Бјеловарско-билогорската жупанија () е административен регион во северозападна Република Хрватска. Во економски поглед, оваа жупанија е најсилна земјоделска жупанија во Хрватска.
Население
Бјеловарско-билогорска жупанија
Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 133.084 жители (3% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 50 жители на км2. Етничкиот состав е следниот: Хрвати 82,6 %, Срби 7.1 %, Чеси 5,3%, Унгарци 0,9 % а останатите 4,1% и други. Во оваа жупанија живеат најмногу припадници на чешкото малцинство во Хрватска. Според пописот од 1991 година, етничкиот состав изгледал вака: Хрвати 67,88%, Срби 16,14%, Бошњаци, Албанци, Роми и останати 8,74%, Чеси 5,82%, Унгарци 1,40%
Бројот на жители низ годините
година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 style="background: bgcolor="#C2B280" | 1857
|бр. на жители''' 133,084 144,042149,551157,811167,599170,651166,485173,597162,453163,039150,825130,901101,42095,98184,893
Политика Моментален жупан е Мирослав Чачија. Собранието се состои од 43 пратеници: Хрватска Селска Партија (ХСП) 15 Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) 9 Социјалдемократска партија на Хрватска (СДПХ) 8 Хрватска Социјално Либерална Партија (ХСЛП) 4 Хрватска Народна Партија (ХНП) 2 Хрватски Блок (ХБ) 4 независен кандидат 1
Географија Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓа во источниот дел на централното подрачје на Хрватске. На север се граничи со Копривничко-крижевачката, на североисток со Вировитичко-подравската, на југ со Сисачко-мославинската жупанија и на запад со Загребската жупанија. Опфаќа простор на четири карактеристични географски целини: Билогорје (северно и североисточно), граничните масиви Папук и Равна гора (источно), Мославачкото горје (југозападно), и долината на реките Чесма и Илова (западно, централно и јужно). овој регион се одликува со благи ритчиња и со речни долини кои поминуваат низ глинесто-чакалска низина. Населбите во жупанијата често се надоврзани една на друга, со што се формирани долги низи на села, долги и по неколку километри.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
Бјеловарско-билогорската жупанија зазема површина од 2.652 км2, што е 3,03% од вкупната површина на Хрватска и на нејзиното подрачје живеат 131,343 жители (според пописот од 2001 година), што изнесува околу 3% од населението во Хрватска. Средиштето на жупанијата е градот Бјеловар со 41.083 жители што сочинува 31,3% вкупниот број на жители на жупанијата. Бјеловар е политичко, културно и економско средиште на жупанијата.
Стопанство На подрачјето на Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓаат значајни извори на нафта, земен гас, кварцен песок, глина и термални води. Во жупанијата најзастапено е производството на храна и сточарството, што резултира си значајно производство на млеко и месо. Освен земјоделство, во жупанијата е развиената прехранбената, дрвната, металопреработувачката и текстилната индустрија.
Надворешни врски Официјален портал
Наводи
Категорија:Жупании во Хрватска