13.500 жители)

Соседни општини

Следниве општини, со исклучок на три општини, кои се наоѓаат во покраината Мекленбург-Западна Померанија, се наоѓаат во Шлезвиг-Холштајн, се граничат со градот Либек:

Северозападен Мекленбург во Мекленбург-Западна Померанија: град Дасов (Петениц), Зелмсдорф и Водачсдорф (сите во Шенбергер Ланд) Војводство Лауенбург: Грос Гренау и Грос Зарау (обете во Лауенбуршки Езера), Клемпау, Крумесе, Рондесхаген и Блисторф (сите во Беркентин) како и Грос Шенкенберг (Зандеснебен) Штормарн: Клајн Везенберг, Везенберг, Хамберге, Бадендорф, Хајлсхоп и Менкхаген (сите во Северен Штормарн) Источен Холштајн: Штокелсдорф (слободна општина), Бад Швартау (слободен град) како и Ратекау и Тимендорфер Штранд (обете слободни општини)

Клима

Поплава

Пониските области на градот, како и оние поблиску од водата, постои опасност да биде поплавени преку поврзаноста на Либек со Балтичкото Море преку Траве. На една од зградите во Либек постои спомен-плоча за сеќавање на големата поплава од 13 ноември 1872 година, кога е постигнато тоа ниво на вода.

Историја

Областа околу Либек била населена по последното Ледено доба. Неколку неолитски долмени може да се најдат околу областа.

Околу 700 година Словените започнале да доаѓаат во источните делови на Холштајн, кој претходно бил напуштен од многуте германски жители во текот на Големата преселба на народите. Во раниот век Карло Велики имал обиди за христијанизација на областа, кои биле отфрлани од Сасите, поради што тие се иселиле и го остапиле местото на полапските Словени, кои му биле сојузници на Карло Велики. Лубице („убаво“) бил основан на бреговите на реката Траве околу четири километри северно од денешниот градски центар на Либек. Во век, станала најважна населба на Ободритската Конфедерација и бил изграден и замокот. Населбата била запалена во 1128 година од паганските Рани од Риген.

Современиот град бил основан од Адолф II, гроф на Шауенбург и Холштајн, во 1143 година, како германска населба на речниот остров Буку. Тој изградил нов замок, кој бил првпат споменат од Хелмолд во 1147 година. Адолф морал да го отстапи замокот на Хенрик Лав во 1158 година. По падот од власта на Хенрик во 1181 година, градот следните осум години станал царски град. Царот Барбароса му доделил на градот Совет со дваесет членови, кој опстоил до век. Советот бил управуван од трговците и тоа предизвикало политиката на Либек со векови да биде водена од страна на трговските интереси.

Во периодот потоа, градот и замокот ја менувале сопственоста и биле дел од Војводство Саксонија до 1192 година, на Грофовија Холштајн до 1217 година и дел од Данска до Битката кај Борнхевед во 1227 година.

мини|лево|upright|Печатот на Либек, 1280

Околу 1200 година, пристаништето станува главна точка на поаѓање за колонистите, кои заминувале во балтичките територии освоени од страна на Ливонскиот ред и подоцна од Тевтонскиот ред. Во 1226 година, царот Фридрих II го зголемил градскиот статус на слободен царски град, со што настанал Слободниот Град Либек.

Во век Либек станал „Кралица на Ханзата“, станувајќи далеку најголем и најсилен член на оваа средновековна трговска организација. Во 1375 година, царот Карло IV го именувал Либек како еден од петте „Гордости на царството“, титула што ја делел со Венеција, Рим, Пиза и Фиренца. Неколку конфликти околу трговските поволности биле воделе од Либек и Ханзата против Данска и Норвешка со различни резултати. Додека Либек и Ханзата преовладувале во конфликтите во 1435 и 1512 година, Либек изгубил кога започнала Грофската расправија, граѓанска војна која беснеела во Данска од 1534 до 1536 година. Либек, исто така, се приклучил и на Шмалкалденскиот сојуз.

По поразот во Грофската расправија, Либек полека ја губел моќта. Градот успеал да остане неутрален во Триесетгодишната војна, но со уништувањата поради децениската војна и новата трансатлантска ориентација на европската трговија, Ханзата како и Либек ја изгубиле својата важност. Но, откако Ханзата била де факто распуштена во 1669 година, Либек сè уште останал важен трговски град на Балтичкото Море.

Големиот данско-германски композитор Дитерих Букстехуде (роден во денешна Шведска) станал оргулар во црквата Св. Богородица во Либек во 1668 година и останал на служба најмалку до 1703 година.

