Одговорноста за Германскиот образовен систем е пред сè на сојузните држави (Bundesländer) додека федералната влада игра само мала улога. Опционалното образование како што е детската градина (забавиште) се обезбедува за сите деца од три до шестгодишна возраст и после тоа училиштето е задолжително од 11 до 12 години. Системот се разликува во Германија бидејќи секоја земја (Land) одлучува за своите образовни политики. Сепак повеќето деца го посетуваат основното училиште (Grundschule) од шест до десет или дванаесет години. Германското средно образование опфаќа пет типови на училишта. Гимназијата се планира за да ги подготвува учениците за факултетско образование и завшува со последно испитување Abitur, после 12-то или 13-то одделение. Realschule има поширок опсег за нагласување на среденети ученици и завршува со последно испитување Mittlere Reife после 10-то одделение; Hauptschule ги потготвува учениците за стручно образование и завршува со последно испитување Hauptschulabschluss по 9-то или 10-то одделение а испитот на Realschulabschluss после 10-то одделение. Има две видови на 10-то одделение: едното е повисоко ниво и се вика 10б и другото е пониско ниво и се вика 10а; само повисокото ниво 10б води до Realschule и завршува со последното испитување Mittlere Reife после одделението 10б. Овој нов пат за постигнување на Realschulabschluss во стручно средно образование го измени законот за образовни правила во 1981 г. – со квалификување во текот на една година. По промената на новите правила во текот на една година, учениците можат да продолжат во 10-то одделение за да го исполнат законскиот период на образованието. После 1982, новиот пат беше задолжителен, како што е објаснат погоре. Освен тоа има и Gesamtschule кое ги комбинира приодите. Исто така има и Förderschulen/Sonderschulen. Еден од 21 ученици го посетува Förderschule. Сепак Förderschulen/Sonderschulen можат да водат, во посебни случаи, до Hauptschulabschluss од двата видови 10а или 10б кој подоцна е Realschulabschluss. Германските ученици одат во училиште само во утро и каде што не се служува ручек. Има повеќе домашни работи, големо нагласување на „трите Р„ и слободни активности. Ниски цени или бесплатно високо образование може да се наоѓа во германскиот Abitur. Многу германски институции од 100 или повеќе чинат малку или без школарина. Но, студентите морат да докажат преку испитувања дека се кваливикувани. За да се оди на универзитет, студентите морат да го положат испитот т.н. Abitur; сепак од 2009 г. тие со (Meisterbrief ) диплома за занает можат исто така да аплицираат. Тие што сакаат да одат на „Универзитет за применети науки„ треба да имаат Abitur, Fachhochschulreife или Meisterbrief. Во отсуство на тие кваливикации учениците се кваливикуваат да одат на универзитет или Универзитет за применети науки ако тие можат да претставуваат дополнителен доказ дека се способни да продолжат со колегите (види: Begabtenprüfung and Hochbegabtenstudium). Посебниот систем за калфување наречен Duale Ausbildung им овозможува на учениците да посетат стручни курсеви за обучување во компанија како и во државно училиште. Новата Програма за меѓународни ученички процени (ПИСА) прикажал сериозни слабости во перформансите на германските ученици. Во тестот на 43 земји во 2000 година, Германија е рангирана 21а во читање и 20та во математика и природните науки, поттикнувајќи повици за реформи. Во 2006 година, германските ученици ја подобрија својата позиција во однос на претходните години, рангирани (статистички) значително над просекот (ранг 13) во научните вештини и статистички значително не над или под просекот во математички вештини (ранг 20) и вештини за читање (ранг 18). Испитувањето од ПИСА утврди големи разлики во постигнувањата помеѓу студентите кои одат на различни видови на Германски училишта. Според Јан Мартин Виадра: Конзервативците го ценат успехот на гимназијата која за нив е најдобрата форма на школување и навистина таа е број еден во табелата на ПИСА. Но тоа што тие сакаат да го заборават е дека овој успех дојде како резултат на катастрофата во Hauptschulen. Некои претставници на германските учители и еден број на уметници ги оспорија наодите на ПИСА. Докажувајќи помеѓу другото дека прашањата беа лошо преведени, дека примероците потготвени во некои земји не беа претставници, дека Германците (повеќето од нив немаат никогаш порано направено тестови со повеќе избори) беа дискриминирани наспроти прашањата со повеќе избори, дека прашањата од ПИСА немаа наставна важност и дека ПИСА беше всушност „IQ-test„ што според нив покажа дека во Германија се работи за негенетска плодност. Статистиките од 2008 година во Северна Рајна-Вестфалија покажува дека 6.4% од сите студенти немаат добиено дури ни Hauptschulabschluss, сепак не сите од нив го напуштиле средното училиште, додека многу од нив беа деца со посебни потреби кои добиват посебни уверенија за напуштање на училиштето. Само 3.3% го напуштија училиштето без да добиваат некоја диплома.

