мини|десно|Детаљ од зградата на друштвото во Упсала Кралско научно друштво во Упсала () — најстарата кралска академија во Шведска. Има 50 академици и 100 странски членови.

Меѓу првите истакнати членови на друштвото се вбројуваат изумителот Емануел Сведенборг и научникот Андерс Целзиус.

Историски преглед Академијата е основана во 1710 во градот Упсала на иницијатива на универзитетскиот библиотекар Ерик Бенцелиус Помладиот (подоцна архиепископ на Упсала) под името Collegium curiosorum.од латински; буквално: „Колегиум на љубопитните“. Во 1719 името се менува во Societas Literaria Sueciae, а во 1728, со добивањето на кралска поделба, академијата станува Societas regia literaria et scientarium. Од средината на XVIII век установата е позната како Societas regia scientarum upsaliensis. Сè до 1863 сите изданија на академијата биле на латински јазик.Повеќе информации во наводите и .

Состав Академијата има 130 шведски и 100 странски академици, кои се делат на четири „класи“Овој поим се користи како синоним за одделение. Ова е вообичаен поим кај академиите.: „математичко-физичка“, „природонаучно-медицинска“, „историско-археолошка“ и „техничко-економска".Погл. „рубрика организација“ на мрежното место. Со класите раководи управниот президиум, кој е составен од претседателот, потпретседателот, секретарот, потсекретарот и благајникот: кралот на Шведска е почесен претседател на академијата.

Награди Еве краток опис на наградите што ги доделува академијата (од )

Линеева награда Ова е најстарата награда на академијата. Го носи името на истакнатиот биолог Карл Лине. Фондот е воспоставен со средства од неговата сопруга Сара во 1803.

Целзиусов медал Ова е најпрестижната награда на академијата. Воведена е во 1961 и го носи името на научникот Андерс Целзиус. Се доделува на научни работници од полето на математиката и физиката. Добитникод го одбира математичко-физичката класа на академици.

Бергстедова награда Бергстедовата награда е воведена во 1827 со финансии од државниот секретар Ерик Бергстет.

Таленова награда Наградата е воведена во 1902 и го носи името на професорот-физичар Роберт Тален.

Туреусова награда Туреусовата награда е воведена во 1971 со средства подарени од Лили и Свен Туреус. Првично е замислена како еднократна награда, но денес се доделува секоја година по одлука на една од четирите класи во академијата.

Бенцелиусова стипендија Ова е награда наречена во чест на основачот на академијата Ерик Бенцелиус Помладиот. Воведена е во 1980 и црпи од сопствените средства на академијата. Наменета е за млади научни истражувачи.

Поврзано Кралска академија на науките во Стокхолм Упсалска астрономска опсерваторија Упсалски општ каталог

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Научно друштво, Упсала Категорија:Упсалски универзитет Категорија:Упсала