Во текот на војната на Четвртата коалиција против Наполеон, војниците на Бернадоте го окупирале неутралниот Либек по борбата против Блихер на 6 ноември 1806 година. Под континенталната блокада, блокот пропаднал и од 1811 до 1813 година Либек бил формално припоен како дел од Франција, до Виенскиот конгрес во 1815 година.

Во 1937 година, нацистите го донеле т.н. Закон за голем Хамбург, со што блискиот Хамбург бил проширен, со што ги опфатил градовите кои формално ѝ припаѓале на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн. За да ѝ ги надоместат овие загуби на Прусија (и делумно поради личното недопаѓање на Хитлер на Либек, откако го одбил за држење говор во 1932 година„Либек: Градот кој му кажа не на Хитлер“ , Сајмон Хефер, www.telegraph.co.uk, 28 јуни 2010.), 711-годишната независност на Либек била прекината и скоро цела нејзина територија била припоена кон Шлезвиг-Холштајн.

мини|Либек, век мини|Либек во 1641

Во текот на Втората светска војна, Либек бил првиот германски град кој бил нападнат од значителен број на кралските воздушни сили. Нападот на 28 март 1942 година создал огнена стихија, која предизвика сериозни оштетувања на историското јадро. Бомбардирањето на Либек во Втората светска војна уништило три од главните цркви и големи делови од градот. Во близина на градот постоел камп за воени заробеници, Офлаг X-C, кој функционирал од 1940 до април 1945 година. Либек бил окупиран без претходен отпор од британската втора армија на 2 мај 1945 година.

На 3 мај 1945 година, една од најголемите катастрофи во поморската историја се случува во Либечкиот Залив, кога бомбардери на Кралските воздушни сили потопиле три бродови — „Кап Аркона“, „Дојчланд“ и „Тилбек“ — кои, непознато за нив, биле преполни со затвореници од концентрациските кампови. Биле убиени околу 7.000 луѓе.

Населението на Либек се зголемило значително од околу 150.000 во 1939 година на повеќе од 220.000 жители по војната, што се должело на приливот на етнички Германци протерани од поранешните источни територии на Германија.

Либек останал дел од Шлезвиг-Холштајн по војната (и се наоѓал во рамките на Западна Германија). Се наоѓал непосредно на внатрегерманската граница во текот на поделбата на Германија на двете сопернички држави во периодот на Студената војна. Јужно од градот, границата ја следела реката Вакениц, која ги раздвојувала двете држави на помалку од 10 метри во многу делови. Најсеверниот граничен премин бил во округот Шлутуп, во Либек. Обновеното историско градско јадро на Либек станало светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 година.

Либек бил местото на познатиот уметнички скандал во 1950-тите. Лотар Малскат бил ангажиран за обновата на средновековните фрески во црквата Св. Богородица во Либек, кои биле откриени на ѕидовите во внатрешноста, откако катедралата била сериозно оштетена во текот на Втората светска војна. Наместо тоа, тој насликал нови дела кои ги претставил како реставрирани, а со тоа измамил многу експерти. Владата на Западна Германија отпечатила 2 милиони поштенски марки со ликот на фреските. Меѓу новите дела на Малскат, биле и диви мисирки, кои биле непознати во Европа во текот на средниот век. Некои експерти го сметале ова како доказ за рано откривање на Америка од Викинзите. Малскат подоцна го признал делото. Инцидентот одигрува значајна улога во романот „Стаорецот“ на Гинтер Грас.

Во ноќта на 18 јануари 1996 година, оган избувнал во домот на странски бегалци, убивајќи 10 луѓе и 30 потешко повредени, најмногу деца. Додека за повеќето од жителите на засолништето биле очигледни расистичките мотиви,„Brandspuren im Gesicht, Ermittlungen zur Lübecker Asylheim-Katastrophe“ DER SPIEGEL 23/1996, 3 јуни 1996. полицијата и локалниот суд го исклучиле расистичкиот мотив уште пред да ја почнат прелиминаторната истрага.Хановерше Алгемајне Цајтунг, 5 март 2005

Инцидентот не е разјаснет до ден денес.

Култура и знаменитости

мини|Градско собрание мини|Брод-светилник Фемарнбелт пред концертниот и конгресниот центар мини|Болница „Св. Дух“, една од најстарите општествените установи на Либек (1260) мини|Типична градска куќа мини|Егидинштрасе и камбанаријата на црквата Св. Егидиј

Стар град

На 14 декември 1987 година одредени зачувани делови на средновековното градско јадро на островот на Стариот град биле прогласен како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Со тоа првпат во Северна Европа бил прогласен цел град како светско културно налседство. Притоа, решавачки бил самиот карактер на Стариот град кој се развивал во околината на Балтичкото Море во средновековниот период, кој пружал извонредна градска панорама со седумте камбанарии на петте главни цркви.