Животот во Германското училиште

Преглед на Германскиот образовен систем

Ниво на одделение Возраст Ниво на училиште(Берлин/Бранденбург) Ниво на училиште(остатокот во Германија) 1 6/7 2 7/8 3 8/9 примарно 4 9/10 примарно 5 10/11 6 11/12 7 12/13 Секундарно, прв дел Секундарно, прв дел 8 13/14 Родителите кои бараат соодветно училиште за нивните деца имаат голем избор на основните училишта: Државно училиште. Државните училишта не плаќаат школарина. Мнозинството на учениците ги посетуваат државните училишта во нивното соседство. Училиштата во богатоте области имаат тенденција да бидат подобри од тие во сиромашните области. Откако децата достигнуваат училишна возраст многу семејства од средна класа и работничка класа се движат подалеку од сиромашните области. или, алтернативно

Валдорф Школа (206 училишта во 2007 година) Монтесори Метод Школа (272) Freie Alternativschule (Слободна алтернативна школа) (85) Протестантски (63) или Католички парохиски (114) училишта Откако децата завршуваат со основно образование ( во возраст од 10 години, 12 во Берлин и Бранденбург), има четири опции за секундарно школување: Hauptschule (најосновното академско, многу слично на модернизирано Volksschule (основно училиште) до деветто одделение (со Hauptschulabschluss и во многу случаи со Mittlere Reife = Realschulabschuss како завршен испит); во некои Германски држави Hauptschule не постои и учениците наместо тоа се насочуваат кон Mittelschule или Regionale Schule. Realschule до десетто одделение (со Mittlere Reife (Realschulabschluss) како завршен испит) Gymnasium (граматичко училиште) до 12то или 13то одделение ( со Abitur како завршен испит со квалификување за универзитет), и Gesamtschule (согледувачко училиште) После успешното завршување на сите горенаведени училишта, учениците можат да запошнат кариера со калфување во Berufsschule (стручно училиште). * Berufsschule обично се посетува двапати неделно за време на две, три или два и пол годишно калфување; другите денови се поминуваат работејќи во компанија. Ова е наменето за да се овозможи познавање на теоријата и практиката. Компанијата е задолжена да ги прими калфите на калфувачката шема. После ова, калфата се регистрира во списокот на Industrie- und Handelskammer IHK (Оддел за индустрија и купо-продажба). За време на калфувањето, калфата е вработен со половина работно време во компанијата. По завршувањето на Berufsschule и по завршувањето на завршните испити на IHK се доделува диплома и младиот човек е подготвен за кариера во ниво на низок менаџмент. Во некои места, шемите ги научуваат на одделни вештини коишто се законски условени специјални позиции во банка или законски помошници. Некои посебни области овозможуваат различни патеки. После посетувањето на било кој од горенаведените училишта и при добивањето на завршна диплома (Hauptschulabschluss) - Mittlere Reife (FOR) или Mittlere Reife, (Realschulabschuss од Realschule); или Abitur од Gymnasium или Gesamtschule, тие што го завршуваат училиштето можат да започнат кариера со калфување во Berufsschule (стручно училиште). Тука ученикот е запишан со определени дела, на пример партнерства како што се German Bar Association Deutsche Rechtsanwaltskammer GBA (управен одбор). За време на калфувањето младиот човек е вработен со половина работно време и со половична плата во институција, банка, лекар или адвокатска канцеларија. По заминувањето од Berufsfachschule и положувањето на завршниот испит составен од German Bar Association или други важни здруженија калфата прима диплома и е подготвен за кариера во сите нивоа освен во позиции коишто бараат специфични повисоки дипломи, како што е докторатот. Во некои области калфувачката шема подучува вештини коишто се барани од законит вклучувајќи определени позиции во банка или како законски помошници. 16-те земји имаат ексклузивно одговорност во полето на образование и стручно образование. Федералниот парламент и федералната влада можат да влијаат врз образовниот систем само преку финансиска поддршка до тие држави. Постојат многу различни школски системи но во секоја држава заедничкото е секогаш Grundschule (основно училиште) за четиригодишен период; или шест години во случајот на Берлин и Бранденбург.

