Врањевци — поранешно село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Географија Селото лежи во средишниот дел на Битолското Поле, на надморска височина од 660 метри, а од градот Битола е оддалечено 17 километри. Поради проширување на рудникот Суводол во 1961 година, селото било напуштено и денес е целосно раскопано и уништено.

Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врањевци живееле 230 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Врањевци имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врановци се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 24 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е целосно раселено, така според пописот од 2002 година во селото не се забележани жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Врањевци било чисто македонско село.

Родови во Врањевци биле: Ерговци (8 к.), Мушковци (2 к.), Јосифовци (2 к.), Пашовци (2 к.) и Шишковци (2 к.) за овие родови се вели дека се многу стари, возможно е да се староседелци; Шаторовци (6 к.), Ристевци (6 к.) и Шуплевци (3 к.) доселени се однекаде; Мегленчани (2 к.) доселени се од селото Мегленци во XIX век; Шкорлевци (2 к.) доселени се на крајот од XIX век од селото Арматуш.

Цркви

Црква „Св. Теодор Тирон“; Црква „Св. Димитриј“;

Археолошки наоѓалишта

Археолошки наоѓалишта

Поројница — некропола од римско време;

Личности Цане Здравковски (1936 - 2010) - македонски писател;

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Општина Новаци Категорија:Битолски села Категорија:Села во Македонија

Категорија:Раселени села во Македонија