Постотноста на работодавачи со Hauptschulabschluss, Realschulabschluss или Abitur во Германија

5-то и 6-то одделение се состојат од орентациона фаза (Orientierungsstufe) за време на која учениците, нивните родители и учители одлучуваат кои од горенаведените патеки ученици да ги следат. Во сите држави освен Берлин и Бранденбург оваа орентациона фаза е составен дел од програмата на средното училиште. Во Берлин и Бранденбург ориентацијата е вметната во таа на основните училишта. Учителите даваат т.н. воспитувачки (пат) препораки (Bildungs(gang)empfehlung) која што се заснова во сколастични постигнувања во главните предмети (математика, германски јазик, природни науки, странски јазик) исто така и однесување внатре во училницата со подробности и законски импликации коишто се разликуваат во држава: во некои германски држави, тие што сакаат да се запишат во гимназија или Realschule им треба препорака која смета дека ученикот може да постигне успешно преместување до тој тип на училиште; во други случаи кој било може да аплицира. Во Берлин 30%-35% местата во гимназија се избират преку лотарија. Неважно е достигнувањето на ученикот во основно училиште.

Источните држави Saxony, Saxony-Anhalt и Thuringia ги комбинираат Hauptschule Realschule како Sekundarschule, Mittelschule and Regelschule имено. Сите германски земји имаат гимназија како една можност за пооспособните деца и сите држави освен Саксонија имаат Gesamtschule но во различни облици. Државите на Берлин имаат само две видови на школи: средно училиште и гимназија (провери: Образованието во Берлин и Обрзованието во Хамбург).

Англискиот е задолжителен секаде во државата во средните училишта но не е секогаш како прв странски јазик; од учениците во гимназија честопати се бара да научат латински како нивен прв странски јазик. Во некои држави воспитанието со странски јазик започнува во Grundschule (основно училиште). На пример во Северна Рајнска-Вествалија со англиски се започнува во третата година; Бранденбург почнува со англиски или полски и; Баден Виртемберг започнува со англискиот во прва година. Списокот на можните втори и трети странски јазици, како и часовите за задолжителен странски јазик, се разликува од држава во држава. Францускиот, шпанскиот, старогрчкиот и латинскиот се најчесто одбрани како втор и трет странски јазик. Многу училишта исто така понудуваат волунтерски групи за учење за научување на други странски јазици.

Може да биде проблематично во оглед на школските студии за семејствата кои треба да де селат од една до друга држава затоа што постојат доста различни школски планови за речиси секој предмет.

Возрасните кои не завршиле Realschulabschluss или Abitur или не го достигнале неговиот еквивалент имаат опција да посетуваат вечерни часови во Abendgymnasium или Abendrealschule.